лелее...ко мајка ми да ја слушам.Јас кога бев мала, бев изгорена за да бидам мала невеста, а мајка ми нејќеше да слушне! И така ми викаше...се знае кога се облекува невестински фустан, кога ќе се мажиш ,тогаш! и така бидна,а сега и јас исто би постапила
Внука ми, во преубаво бело фустанче, ала рок невестиче, многу беше модерна, уште да беше мирна ама се вклопи во амбиентот на крај, кога дојдоа на ред рок`енд`рол песничките, откачи малечково
Малечко невестиче ке имам, не по моја желба или иницијатива туку блиски роднини од страна на мм сакале да си ја облечат ќеркичката како малечка невеста... Па нека ја облечат мене лично не ми смета
овој дел беше многу интересен на мојата свадба... знаев само дека ќе имам 1 мала невестичка, а јас си купив многу цветциња за да фрлаат пред нас кога ќе излегуваме... требаше да имам повеќе но откажаа... и кога доаѓа вечерта во ресторанот, гледам 5 невестички, и тоа на луѓе на кои што им немав кажано, леле само колку се израдував... и така имаше кој да ги фрли цветцињата
Ангел, внукат е пресклатка, пре пре пре убава. Мали невестичиња мене ми се многу слатки. Цуцки мали. Другарка ми кога правеше свадба не праша никој за мало невестиче а на свадба се појавија повеќе, не знам баш колку, ама доста беа, сигурно повеќе од 5-6. Качени на маса играат чочеци, абе смешки.
Јас бев мала невеста на свадбата на вујко ми.Имав 6 год. и добро се сеќавам на церемонијата. По три месеци тој се разведе. Но, тоа е негов живот и лична одлука. Мене ми останаа убави спомени и фотографии од таа вечер и по многу изминати години, сега се подготвувам за мојата сведбена веселба
Децата во тие години не се способни да размислуваат и расудуваат што е правилно а што не. Но, родителите и те како се, па затоа сметам дека малечки невести се глупост. Ем ги малтретираат девојчињата, ем им всадуваат идеја како жените треба и мора под дифолт да се убави и дотерани, (уште од младите години). Честопати сум била сведок како родителите ги носат по фризерници, каде им ги кубат косичките виткајќи ги со витлери, терајќи ги да седат во една позиција за шминкање, ставајќи им милиони пудри на лицето, за на крај само да дадам еден скиселен осмех, и да се праам на Тошо демек не гледам мала тетка пред себе. Што знам, јас мојата ќерка никогаш не би сакала да биде малечка невеста. А ниту невеста голема, ако смета дека бракот не е институција која би и пружила љубов и сигурност. Овде се доведуваат и многу други теми под прашање, кои повлекуваат една низа измешани вредности, но не би сакала сега да разглабам за тоа зошто ќе настане хаос од темава. Но, верувајте дека секој мал ваш подвиг, без оглед дали е од забавен карактер, влијае врз психата на детето, врз оформување на нивните гледишта понатамошни. Имајте исто така в предвид дека нивните главчиња се како сунѓери кои примаат се`. Не дека ова ќе предизвика некаква траума кај нив, напротив може и забавно да им биде, но самата идеја сама по себе е според мене тотално безмислена.
Во право си Вале, гледаш јас Барби сум сега, може ми влијаело тоа, па сум се ставила во филм. Среќа не ме носеле на фризер, виткана коса сум имала, само фустанче и црвени ципелки
Нее, во зима беше свадбата и како што беше ладно, а јас бела како снег си добив природно селско руменило.
Јас бев невестичκа на голема свадба на пρва бρатучедκа. Мислам деκа тρеба да се постапува во однос на обичаите за свадба пρи воведувањето невестичκи. Сеκој си има ρазлични убедувања и исκуства во однос на ова пρашање. А, саκам да пρашам, дали неκој знае κаде тρеба да им биде местото, те. κаде тρеба да седат овие деца додеκа тρае свадбата?
Сум била јас, и не ми беше ништо ваау. Како во обичен фустан да бев. Не ми пречат кога ќе видам по свадби така облечени дечиња, слатки се.
Леле темава, бев многу пати невестиче како мала, со држење факели чуда и уживав во тоа, секогаш кога не канеа на свадба одма на тоа си мислев. Имав околу 7-8 години кога бевме кумови и цел ден се утепав од плачење што нема да бидам во невистински фустан, кога видов друго невестиче на свадбата и бев многу лута на кумашинката и не сакав да играм оро до неа ахх детство Здравје наредната година ќе правиме свадба па другарските деца се у план да ни бидат придружба