Не се разбравме најверојатно,за германски шпиц кажав до 1000 макар и 12,инаку гледав низ пазар3 и има до таа цена ама кој веќе го продале и не доволно огласи за тоа куче затоа тука пишав....а за чау чау не мислев за таа цена... пошо знам дека се тука кај нас по 500 евра,ама прочитав дека некој ги увезувал од србија и ги продавал по 250 евра затоа прашував.
Немој никако да земаш од тој што ги увезува од србија, зашто најчесто(секогаш) ги земаат од фарми за кучиња одгледувани во ненормално лоши услови.
Мислиш од било каков човек од србија што увезува или конкретно од членот на форумот што напиша дека увезувал?
Било кој. Најдобро најди некоја одгледувачница, тука или надвор од земјава, види ги родителите и педигреата нивни, сосе педигрето на кутрето, здравствената книшка и сл. Одговорен одгледувач не ги дава кутрињата порано до 2,5 месеци. А, и пред да се одлучиш за куче контактирај повеќе одгледувачници и прашувај во какви услови ги чуваат, со што ги хранат, прашај за слики од условите во кои се чувани кутрињата... Секако, одговорен одгледувач би се интересирал и би прашал и ти како планираш да го чуваш и би те упатил во расата и грижата за истата.
Незнам кој е човекот на форумов што увезува кучиња, јас лично не им верувам на тие, се додека не испитам сама и не добијам лично од одгледувачот инфо не донесувам одлука, но и нормално за такво куче ти треба и подлабок џеб. Јас би ти рекла да си земеш германски шпиц(каков?)од МК некој одгледувач одколку да земеш од увезувач, и би ти рекла да почекаш и да прибереш барем 250 евра со цел да си купиш квалитетен шпиц , квалитетен мислам на здрав, одгледуван во правилни услови, со вакцини примен педигре, итн. Сепак тоа е мое мислење , ти ќе си одлучиш сама што ќе правиш. п.с. Каков германски шпиц сакаш, може знам луге што продаваат, па да те посочам за да се информираш за цена?
Еве сега бев да го видам кученцето и вакво е баш пуфкасто многу убаво ама сепак се мислам што да правам сеуште.200 евра е Инаку јас знам еден германски шпиц,незнам постојат повеке врсти германски шпицови???
Ако може мала помош да му најдеме дом на срценцево.. Се подарува преубаво, весело и разиграно мало 3 месечно женско кученце од мајка мини пинч. Кученцето ќе го добиете прочистено од надворешни и внатрешни паразити, со пасош за примена вакцина и една ревакцина (за целосна заштита потребно е уште едно ревакцинирање). Кученцето ќе биде со мал раст и со кратко крзно, идеално за чување во домашни услови. Контакт во порака или на телефон 078 312 836. https://m.facebook.com/groups/414405195345121?view=permalink&id=933277506791218
Девојки дали некоја од вас ќе патува од Струга/Охрид накај Скопје после велигден, да излезе во во пресрет да превезе едно мало маченце кое си најде дом таму? Доколку има нека ми пише порака
Дали некој/а сака да ја вдоми оваа премила женка ретривер? Кучето е напуштено од сопствениците и оставено на улица.
Луѓе мислам дека имаше тема за помош на животни ама сега не можам да ја најдам па затоа овде ќе напишам бидејќи е многу итно!!!!!! Најдени се денес три многу малечки кучиња, два-три дена стари. Буквално пробаја се волонтерите и никако не можат да јадат од шприц или шише- премалечки се му е потребна мајка! Ве моламммммммммм ако некој има мајка доилка во Битола да помогни! Иако не е сигурно дека ќе ги прифати друга доилка ако не се најди најкасно до утре вечер кученцата ќе починат! Буквално само недела две е потребно со кучка да се мааалце да подпораснат после одма ќе ги земиме назад! Ве молам!
Продавам зајчиња мајка теди раса, татко лавја глава. Мили нежни, три бели со плави очи и едно сивко со белo, полот не им го знам сеуште. За недела и пол ќе може да се земат, кој е заинтересиран нека ми пише во инбокс, цена 600 ден.
Се подарува ангорка, 3 и пол недели стара. Најкрупна и најнапредна е од цело легло. Се топи и преде кога ќе ја држат во раце. Можете да ја резервирате и да ја земете после 10ти јуни.
Пријателчиња, имам чистокрвен црн пит бул мажјак, 3 ипол години, од познати родители - борачи (јас не го борам, отмен момак е мојот ) Барам женка за парење. Ако има некој женка, нека пише и ако може нека пушти слика
Пак да ја промовирам принцезата, Се подарува: Родена е на 21 Мај, женка, целосно бела со мала флека околу носот, скоро повеќе над устата, сосем бледа скоро незабележлива. Пуфкаста е, многу е мила и малку плашлива. Очите ѝ менуваат накај зелено. Ќе бидам многу среќна ако некој можи да ја вдоми зошто јас неможам да чувам уште една мачка колку и да сакам една плус. Можи да ај добиете од Битола.