^Денес и ја покажав првата слика на сестра ми и ја иштампа и отиде сега негде да и сошијат 3 вакви исти. Тоа ќе бидат внуката од вереникот и нашите 2 внуки од настарата сестра. Ќе и го носат долгиот фустан. Мене многу ми се слатки и јас би сакала да имам вакви на свадба.
Леле темава кај ви текна Инаку не, несакам вакво чудо на мојата свадба. Сум ги гледала на други свадби и ми оставиле некој глуп впечаток, обично малечково невестиче е центар пажња и и ја зима целата слава на големата невеста Цела свадба се збори колку е најубаво пуфчето, а невестава никој не ја врти. Ама не, јас несакам поради тоа што ќе ми ја земе улогата (патач за внимание), ами ми изгледаат страшно и језиво. Мислам зашто се невестичка и младоженец во мини верзија на свадбата? Што улога имаат? Зашто побогу зашто? Тоа се според мене само збеснати дечиња и аздисани родители без осет, абе не им е језиво да си го гледаат бебето ко невестиче?
Јас имав невестичка и младоженец...прекрасни и интересни беа...обавезно слики ќе ви пуштам. Малиот после го пресоблекоа зошто сепак е помаш и тешко е цел ден со лептир машничка околу врат да биде. А малата, душа даваше за невестичка, прекрасна беше.
Може делам од сите,ама мое мислење е дека не сакам вакви невестичиња на моја свадба,не ми е нешто нај нај целата фама која се крева околу тоа,па ако имам ќерка здравје никогаш нема да ја облечам вака,се знае кога ке и дојде денот