Мали делови кој ја прават собата совршена... Не знам точно на какви делови мислиш, па ајде ќе ти одговорам, како што сум си сфатила. Убаво ми е кога во соба има големо огледало, така целата да си се огледаш кога ќе се облечеш И рамки со различни слики, од себе и драги личности Постер од омилениот пејач. Испишани листови со поуки за љубовта, успехот, среќата... И безброј плишени играчки П.С имаш грешка во насловот, наместо „кој“ треба да стои „кои“
Мали делови кои ја прават собата совршена... Можеби некој перничиња, украси (но не во голем број), цвеќе, рамки со слики од најблиските, интересни прекривачи за гарнитура или кревет, убави завеси и такви ствари [
Мали делови кои ја прават собата совршена... pa ne znam dali se bash mali, ali jas bi preporacala nekoi mnogu fancy tapeti, pozz
Мали делови кои ја прават собата совршена... Деталите се најважниот дел... без нив неможе да биде комплетно. Убаво уметничко дело, вазна, некој старински предмет, ламба, огледало, убав лустер, полица со книги, собно цвеќе, завеси со убави драпери... Секако ништо пренатрупано, со стил. А ви текнува ли нашите баби како ги украсувале собите, со милиња, гоблени, во витрините филџани
Девојки сликите што ги постирате се прекрасни, само што не верувам дека некој може да си дозволи собата да си ја направи таква, дајте некои поизводливи предлози
Сликите се наменети за конкретни детали (завеса, вазна, статуетка, полица, навлака за перниче, огледало со некоја интересна рамка, витраж кој можете и сами да го нацртате на обична тегла или парче стакло или огледало од Битпазар за 100 денари), а не за собата комплет. сите тие работи можат дури и рачно да се изработат. Инспирација се добива од големи нешта. На крајот на краиштата не се неизводливи овие ентериери. Кога би градела ти сега куќа или би се вселувала во нов стан и да треба да го уредуваш од нула, сигурно ќе го уредиш по твој вкус, нешто што ќе ти се допаѓа. Башка, денес има столарски работилници на секој чекор кои изработуваат мебел по нарачка, каков што ќе посакаш (се од ова погоре прикажаното на сликите) и не се воопшто скапи. Плаќаш за материјалот (медијапан, дрво, иверица, метал.... што и да е), за работна рака не земаат многу и ете ти! Имаш ново парче мебел како од каталог!
Детали-па не би рекла баш дека сум некој љубител на полно ситници кои би го пренатрупале просторот,повеќе сакам минималистички мебел и можеби затоа сликиве што ги гледав не ми оставија некој впечаток. Како и да е,јас обожавам ароматизирани свеќи,кои освен што се многу пријатни и како детал изгледаат убаво,барем сега ги има во мал милион бои и форми.Ми се допаѓаат исто така сувенири од африканската цивилизација, да не ги заборавам овие бамбусните постелки за масички , потоа арома стапчиња во убаво садче и секако старите добри рамки за слики.Ете отприлика тоа се некои детали кои мене лично ме восхитуваат,не се бог знае што но ми носат некоја смирувачка енергија
jas od stara bluza (plisana) si isekov srcinja-pernicinja vnatre gi napolniv so stari corapi(iseceni na parcinja) i potoa gi ukrasuvav so snoli, masnicki i sl em lesno em eftino i spored mene najvazno gi NAPRAVIV SAMA
Обожавам свеќи, обични се и одговараат на секаков ентериер.Пред недела дена си купив ароматизирани и толку ми се убави на око, што дури мака ми е да ги запалам