Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Малечко невестиче

Дискусија во 'Свадба' започната од Elenuskaa, 6 јуни 2012.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ќерка ми беше облечена со 'невестински' фустан на свадбата на братот на маж ми и на свадбата на мојот брат.
    Немаше никакви 'задолженија' :lol:

    Првата свадба беше и ептен малечка. 6 месеци имаше и се' што разбра беше дека е гласно и има гужва и не може да заспие. :(
     
    На Ivonan@ и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.151
    Допаѓања:
    50.529
    Пол:
    Женски
    Внука ми беше мало невестиче :inlove: сличен ни беше и фустанот.:D
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Duhce123

    Duhce123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2019
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    На мојата золва ќерќичката , ни беше малечко невестиче . Имаше 3год.и беше премногу слатка.
    ❤❤
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mia 21

    Mia 21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2021
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Имавме 3 мали девојчиња облечени во бело, не баш во невестински и беа многу слатки.
     
  5. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    3.626
    Пол:
    Женски
    Како да им кажете на блиски од фамилијата дека не сакате невестиче без да се навредат? Другарка ми е ставена пред свршен чин, никој не ја ни прашал туку само и кажале ајде за вашата свадба ќе ја облечеме внуката на младеженецот невеста. Она во никој случај нејќе,вели малечко невестиче подразбирам девојче годиначе,две не шестгодишно дете.
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.117
    Допаѓања:
    36.325
    Пол:
    Женски
    Па и поголеми девојчиња се невестулки. Не гледам тука проблем. Дете од една година не разбира ништо.
     
  7. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    3.626
    Пол:
    Женски
    Да, ама она не сака воопшто мали невестулки. Језиво и е мало дете во невестински фустан. А не сака ни да ги навреди луѓето. Јас ја советував да не се фокусира на тоа, небитно е, она вели ми смета, не сакам, ќе мислам на тоа цела свадба а не знам како да ги одбијам луѓево.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.117
    Допаѓања:
    36.325
    Пол:
    Женски
    Убаво си пиша. И за мене е тоа небитна работа. Извини вака.. Ама не сфаќам зошто и смета? Скоро на секоја свадба има невестички. По тоа што го гледам.. Забавно им е. Разбирам да е нешто поголемо. Ама за ваква ситница може да си направи проблем.
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    5.600
    Пол:
    Женски
    Штом е од младоженецот внука, претпоставувам од брат/сестра или братучед/а, најдобро е при разговор тој да си кажи и да разговара со неговите блиски. Или ако е невестата блиска со нив. Во краен случај да купи фустанче за детето што не е невестинско и да им го подари пред свадбата, со изговор дека сака така детето да е облечено.

    Јас немав на пример никаква замисла за мојата свадба, ни пак некој терав да носи дете така облечено. Е па, куп девојчиња дојдоа во бели фустани. И помали и поголемки. Не ми пречеше воопшто. Деца како деца, ниту нешто посебно правеа, ни пак сметаа во веселбата.
     
    На Miss666 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.117
    Допаѓања:
    36.325
    Пол:
    Женски
    Кај девер ми на свадба имаше невестиче. Внука на јатрва ми. Супер си беше девојчето. Не правеше проблеми. Играше со помалите гости.
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.786
    Допаѓања:
    3.822
    Пол:
    Женски
    Твој ден твој избор им кажуваш не сакам и готово, сакале се навредиле сакале не
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.936
    Допаѓања:
    31.752
    Пол:
    Женски
    Ако толку многу и смета нека им каже. Јас на мојата свадба не ни знаев дека ќе се појават девојчиња во бели фустанчиња. Симпатични ми беа и баш немаше никаква врска како беа облечени. За едно само знаев дека така ќе дојде облечено. И баш ми беше гајле кој како дошол облечен/соблечен или скроз необлечен. Нашаа свдаба беше за јас и мојот маж убаво да се забавуваме. Што прават другите баш ме заболе. И најубаво си поминавме ние двајца, а со тоа ја дигнавме и цела атмосфера па сите се растурија од играње.

    Плус дете од 6 години е уште баш мало дете. Нема никој да се збрка кој е невеста.
    Компромисно решение е ако девојчето носи фустанче во розева/жолтажплава или некоја друга боја или другарката ептен инсистира да нема никакви девојчиња во фустанчиња? Извини ама стварно ми е банална работа кој што ќе облече на свадба. Друга работа е ако девојчето има некакви си задолженија на свадбата што сметаат на другарката или зад ова се крие нешто друго а не обичен фустан.
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    3.626
    Пол:
    Женски
    Денеска зборевме, ја прашав што точно и смета, конкретна причина и вели дека во бело сака да е само она, други бои и фустанчиња со тулови и чуда не и сметаат. Вели, ќе славиме крштевка и венчавка, не сакам покрај ќеркичката што ќе ја крстиме тој ден и други невестулки да има. Тазе мајка е, можда е уште во таа фаза кај што сака нејзината ќерка и она да се единствените во бело. Вели ме ставија пред свршен чин, ни прашаа ни ништо.
    Не знам.. Не сум паметна да дадам подобар совет, а ја гледам дека ептен се нервира.