Четвртата ми е многу убава! Само сликата над креветот би била од мене баш ми е кул телевизорчето, креветот и куклата за модели. Прекрасно!
Малите детали можат навистина многу да ја надополнат собата, ама се треба да биде до одредена граница, затоа што ако се претера може да изгледа пренатрупано и кич. Отсекогаш сум сакала тапети за во соба, ама во мојата ѕидот не е глетуван, па не можат да се стават. Тапетите можат многу поубав изгледа да и дадат на собата. Не мора да е излепен целиот ѕид, доволни се само двe-три парчиња, или некоја интересна налепница. Спојлер Секоја девојка во својата соба треба да има едно големо огледало за да се огледа од глава до пети Огледалото може многу да ја украси собата, особено ако има некоја интересна рамка. Моето нема рамка, затоа што имам многу мебел во собата, па некако ми беше too much. Затоа пак му залепивме налепници во форма на срциња на горниот крај и убаво дојде Исто така убав детал се неколку помали огледала закачени на еден ѕид. Спојлер Едноставни слики Спојлер Миризливи свеќи Моите стојат на помала масичка која ми врши голема работа кога ми доаѓаат другарки. Изгледаат многу убаво во различни големини и бои Спојлер Интересните прекривки и перници на креветот, фотелјата можат многу убаво да изгледаат Спојлер И Еве како предлог идеја - ние со сестра ми ги одбравме нашите најинтересни фотографии од кога сме биле мали, и ги закачивме на морска пена која на обоивме во праска боја, исто како ѕидот. Потоа ја украсивме со испринтани цветови и многу убаво дојде.
http://www.flickr.com/photos/fotoedge/306511576/ http://www.flickr.com/photos/memitherainbow/4682637129/
Во последно време ваквите кутии ми се број 1. Добри се за декорација, а собата ќе ти биди поорганизирана
Па би рекла дека тоа се пред се светилките, оние малите кои се ставаат на ѕидовите за да даваат некои посебни ефекти со светлината. Рамки со слики, вази со цвеќиња, слики на ѕидовите и то е
Јас си најдов занимација деновиве со еден наш стар, дрвен телефон. До пред 7-8 години, се уште ни стоеше во ходник и функционираше, ама моите го тргнаа. Стварно не знам зошто. Го најдов пред некое време, па го земав за да го средам. Беше полн со прашина, па откако прво убаво го исчистив со крпче, го премачкав со политура, а пластичните и металните делови ги поминав со памукче натопено со алкохол. Убаво ги заштрафиф штрафчињата, а онаму каде што фалеа - ставив нови. Го средував и ц'цкав 3 дена, ама супер испадна. Телефонот е стар повеќе од 25 години, ама одлично е сочуван и ако го поврземе, сигурно ќе функционира. Најдов црвенкасто кружно чаршавче, па го ставив во ходник врз шкафчињата со кондури. А бидејќи ѕидовите во ходник ни се обложени со кафена плута, одлично се вклопи. Плус бапнав една голема уметничка слика врз телефонот. Па помини - замини низ ходник го меркам, супер дојде. Потсеќа на некој стар стил. Освен тоа, на сите им е интересен. Кој и да дојде не прашува од каде сме го купиле, а маливе нон стоп го чепкаат. Нашиот е многу сличен како овој на сликава, со тое што бројките се горе кај слушалката. И ете ти интересен детал