Јас би сакала да има мало невестиче и зетче на свадбата наша.Малото зетче да ме држи за рака мене,а невестичето него Има тпј внук и таман дур да се земиме ке потпорасни,а јас имам мало женско внуче и баш би било прекрасно,некако ми се многу слатки и би било убаво Еве и неколку слики
Кога се мажеше золва ми, јас и мм отсечно рековме дека нема теоретски шанси ќерка ни да биде мало невестиче, баш поради горе наведените причини. Невеста ќе си биде кога ќе се мажи, тоа беше нашиот став. Неколку месеци во текот на подготовките на свадбата и ова прашање беше потегнувано и ставано на дневен ред, дури свеки рече дека таа ќе одела на Битпазар (таму видела невестински детски фустани) и ќе купела, па макар и да не и` го облечеме на малата. Јас не се нервирав толку, т.е. не покажував, ама мм ми се чинеше ќе експлодира. Случајно поминувавме низ трговскиот во Беверли (имавме некоја работа со мм) и во една продавничка видовме детски фустанчиња и едно посебно ни се допадна, не беше типично невестинско, баш беше онака посвечено. За чудо некое имаше бројче и на двајцата ни се допадна како и` стои на малата што ретко се случува, немаме ист вкус. Потоа се погоди да се сретнеме на еден семеен ручек со сестрата на мојот золвеник (тие имаат синче 2 год. поголемно од нашата) и некако женава почна ентузијастички да опишува како би било интересно двајцата да влезат пред младенците и да фрлаат латици од ружи...Јас и мм се погледнавме нема шанси, ама така интересно и ентузијастички, со искри во очите зборуваше и сликовито објснуваше женава што на нас двајцата ни падна некако глупо да ја одбиеме, па ајде за да не излеземе ептен дегени инаетливи попуштивме и така на почетокот на свадбата влегоа децава со латици. Па и не беше толку лошо, слатки беа. Еве го фустанчето на ќерка ми.
Јас бев малечко невестиче на свадбата на вујко ми . Бев само на почетокот, после ме пресоблекоа (барем така е на сликите, јас не се сеќавам, ептен детенце бев). Не се сеќавам на искуството, ама сега се осеќам некако специјално зошто мене ме одбрале . Слики немам да ви ставам, расипан ми е скенерот, тоа во некоја друга прилика. За мојата свадба не знам дали сакам такво нешто, некако претерано ми е, ама кој знае. Здравје јас прво да пораснам, дечко да си фатам, па за свадба има време.
Јас растев како мало буцкасто девојче, со коса до под задникот, па сите во фамилија што се мажеа/женеа ме буквално малтретираа да им бидам невестиче. Прво, ме м'кнеа по фризери, а за таа долга коса што ја имав беше кошмар, второ ме шминкаа, па ќе се фатев за око и ќе се скапев плачејќи зошто ме пече, трето мајка ми шизеше секој пат, ама татко ми кеифот на сите им го правеше, четврто, паметам свадба каде што имав фустан со КРИНОЛИНА и неможев да се мрднам, затоа што обрачот тежеше повеќе од мене, мајка ми ме пресоблече одма после приемот, и партали се направија на сред свадба, така да нема теоретски шанси да малтретирам ниедно девојче ко што ме малтретирале мене! Преслатки се, точно, ама не им е баш се погодено, верувајте!
За свадбата на чичко ми и вујко ми бев мало невестиче хахах. Знам дека не можев да одам од тоа долгото фустанче и си го кревав пред луѓето, да ми ги гледаат гаќичките . Имав венче на главата од бели цветчиња кои по случајност беа слични како бидермаерот на невестата. Имав и бели лаковани чевличиња и многу плачев кога не го фатив букетот
Јас бев на една свадба, подоцна ќе ставам слики. Баш знам сликарите ми правеа „фотосесија“. Иначу еве од свадбата на братучедка ми. Ова се внуците од брат и.
Кога бев мала најголема желба ми беше да бидам невестиче на некоја свадба. Многу ми се срцки. Еве некои сликички.
Јас бев малечко невестиче на свадбата од тетка ми пред 12 години,но само за во црква и влегување во хотел потоа повторно се вратив во нормала со облеката.Според мене е ок и стварно се слатки.
јас сум била мало невестиче но неможам да најдам слика но затоа е ве неколку од братучедка ми која беше неколку пати мало невестиче
јас бев малчко невести4е кај тетка ми на свадба пред 15 години хахахах Здравје Боже и јас на мојата свадба сакам да имам девојче и мом4е облечени како невеста и младоженче. прекрасно
јас сум била 3 пати до сега мало невестиче и бас би ми било мило ако на мојата свадба има сто е мозно повеке малецки невестичиња