Мама ваквите работи ги вика ситниручуфки а ваквите ситниручуфки ги обожаваам Свеќи разнобојни, цвеќе, украси, перници, кошници за списанија или нешто слично, интересни плишани мечиња низ соба, интересни завези, тепих во разни форми, цвеќенце, интересни тапети, рамки во разни форми, РАЗНОБОЈНООООООООО ИЛИ ВО СТИЛ.. се изнабројав ама сакам кога има повеќе работи.. ова е многу интересно незнам од каде го видов, ама дефинитвно кога ќе си имам сопствена куќа ова ќе го ставам негде во дневна, ходник, незнам
И најситните детали го прават попријатен домот http://www.domistil.mk/imgs/articles/fo ... vaze02.jpg http://www.domistil.mk/imgs/content/con ... raski9.jpg http://ohjoy.blogs.com/.a/6a00d8341c6a0 ... 970c-800wi http://ohjoy.blogs.com/.a/6a00d8341c6a0 ... b97970b-pi http://ohjoy.blogs.com/.a/6a00d8341c6a0 ... ea6970c-pi
му велев на моите да ставиме тапети дома но ѕидовите ни се сега брзо варосани , нека поминеле 1-2 години па после ..едвај чекам еве некои мои примери
За мене најубава декорација за собата се свеќите и различните сталажи. Многу сакам свеќи, во секакви големини, бои и мириси. Едноставни се, а многу можат да променат во собата. Денес секаде може да се најдат, и тоа во милиони форми и бои. Понатаму, перничиња. И овие ми се многу слатки и изборот е неверојатен. Само неколку да нафлате на креветот, или каучот одма имате нов изглед. И за крај ќе го додадам сувото цвеќе. Само една мала вазна, или на крај крева чашка со интересна форма, и во неа китка суво цвеќе делува многу убаво.
Најдов неколку интересни рачно изработени декорации, за да можат навистина да ни бидат од корист. Еве прилика секој од нас да си направи некоја своја декорација Интересни свеќници! Облечени чашки кои ќе служат исклучиво како декорација без никаква друга намена Повторно тегла но овој пат за некоја штосна вазничка за цвекиња Еве што можете да направите со старите еднобојни не употребливи чинии (можете да направите празнични декорации на пр. за Нова Година или Денот на вљубените. По ваш избор
Обожавам ситници..не сакам кога собите се празни и геометриски..некако многу ми е студено..Вакво нешто ми е совршено за разбивање монотонија