Мислам дека е добра темава, на ул. Банско во Црниче, изгубено е кучево (односно исто вакво, не е ова), многу е мило и изгледа прилично осамено, очигледно е дека му недостигаат сопствениците. Јас сум потстанар па не можам да го згрижам, ќе бидам среќна ако некој дојде и го згрижи, се наоѓа веднаш штом свртите десно на ул. Банско од главната улица, односно карши училиштето Кузман (горното). Ако знаете друга тема каде можам да напишам слободно пишете ми, дури доколку сте заинтересирани напишете ми и ЛП за да ви одговорам
Мачево потпорасна, јаде тврда храна, научено си е после јадење да оди во ВЦ, ако има некој заинтересиран нека ми пише, ептен ми е итно да го дада затоа што ми е жал, ќе ми го фрлат.
Објавувајте ги миленичињата за вдомување на ФБ, поголеми се шансите брзо да се вдомат: http://www.facebook.com/vdomi.me?sk=wal ... tif_t=wall http://www.facebook.com/pages/SPAS-ZA-Z ... 21?fref=ts http://www.facebook.com/FaunaAktivistiS ... ni?fref=ts http://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia?fref=ts
Јас сакам кученце Ако има некој за подарување нека ми пише. По можност да биде со мал раст затоа што живеам во стан и моите ми дозволија да земам но под услов да биде мало... Од Охрид сум, па ако има некој од тука пишете ми!
Ја подарувам Бани многу сум тажна ама неможам веќе да ја чувам, надвор е во дворот и зимово ќе замрзне, немам услови за чување, ако ја сака некој нека пише лп Лепотата моја многу си ја сакам
Продавам персиско маче, прекрасно е, вакцинирано, прочистено, со хигиенски навики, многу мило. Цената е 2000 денари, но итно ми е бидејќи чувам сибирски самојед и имам бркотници по дома така да може да се договориме за цената
Бидејќи другар ми не ја зеде мојата мала Ева ,морам да ја огласам тука. Мачево е премногу мило ,сака да си игра ,има стекнато хигиенски навики ,сака да се гали и многу гласно преде Жал ми е , премногу си ја сакам ,но морам да и најдам соодветен дом ,немам услови за уште едно маче дома. Ако има некој заинтересиран ( по можност од Прилеп и околината ) ,може да ми прати лп и да се договориме. Еве ја бебата моја најслатка
заинтересирана сум за мали мачиња стари до 3 месеци, во скопје ако сте.. кој има одговор нека ми пише ЛП
Изгубена е (или украдена ) црна лабрадорка, стара 3 години. Премногу е кротка и питома. Ја снема во Аеродром но можно е да се наоѓа во било кој дел од Скопје. Ако ја види некој го молам да ми пише.