Дечки,кај мене дома се случуваат чуда(е ова е чудо,контра сите закони на природата). Мачорот мој донесе малецко маче,црно,бело,портикалово,бушаво ,многу мило и дружељубиво. Ептен е малецко,ама јаде самото. Прееска сме се чуделе,го донесе во заби,меко го гризнал како мајките што ги носат и тап,тап,тап го остави,го излижа,ова мутле по него се тутка. Дал се развеле со жена му,па си ги поделиле децата или на викенд му го дала,поим немам. Така што,ако има заинтересирана феминка за маченце,нека ме контактира или пак на некоја ако и фали по дома,а имала мачиња,исто нека ме контактира да и го вратам. Во чудење сум уште. Значи само јас можам да имам луди домашни миленици. Секој мачор попрво би го удавил,него ли да го донесе за да го чува! Абе како домаќините,добра душа!
Zdravo devojki me zainteresira temava.me interesira dali nekoj cuva 'yek rasel terier. kucence.i ako ima zainteresirana sum da kupam. a voedno ako nekoj znae i koklu se dvizi nivnata cena neka pise.prethodno cuvav terierce 11 godini staro se vikase bruno no nekoj gad se drzna po negovit zivot i mi go otru..da ne begam od temata ako nekoj znae informacija za takvo kuce neka pise...odnapred GOLEMO BLAGODARAM...[mod-kirilica:ejmcrkm7][/mod-kirilica:ejmcrkm7]
Имам четири малечки мачиња, околу еден месец. Ако има заинтересирани, ако сака некој да ги земе, пишете ми ЛП, многу ми е жал да ги фрлам.
Маченцето е успешно вдомено од феминка. Благодарам многу! Бре тоа беа солзи при разделба. Таква слаткотија не сте виделе и лепота!
Се подарува куче Се подарува вакво кученце,веќе некое време живее на патот па поради тоа доколку има некој кој би сакал да го чува нека ме контактира,инаку од Струмица сум Благодарам Се извинувам доколку ваква тема веќе има,барав но неможев да најдам
ете ми го стариот пост се надевам дека ке излезе како треба ... http://forum.femina.mk/mislenje971196.html#p971196 Со дечко ми решивме да му бараме девојка на лепотанов наш ... Ако има некоја заинтересирана мома за убавиов пишете ми ...
Убава тема Сакав да прашам да не има некоја од вас женски златен ретривер, да ја спариме со фраерот на дечко ми..Бараме одамна, ама никако да најдеме.
Исто како butterfly15 и јас имам 3 маченца на подарок.Ми е жал да ги фрлам.поточно ќе мораме да ги фрлиме,зошто немаме услови,за да се земе маче треба да се има време за да се грижи човек,сите излезени,мачката наша дома, се покакала сама,кутрта кој да и отвори прозор,сне брзале и заборавиле на неа. А сега се уште 3 мали бебиња,неможеме да се справиме со нив ќе мора да се фрлаат.Стари се 1 недела,секако ќе останат со мајка му ако веќе некој ги сака до 2риот месец,зошто да ги чувам па да дадам оглас подоцна,ако не ги сака никој ќе биде тешко да се одделат од мајка им.Најкасно за 1 недела и в канта се ,ќе ги флат моиве.Секако ќе ги добиете вакцинирани до 2риот месец,мислам прочистени.Сите три се машки.Контакт на:076/970240Инаку од Прилеп.Па кој што е од Прилеп,може да се јави или ЛП.Ве молам,грев ми е да ги фрлат.И мајката е ангорска,малку ко перскика ми личи,убаво крзно има,а таткото е ангоркси.
ауууу не ми се верува дека нема ЦУрИЦа за мојоф убавец??? Спојлер http://forum.femina.mk/mislenje971196.html#p971196
leееееееееl и мене не ми се верува...Ги фрлаат моите утре,да знаете дека ова важи до утре ,ми рекоа ги фрлаат...готово...,ви се извинувам ако сака некој нека кажи најкасно до утре нека кажи или во ЛП или да се јави,само нека кажи па ќе се договориме кога да го земе...
^ Aко немате услови, ни желба ни љубов да чувате мачки, не ни зимајте Hе зборам за тебе ама за твоите да! и јас сум имала 3 мачки женки, сите раѓаа како луди, сите можни мачиња сме ги исчувале и пораснале, нити едно не сме фрлиле. ќе си пораснат и сами си одат. Oд кога ми умреа мачките, чувам само машки зашто не раѓаат. ако не сакате миленици, не зимајте бре луѓе, во канта да ги фрлат почекајте малку нека пораснат, па пуштете ги, направи муабет со твоите, за греота мачињата!
Слушај да ти кажам, за секое фрлено маче има така да ви се врати на сите дома нема да сте свесни што ве снашло. Ако не можеш да ги сносиш сите последици на едно животинче што уопште си се нафатила да чуваш?! Што те кошта да ги оставиш да поцицаат месец ипол до два и после однесете ги негде, више ќе знаат сами да се снајдат па колку им е пишано толку ќе живеат. А не вака кога немаат никакви шанси да преживеат сами без храна. Вие немате право самоволно затоа што ви се товар туку така да ги фрлате, јасно ли ти е?! Сте требале на време да си мислите, најлесно е да се ослободиш од проблемот без да го решиш, али никад нема тој проблем да исчезне. Ми се гади од вакви луѓе. На крај краева стерилизација на мачка е 1000 денари бре луѓе кај некој ветеринар кој не е многу прочуен, а нема шанси тука да направи утка тоа е прва рутинска операција што се учи, за 10 минути ја прават. Ама џабе е да се збори кога најлесно е да се ФРЛАТ.
Пa што да правам јас?Јас ли сум виновна?Лесно е да осудите ,јас не ги фрлам...не можам да замислам како би изгледало тоа,затоа и пишав...Да живеев сама ќе чував 100 мачки дома...Ама не е така лесно...и розево да се каже..Затоа и напишав зошто ми е жал да се фрлат,а не за да ме осудат.А за стерилизацијата, можеби си во право,ама нема да биде казнета на некој начин...?(со тоа што нема да раѓа повторно??) И имам желба и доволно љубов,а за условите да за една мачка а не за 4,во секој случај требаше да земам машко,но ајде веќе.
Ти си сопственик на таа мачка, очигледно повеќе ја сакаш него твоите со тоа одговорноста е и твоја, а не само нивна. Ако знаеш дека не би се согласиле да чуваат и мали мачиња не си требала воопшто да земаш мачка додека не си способна да се грижиш за неа како што треба. А не е ли казна од мајка да одвоиш младенче кажи ми? Ај што ќе и направиш психички проблем, второ ќе и направиш физички. Трето мачките се парат чисто за да си го продолжат видот, не осеќаат никакво задоволство туку напротив болка, кога се парат ризикот да се заразат со одредени болести е екстремно поголем, вака сега кога и ги зимате мачињата неа и се собира млекото може да дојде до маститиси, кога се пари може да дојде до рак и загнојувања на матката итн итн итн. Со тоа што ќе ја стерилизираш не само што и го продолжуваш животот, туку и ти се спасуваш од грижа на совест и од малтретирање да наоѓаш дома за мачињата, кои верувај ќе ги имаш 2-3 пати годишно. Убаво би било да се пари, да си раѓа, па сите мачиња после да имаат и дом и храна и љубов, ама тоа е во некој розов свет. Нашиот моментално не е таков.
Да така.Одговорноста е моја како што велиш,не велам дека не си во право,ама сега што,свесна сум дека требаше да размислам ,пред тоа.Мислам дека се отргнавме од темава.Ако има заинтересиран Ок.Ако не ве молам не ми солете ум,знам дека грешам веќе сфатив,бар да не ја заклучат темава за глупости.
Немој да си дрска, никој не ти соли памет затоа што очигледно и сама знаеш дека е ова се погрешно. Овде има вистински љубители кои се грижат за секое животинче, особено за животни кои ни криви ни должни ќе умрат поради одлука на некој кој НЕМА ПРАВО да расудува за тоа. Прашај ги твоите како ќе им беше ако тебе некој те земеш и те фрлеше затоа што не можеле да те чуваат?! Мислам примеров е банален ама дај молим те до кога тоа МАЧКИ СЕ ПА КОЈ КУР што ќе ги фрлиме. Оставете ги да поцицаат па однеси ги некаде, си направила една грешка не прави друга. Ако сакаш ќе успееш и ќе најдеш решение. Чувај ги во соба, чувај ги во подрум, што толку ви сметаат, ни ви трошат храна нити какаат мочаат низ дома, мајка им ги лиже. Што обврска ви се на вас тие мачиња за толку брзо да морате да се отарасите од нив. Ако сакаш да најдеш решение, ќе најдеш.