ITNO se prodava angliski buldog 3 ipol meseci masko prisposobeno za domasni uslovi so steknati fizioloski naviki, vakcinirano procisteno.
Алергијата со тек на време исчезнува (не подолго од месец-два), имуниот систем "се навикнува" на антигените (алергенот). Јас сум од дете алергична на животински влакна и птичји пердуви па цел живот сум со животни дома. Првиот месец ќе издржам да помине алергијата и да се навикнам на животинчето и после сум супер. Ама интересно е што организмот се навикнува само на животинчето со кое сме во постојан контакт. Од сите останати животни пак ми се јавува алергија
Сакам да купам мало кученце од расата златен ретривер или лабрадор.Ако знаете некој што продава,пишете
Другарка што чува хималајска мачка ме замоли да прашам дали некој од вас има или знаете некој кој има хималајски мачор за парење. Доколку има ќе ве замолам да ми пишете. Благодарам.
Прашав и во друга тема, знаете каде можам да купам германски шпиц, померанец , малтезер или сличен тип на мали кученца? Барав на пазар3 и други страни меѓутоа ништо нема... Итно ми е
Имам три црни и три бели мачиња. Колку што можам со мојот "професионализам" да видам, едно од црните е машко, се друго женски. Ставам слики во темата за миленичиња како што вадам поубави слики од нив, ако некој/а е заинтересиран/а нека ми пиши порака. Белите се со недела- две помали од црните, уште се плашливи, а црните се веќе доста добро привикнати на луѓе. Уште им немам дадено апче за глисти зошто се плашеа и жал ми беше да ги тормозам ама сега и тоа ќе биди. За надворешни буби секој ден си ги прскам и чешлам. ⌒.⌒ ^o^ ♡.♡
Не знам колку прашањево ми е соодветно за овде, но од темите кои ми ги даде во срч барот оваа тема сметам ќе заврши работа. Сакам да земам мало куче, околу еден месец, не поголемо, ретривер или златен ретривер, но притоа да биде дресирано и вакцинирано. Претпоставувам дека тоа може да го најдам во домовите за миленичиња или слични друштва и установи. Но не знам каде да барам. Препорака или совет каде би ме упатиле? Ќе ја означам @Papillon.Papi , се надевам на мала помош.