Здраво женски, јас сум Наталија и кога веќе имаме тема за миленичиња сакам да објавам дека имам lagotto мажјак и сакам да му најдам "девојка" за парење,ако на некого го интересира што како нека ми пише,ви благодарам )
Барам кученце на подарок со мал раст. Пишете ми ако знаете некој што да дава или некој линк ако сте сретнале по нетов.
Барам малечко пекинезерче, до 2 месеци, не ми игра никаква улога полот, и да биде цената од 50 до 70е, по можност да е од Скопје или околината, за да можам да го земам. Ве молам девојки ако имате или познавате некој да продава, би ве замолила за информација, стварно ми е итно, ми треба како подарок за роденден. Благодарам.
Здраво, барам машко персиско маче или ангорче за чување во домашни услови. Ве молам ако знаете некој да подарува или продава известете ме
Во џамбо имаш голем избор, тие не мочаат, какаат и не бараат јадење, а и поефтини се. Мислам најдобар подарок би биле.
Види Папи, значи не се зезав воопшто за тоа, се работи за драга личност на која пред неколку месеци и почина пекинезерчето од старост, знам дека личноста би дала се за ново, така да немој многу да зборуваш ако не знаеш за што се работи. Плус ја пишав таа цена бидејќи секаде толку им се движат, доколку и за тоа имаш замерка. Те читам и на другите теми во врска со животните, љубител сум исто како тебе, и не чувам едно, туку 3 кучиња (од кои едното е веќе 17г, ако се прашуваш како ги гледам тие кучиња, очигледно супер штом живеат толку), во домашни услови, две од нив не се со педигреа како Беки но секако се членови на семејството како и на тебе она, океј? Не биди толку арогантна и немој да судиш ако незнаеш, од мала сум растена со кучиња, знам дека не се играчки кои се тука да на некому помине меракот и после да го фрли. Фала многу, чао пријатно
Човек нека има 20 години искуство со кучиња, пак нема да биде способен да се снајде ако некој му тупне куче како гром од ведро небо. Ако личноста би дала сѐ, тогаш може се спремала за ново, зашто 50 евра за куче се ништо, а претпоставувам и нема да зема некоја џиш скапа храна за да го храни (како повеќето од луѓето во државава). Кучето НЕ е предмет за да биде подарок, тоа се обидов да ти кажам, НЕ дека ти или личноста на која и е роденден не сакала кучиња и сте немале никакво искуство со кучиња.
Самата таа бара веќе пекинезерче, но никаде моментално нема легло, а и се ближи роденден, зошто да не се обидам јас да и го најдам ако можам и да ја израдувам за роденден? Во врска со цената, таа е, види на секој оглас од поодамна што е ставен на сите страници, немам намера да се расправам, ако можеш да ми помогнеш со информација, помогни ми, не сум тука да полнам офтопици, само побарав тоа што ми треба, како и сите тука.
Пекинезерите се нa секoј чекoр кaј нaс, пo oглaснициве дoстa ги имa, не знaм кaкo не сте зaбележaле... А, вистинскa ценa нa еднo рaснo куче чие здрaвје е гaрaнтирaнo и пoтеклoтo му е пoзнaтo (т.е. имa педигре сo пoзнaти предци) и е изрaснaтo oд регистрирaнa oдгледувaчницa не е пoд 500 еврa. Незaвиснo кoјa рaсa. Сaмo штo тукa е реткoст некoј дa изрaсне и дa прoдaде прaвилнo кутрињa. Ги прoдaвaaт нa 40 денa сo еднo aпче прoтив глисти применo, пoрaснaтo нa леб и млекo.
Буквално ги пребарав сите огласи за пекинезери на пазар3, реклама5, врапче, секаде кај што знаев, се јавував и на броеви кои имаат оглас дадено дури и пред 3 месеци дали имаат легла. Единственото понудено е машко пекинезерче, 70е, ниту прочистено, ниту примено барем прва вакцина, сум требала јас да го сторам тоа, би секако, не е тешка работа и “нормално“ со слика каде што мајката ги дои малите на слама, еве посочи ме, каде да барам, бидејќи мислам дека поминав и сито и решето. Факт е дека неможеш да најдеш миленик што е чист, со педигре (дури и педигрињата се продаваат на пазар3, ги купуваат сосем други луѓе и се заебува расата во буквална смисла), посебно не сум видела пекинезер кој се продава со педигре, барем јас ете. Не велам дека сите го прават тоа, но повеќето го прават, се парат миленици во крвно сродство или со мелезари со цел повеќе пари, и ништо повеќе неможе да гарантира дека еден миленик со педигре е здрав, прав, изложбен примерок со такви предиспозиции кои се совршени за една раса (освен одредени одгледувачници, кои навистина си го заслужуваат името одгледувачи) . Да не се размуабетувам, ако знаеш кај има, посочи ме, би ти била благодарна.
Oдaмнa е изгубен квaлитетoт нa пекинезерите вo Мaкедoнијa, нaјблиску имaш вo Србијa или Грцијa, нo не oчекувaј ценaтa дa биде нискa или пaк кучетo дa биде пoд 4 месеци. Кoлку пaри тoлку музикa. И еве, мoевo куче не пoтекнувa oд oдгледувaчницa, бaбaтa и тaткoтo се oд стрaнствo увезени, a ги знaм сите предци спoред изглед и сите се шaмпиoни. Немa инцест, тoтaлнo рaзлични предци имaaт мaјкaтa и тaткoтo, мaјкaтa имa лoвџиискa крв, пa сите нејзини предци имaaт скенирaни кoлкoви и лaкти и сите имaaт HD-A, ED-0 (немaaт шaнси дa дoбијaт дисплaзијa нa кoлкoви и лaкти). Сигурнo сум нaшлa детелинкa сo 4 листa претхoднo.
Како што кажав, има исклучоци, но зборувам за повеќето луѓе кои се нарекуваат одгледувачи, знаеш и сама дека е тоа така како што го кажав, никој не гледа да ја продолжи расата таква каква што е, се работи за профит. Не ме интересира цена, овде ја наведов како таква бидејќи толку им се движеа по огласите, ме интересираат кучиња, чувам како што кажав, не сум се заинтересирала за раса пекинезер така да незнам колку им се цените, но дојдов и на тоа, ете.
Еве ти некои огласи па прашај си http://baralo.mk/index.php/2014-06-...rodavam-kralski-pekinezeri-preubavi-mali,4469 http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1870135 Само да знаеш едното е 100е ,а другото 200е а овие http://www.pekingesen.de/ се 600е
Девојки ве молам за помош..барам женка злљтен ретривер за парење. Мажјакот ги има сите потребни документи и е од одлично легло стар е 1ипол.. Ве молам помогнете ми итно е пишете ми лп сите вие коишто имате некоја коридна информација во врска со овој оглас.. Киссс