1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Малиот принц (Антоан де Сент-Егзипери)

Дискусија во 'Книги' започната од ApoLLo, 4 јуни 2012.

  1. ApoLLo

    ApoLLo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    22
    Возрасните се многу чудни. Возрасните несомнено се многу смешни. Така изгледаат тие во очите на децата. Погледнат низ детските очи, светот е енигма, често драматична.

    Читајќи ја книгава ќе се запрашате кој е попаметен – децата или возрасните?

    Малиот принц беше лектира за четврто одделение. Не знам чија “брилијантна” идеја било тоа, но кој и да бил, сигурно не ја видел длабочината и мудроста содржана во неа.

    Едно дете секако не би ги сфатило сите метафори на Малиот принц.

    Ова навистина изгледа како сказна за деца со наивни цртежи, но тоа е книга за возрасни – во неа ќе видат што сè заборавиле низ годините: заборавиле да се радуваат, заборавиле да ги забележуваат сите убавини на светот, заборавиле да се восхитуваат на цвеќињата, на ѕвездите и деновите. Заборавиле да се чудат и да прашуваат. Кога некој нешто ќе ги запраша, даваат нејасни одговори, зборуваат за нешто сосем друго.

    Малиот принц никогаш не се откажува од своите прашања. Светот на возрасните е полн со кралеви кои сакаат да даваат наредби, вообразеници кои сакаат само да бидат обожавани, пијаници кои пијат за да го заборават срамот од пиењето, бизнисмени кои се толку зафатени со она што тие сметаат дека е важно, што забораваат на вистински важните работи... Да, возрасните се навистина многу, многу чудни.

    Оваа сказна нè учи да се вратиме на вистинските вредности.

    Еве ја сега мојата тајна. Многу е едноставна: човек гледа добро само со срцето. Најсуштественото е невидливо за очите.
     
    На V.odolija, blonde_supergirl, Cvekjence и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Малиот принц - (Антоан де Сент-Егзипери)

    Mногу досадна книга..

    Може не сум ја сфатила, али досадна ми беше ја читав дури во 4то одд..
     
  3. Bellatrix

    Bellatrix Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    26
    Малиот принц - (Антоан де Сент-Егзипери)

    Една од моите омилени.
    Детска книга наменета за возрасните кои со текот на годините ги забораваат вистинските вредности и убавини на животот.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Малиот принц - (Антоан де Сент-Егзипери)

    Преубава книга која дефинитвно не треба да се чита на 10 години, туку некоја година подоцна. Од искуство, откако ја прочитав после толку години сфатив што всушност значи во еден обичен шешир да видиш змија која голтнала слон.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Малиот принц - (Антоан де Сент-Егзипери)

    Оваа книга ми се допаѓа бидејки, им се допаѓа на ликовите од мојата омилена книга... :rofl: Сложена работа... :o Кога ја прочитав книгата за прв пат имав 8 годинки, ја читав цел месец, и ништо не сватив, кога ја читав на 10 год ми изгледаше многу досадна, а и само првите страници ги сватив, кога ја прочитав мојата сега омилена книга, видов како се цитира Малиот Принц... Не препознав ни една реченица (тие што се цитираа беа уметничко дело, но во М.П не ги забележив) поточно сакам да кажам, покрај глупиот начин на изрзување, (дете што паднало од мала палнета.. :x ) сепак има убави пораки... :!:
     
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    - Then i would never talk to that person about boa constrictors or primeval forests or stars I would bring myself down to his level i would talk to him about bridge and golf and politics and neckties and the grown up would be greatly pleased to have met such a sensible man.

    - Grown-ups love figures. When you tell them that you have made a new friend, they never ask you any questions about essentail matters. They never say to you, “What does his voice sound like? What games does he love best? Does he collect butterflies?” Instead, they demand: “How old is he? How many brothers has he? How much does he weigh? How much money does his father make?” Only from these figures do they think they have learned anything about him. - многу битно!

    ... Змијата е таа која не обвива и не проголтува. Таа, бидејќи често не победува, станува наше лице, токму тоа кое го презентираме пред јавноста. Тоа сериозното! - кое често е строго, напати злобно бидејќи се прави цврсто и без емоции. Слонот е пак нашето примордијално девствено јас. Детето во нас, она кое не треба никогаш да порасне и да се преобрази во непријатно суштество.

    Планетата на малиот принц е мала и далеку скриена или некогаш и невистинита за другите луѓе бидејќи исто толку мало е и делчето кое се наоѓа во нашата душа, а истото се однесува на заборавената наша голема и слободна насмевка, на нашето исконско јас подарено од "Бога", на она јас кое не треба да се избегнува и непочитува. Бидејќи со таквото избегнување ние ја препуштаме змијата да влезе во планетата и да владее таму.

    На планетата на принцот има добри и лоши невидливи растенија, добри и лоши virtues. Наше е да се определиме кои од нив и колку длабоко ќе ги оставиме да созреат во нас самите. И наше е тие лошите да ги согледаме и прифатиме, но не и да ги негуваме. Тие треба да ги насочиме кон создавање на нешто конструктивно. И да се ослободиме од нив на некој креативен или сублимирачки начин............
     
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Сигурно сега да ја читам, многу ќе ми биди убава, ама кога ја читав во 3-4то, ми беше предосадна, преглуа, неразбирлива ...
     
  8. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Jас кога ја читав во 3-4 одделение пак ми беше интересна. Од тогаш не сум ја читала, ама ја имам и пак ќе ја прочитам и сигурна сум дека многу работи ќе ми станат појасни. :)
     
  9. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Една од најдосадните книги ја читав во 3одд. можеби и возраста не ми била содветна но во 4то лектира ни беше и јас појма нема за шо се работи во книгата чита,читај,читај и ништо да не запамтиш ај сега пак ќе ја читам па да видам дали ќе ја разберам :D
     
  10. Angel.m49

    Angel.m49 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Прекрасна книга што не треба да се чита во 3 или 4 одд., туку малку подоцна. Ова е книга што се памети и кога човек станува возрасен, зашто е напишана како за деца, ама за возрасни...
     
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Единствената книга за која можам да кажам дека колку и да ја препрочитувам секогаш ќе ја доживувам како "ново книжевно откритие",сказна-водич низ животот на возрасните.Иако е мала планетата на малиот принц мудро ги открива вистинските човечки вредности и животни убавини на кои заборавивме во суровата реалност.
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Оваа книга ја имам дома, ја читав и кога ни ја дадоа како лектира а ја читав и подоцна, кога пораснав и кога почнав поинаку да перцепирам и размислувам. Некои нешта кои претходно не ги разбрав од книгата потоа почнав да ги сфаќам. Книга која не е за секој, на некој ќе му биде ужасно досадна а на друг интересна.
     
  13. nirvana18

    nirvana18 Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Дали знаете која е метафората во оваа книга?
     
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Оваа книга ми е ....Бог да чува. 3 пати ја читав кога ми беше лектира и на крај и реков на учителката дека ја прочитав ама ништо не разбрав и згора на тоа дома кога си дојдов добив ќотек зошто сум вложила труд а сум рекла дека не ја разбрав
     
  15. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Во општество полно со гордост, суета и лажни вредности, оваа книга ќе ве потсети на важноста на љубовта, пријателството, одговорноста и приврзаноста во градењето на подобар живот, а со тоа и на подобар свет.
    На почетокот, нараторот, кој раскажува во прво лице, се навраќа на своите први цртежи и на неуспешниот обид да биде сликар, по што станува авијатичар. Поради дефект на авионот, тој е принуден да се спушти среде пустината Сахара каде што ќе го сретне малиот принц, кој на Земјата е дојден од друга планета, астероидот Б 612. Особено важни се меѓупланетарните патувања на принцот, кои отвораат цела галерија портрети на луѓе, што својот живот го посветиле на безумни цели: крал кој управува со илузорна империја, вообразеник опиен од суета, бизнисмен занесен со сметање на ѕвезди итн. Кога веќе еднаш стигнува на Земјата, принцот се соочува со уште една група симболи, кои се во улога на подучувачи и морализатори. Се чини дека најважна од сите е лисицата, која на принцот му открива една голема тајна, која како да ја носи суштината на целото дело:

    „…човек гледа добро само со срцето. Најсуштественото е невидливо за очите.“
    И така, принцот доаѓа до сознанието дека времето што го загубил за неговата ружа е она што ја прави толку значајна и поразлична од многуте расцветани ружи во градината, кои иако убави, се неприпитомени и празни. Кога недостигот од вода во пустината станува алармантен, принцот му го открива на пилотот неисцрпниот извор, богатството што секој го носи во себе. Наскоро доаѓа часот на нивната разделба...
    За да ја открие смислата на животот, малиот принц никогаш не престанува да поставува прашања. Авторот, усогласувајќи го својот светоглед со штедрата фантазија на детето, ја наоѓа волшебната формула за излез од агонијата на еден свет, лишен од вистинските вредности, каде владее грубиот рационализам и извештаченоста на возрасните. Преку ликот на принцот, се оживуваат квалитетите и доблестите, кои му даваат смисла и содржина на животот. Тој лесно стекнува пријатели, чесно ги исполнува обврските, има храбро, благородно срце и разумен поглед кон светот. Трудољубив е, постојан во својата приврзаност и без алчни или агресивни стремежи.

    Едноставноста на раскажувачкиот тон, езотеричниот јазик, ненаметливоста на репликите и навидум наивните цртежи и акварели, се оние што ја кројат необичноста на „Малиот принц“, за кој несомнено се можни безброј интерпретации. Ќе уживате во едноставниот стил на кој е напишана книгата и ќе ве натера да се запрашате дали можеби и вие несвесно сте станале дел од грубиот, рационален свет на возрасните, целосно отуѓени од детскиот светоглед. Ќе ве натера да се преиспитате и да сфатите дека чувството на пожртвуваност, одговорност и солидарност во остварувањето на одредена хумана цел, му помагаат на човекот, најпрвин да стане господар на самиот себеси, а потоа во заедница со другите луѓе и господар на целиот свет...Е.Јакимовска..
     
  16. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    „И секогаш ќе те сакаат?“, „Не“, одговорила розата, „Еден ден ќе овенам и ќе престанат да ми се воодушевуваат“. „Чудно“ - одговорил Малиот Принц, „Да си ти моја роза, јас би те сакал и тогаш“... „Зборувањето е извор на сите недоразбирања“... „Она што ја прави пустината убава е сознанието дека некаде во неа се крие извор“...„Од секого треба да се бара само она што може да ви го даде“.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Matea Ballerina

    Matea Ballerina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    510
    Пол:
    Женски
    Најлошата книга што некогаш сум ја прочитала
     
  18. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    20.843
    Најубавата книга која секогаш кога имам шанса ја читам повторно и повторно, или барем делови од неа.
    Ја читам на оригиналниот јазик на француски и така е најубава.
    Дефинитивно тоа не е книга за деца од десет години, еве погоре читам досадна им е.
    Во неа има такви мигови за кои сфаќаш дека како возрасен човек навистина си ги заборавил вистинските вредности на некои работи.Секоја една приказна носи порака.Чудесна и прекрасна книга.

    Омилени "Мудар си тогаш кога сам на себе ќе знаеш да си пресудуваш правилно"

    "Тоа што е најважно не може да се види со очите,туку со срцето"

    "Ништо не е совршено" - разговорот на малиот принц со лисицата. :)
     
    Последна измена: 22 јуни 2018
    На poenta, Espadrila и Mishela им се допаѓа ова.
  19. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.914
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    Омилен ми е делот со лисицата :inlove:

    Зборувањето е извор на недоразбирања.
     
    На Писана и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Најчитаната книга после библијата.
    И моја омилена.Полна со симболика, универзални пораки и желба за негување на внатрешното детенце во секој човек.
    Да знам француски би ја читала француската верзија.:)
     
    На Писана му/ѝ се допаѓа ова.