Интересни перничиња, украси, рамки за слики, миризливи свеќи, високи вазни со суво цвеќе, тапети, огледало, малечки сијалички вградени во таванот
Секоја соба во домот треба да биде приказна за себе...Во секоја соба треба да внимавате пред се на боите...На примре: Во спалната соба боите да бидат земјени и релаксирачки меѓу кои можете да ја вметнете и сината боја, детската соба нека биде по желба на дечињата за да уживаат во неа: во дречливи бои, со цртежи на ѕидовите, многу полици, играчки, книги и многу светлина затоа собата со поглед на југ или југоисток, направете ја собата за вашите најмили!!! Во никој случај тие не треба да го поминуваат времето во соба која гледа на запад или север бидејќи се ладни, темни и често влажни соби. Дневната соба треба да биде исто така интересна, светла и екстравагандна. Одберете две до три бои и правете комбинации со нив!!! На пример црвена, бела, сива и сина, доколку немате голем буџет, убавбо воочете кои бои преовладуваат во собата и постепено почнете нештата кои не се вклопуваат да ги земенувате со нови. Внимавајте и на стилот, ако е стилот старински, и тоа е интересно, па не вметнувајте некои предмети кои не се совпаѓаат, едноставно држете се во тоа ниво!!!
Слики на ѕидовите, цвеќиња, меки фотељи, перничиња и мали мечиња на креветот, пуфкаст тепих... едноставно работи кои нас ни се убави и не исполнуваат ке ја направат собата совршена ако не за другите барем за нас
Мојата соба е како да експлодирала бомба со разни бои во неа. Главните работи(ѕидовите, тепихот, столчето, шкафчињата итн.) ми се плави, а сите други детали се шарени и тоа и дава топлина на собата.Обожавам плишани мечиња, шарени перничиња, свеќи во разни бои, мали сувенирчиња...