Сакам да вдомам машки лабрадор, некои да подарува? Имаше на фб во една група дека имаат легло лабрадори им пишав порака ама сеуште нема одговор. Многу ги сакам тие кучиња
Кој е заинтересиран за вдомување на мачиња (3 се женски, а 1 е машко), нека пише тука или во лична порака. Мачињата ќе бидат полуангорски, со долго крзно, а ќе може да се подаруваат веќе за 2-3 недели.
https://www.facebook.com/100008346100236/posts/2144863915801791/ Има прекрасни мали раси кутриња во Вардариште чекаат на вас. Има и лабрадори и хаски и се што ви душа сака. Или идете директно таму да ги видите тое очиња или пишете му на девојчето ќе ви најде се што сакате. Само имајте желба да ги чувате ќе ви вратат многу подобро. Додека не се убиени спасете ги!
Дечки, жолтото го вдомив, остануваат уште триве убавици. Пишете ми ако сте заинтересирани. Ми ги знаете мачките, ќе бидат такви бушави.
Ако сеуште си заинтересирана, се продава салонско куче, од расата Шуцу- женско, старо е два месеци, поседува пасош, микро чип, вакцинирано е и прочистено од паразити.
За сите што бараат лабрадори, салонски кучиња и сл отворете ја групата на фб MILENICINJA и провртете ја страната. Има букавлно од сите раси напуштени, и мали и големи раси што бараат дом за да не измрзнат зимава. Заштедете си ги парите и спасете некое.
Токму така. Нема потреба да им давате пари некому кои ги парат своите “миленици” и ги користат како машини за кучиња, без при тоа да се регистрирани или да платат барем 5 денари данок. Оставете ги настрана комплексите на расно куче 90% од “расниве” што ги продаваат им е стото легло. Ако сакате миленик има илјадници на улица, буквално се што ќе посакате. Не им го полнете џебот на овие “расниве”, спасете некое вечно ќе ви биде благодарно.
И другите кои бараа куче со мал раст, во вардариште е кутрево со недели. Спасете го додека можете, нема уште долго да го чуваат.
Се продава jack russel terrier. Kученцето е вакцинирано одгледувано строго во домашни услови, освен кога треба да изврши нужда се пушта надвор. Со исхраната нема мака јаде се од месо,млеко,леб,овошје,зеленчук,јаткасти плодови,благо и се што би му дале исто и храна за кучиња освен расипана храна. И е без педигре, бидеќи таткото нема педигре. Кученцето е весело разиграно сака да се гушка. 4 месеци старост. Повеќе информации на бројот 076 24 11 08 - Антонио.
Фала, а и мн се темпераментни. И покрај тоа што некогаш ме лутат и нервираат кога ќе ги гушнам секогаш насмевка ми носат
Можете ли да ми препорачате други страници/групи на Фејсбук покрај Вдоми миленик, за објавување на миленичиња за вдомување? Тенк ју
*Миленичиња - улични и домашни *Најдени - изгубени - украдени миленичиња *Миленичиња *Се за нашите домашни миленици