Иако се преслатки (нормално, дечиња се ) јас не сакам да имам мали невести на свадба! не знам доколку ме прашаат родниниве што да им одговорам, а да не ги навредам дека не сакам нивното дете да биде невеста, но ако ги донесат такви нема што да правам...
Не ми се допаѓа традицијата во некои делови на МК каде невестичката треба да биде буквално залепена до невестата и се појавува на секоја слика. На една пријателка тоа и го направија и јас бев нервозна а не па она. Значи на сликата невестата младоженецот, јас маж ми и невестичката мислам хелоооооуууу. Иначе девојчево беше комшиско дете На мојата свадба немав невестиче ама не би ми пречело ако тоа е некој од најблиското семејство.
^ееее тоа е претеризам,...како издржала пријателката твоја да не посочи. Се знае, таа може да влезе пред мене во ресторан...на неколку слики од фото сесијата и толку....дури после и во ресторан нека ја преслечат ако не и е удобно на невестичката.Пошто нели интересно им е најпрво на малите,а после на некои им се здосадува-ги гуши дустанот.
на една блиска свадба невестата имаше организирано и мали невестичи и мали младоженци, сите во исто, и стварно убаво изгледаше...ама децава толку си ја имаа сериозно сватено работата што во црква се туркаа едно со друго кое да го носи велот па и го истегнаа од коса, отиде малку и фризурата, се туркаа да стојат и пред кумот и пред старосватот...мн беа досадни! и од тогаш реков јас не сакам вака да ме тегнат и да ми досаѓаат!
Кошмар... Од што знам како ме мачеле, немам намера да мачам друго дете, нема шанси! Ни невестички, ни младоженци, ни ништо. Децата си се деца, нема потреба да се замараат.
Јас бев малечко невестиче на свадбата на тетка ми. Бев пресреќна. Имав 4 годинки и не се сеќавам дами било напорно. Фустанот не ми беше тежок со корпи, го имам постирано кај клинците и клинцезите. И внуката моја скоро беше невестиче на една свадба и многу се радуваше. Јас би имала невестиче, ама само ако имам некоја многу, многу блиска роднина, инаку не.
Вечити противник на оваа традиција! Никако не ми се допаѓа традицијата малечко невестиче и момченце. Има време кога да облечат бел фустан и да играат со својот принц. Како малечки не облечија и мене и сестра ми во бели фустанчиња ама чисто онака, немавме никаква „функција„ и до ден денеска влегуваме во конфлик со моето потесно семејство кога станува збор за ова!