Бела хаска со сини очи не е чистокрвна, тоа е микс од самојед и хаска... Иначе знам во Драчево има една што е бремена и бела е само со различни очи сина и кафеава, па ако сакаш едно пиши во ЛП јас ќе ти ги дадам информациите и резервирај си едно.
Исто ти е дали расно или нерасно, со пари или без пари уличното куче ако го чуваш дома ќе смрди (зборувам за куче најдено од улица) така да со улично куче: -се трошат пари за прочистување; -се трошат пари за вакцини; -се трошат пари за храна; -се трошат пари за апчиња; -се трошат пари за огради(кучето да не избега) ; -се трошат пари за вакцини на вас поточно од кога ќе земете улично куче може да има заразни болест и лесно да фати беснило од други кучиња во борби за територија. Со расно куче: -се трошат пари за кучето; -се трошат пари за храна; -се трошат пари за апчиња; -се трошат пари за вакцини. Сите работи кога ќе се пресметаат ќе бидат со ист резултат. Добри работи за улично куче: -живее подолго; -не фаќа место во домот може слободно да го чувате и во двор; -не привлекува крадци за да го украдат. Добри работи за расно куче: -не се степува со други улични кучиња додека е во ваша присутност; -може да се научи на ланец полесно од улично куче; -не фаќа тешки болести ако е со педигре; -полесно учи основни команди; -тоа куче полесно може да го привлече вашето вниамние за грижа одколку едно улично куче, повеќето сопственици на улични кучиња ги оставаат кучињата сами да се грижат за себе, тоа за еден почетник ја намалува одговорноста кон кучето. Тоа си е се од моја перспектива.
Кога не сте информирани не тресете глупости. Белите хаски се многу ретки кучиња, и да постојат и чистокрвни се нека не ве буни што се бели. Хаските може да бидат и скроз бели, бело-кафеави, бело-сиви па се до потемна сива боја нијанси. Многумина не се информирани и мислат дека се мешани. Јас првпат видов во Америка прекрасна бела хаска, со педигре и се и преубави плави очи. И да, сега и јас имам таква и има педигре и се тоа пропратно и е чисто бела, со изразити плави очи а нема да менува бои воошто. Родителите и се и двајцата сиви со бело, како и браќата ама ете бабата била бела и конечно успеав да најдам таква каква што сакав. Еве ти хаска бела, разгледај на нет па после кажувај тука дека нема такви.
Прво внимавај на твоето изразување, Второ јас не кажав дека не постојат тука баш напротив јас кажав дека ИМА женка која сега е спарена, а е скроз бела. И трето јас сум тука за да им помагам и да ми помагаат а не да се карам како стрина пред чешма.
А и увидов дека си многу негативна во некои разговори а и во потписот, а обично луѓето што чуваат кучиња се позитивни како нив, а не да отвараат караници на секое место. Па веќе ако чуваш куче учи од кучето, и зошто не го постира твоето куче наместо куче од интернет за да ни покажеш дека имало? И на таа хаска крзното е премеко и без масти за да биде чиста хаска, хаските имаат масти за да се згреат преку зима или во Аљаска.
mil4ence не знам само со кого се расправаш што многупати по ред ме цитираш. Како прво јас ти пишав зашто јасно и гласно напиша, дека белите хаски не се чистокрвни, ете во тој дел да те поправам. Зашто прва ме цитираше и си напишала, бели хаски не се чистокврни, види си погоре. Ако си знаела дека има зошто тогаш тоа го напиша м ? Инаку немој да ми попуваш дали сум била позитивна или негативна, не те засега тебе тоа како што јас воопшто не коментирав ти каква си, зашто освен во темава те немам читано никаде досега. А кучето мое дали ќе го постирам јас или не, тоа е мое право. Ако го постирам кучето биди сигурна многумина ќе знаат која сум, а сепак форумов за мене сакам да остане анономно катче, тие што сум мислела дека треба да ме знаат, ме знаат која сум и каква сум. Ај чао сеа, пријатна вечер.
Не си единствена во Македонија што чува такво куче знаеш... Има многу луѓе кои ги познавам со бела хаска, но сите тие ми кажаа дека е мешана со самоед, но ти си запна единствена си! Кобожем царица на Македонија која чувала хаска. Ти не ги занеш сите луѓе дали чувале такво куче. Разбери дека не си ништо што вака се дигаш (извини на изразиве но помалку е вистина). Ако го постираш САМО твоето куче никој не би те открил. Вака само се сомневам дека лажеш. И да кажав дека белите хаски се мешавина од самоед и хаска и уште стојам на тоа, зошто самоедите се по ретки па повеќе луѓе ги мешаат со лабрадор или хаска па да ги продаваат кобожем чистокрвни.
Оф бе девојче, а кој рече дека сум единствена. Единствено што сакав да ти појаснам е дека хаските како раса може да бидат и со целосно бело крзно, а ти упорно се расправаш. Како тоа ги нарекуваш кучињата за кои збориш хаски, кога викаш мешани биле со самојед, па тоа е мелез веќе, ти викаш хаски а истовремено викаш мешани.. се слушаш ли што зборуваш? Еве сеа ти мене речи ми ги знам родителите на моето куче, и двете се хаски со педигре, моето исто така со педигре и упорно ми викаш мешано со самојед било. Ок, ако не си запознаена со расата хаски тоа е друго, ама не се напињај прва ме цитираше, јас со тебе ама никаква дискусија не сакам апсолутно. И апсолутно мое право е дали ќе го постирам кучето, ти си последна битна во тоа што ќе ме натера да го постирам. Како прво сите од мојот град што ме познаваат знаат дека имам слики по социјални мрежи со него и се препознава куче од куче, а јас за тебе да ти докажувам нешто која не си никаков битен фактор, се лажеш дека ќе се оптеретам. Ниту некому сакам да докажам какво куче имам, ниту да се фалам не сум ни спомнала околу тоа ама ти напнуваш со твоето непознавање на расата и упорно ми докажуваш дека 2 плус 2 е 5. Чисто да ти појаснам дали се мешани со самојед белите хаски, не зборам за моето куче, мене целта ми беше да ти објаснам општо за ваквите примероци од оваа раса. Еве и табела да видиш во каква се боја може да се движи крзното на хаските, види се едуцирај се. Не знам зашто белите ги ставиле, кога се мешани. Пиши им и нив нека се поправат http://www.huskycolors.com/rescue.html И не ми пишувај веќе, стварно не сум заинтересирана за твоето попување. Ако сакаш нешто да се изјасниш има ЛП, не ја полни темава со глупости. А модераторот може слободно и овие мислења да ги избрише, не се во склоп со темава.. само морав дека ме напна со твоите докажувања.
SHIH-TZU РЕЗЕРВАЦИЈА НА КУЧЕНЦА ОД ШАМПИОНСКО ПОТЕКЛО Кученцата се родени 20.08.2013 2-женски 1-машко, се подигаат на 12 недели (3 месеци), прочистени од внатрешни паразити, со примени 2 вакцини и ревакцина, здравствена книшка, родовник (педигре) и работна книшка. За почеткок со кученцата добивате и 1кг храна, цуцла за вода, играчки и едно пакетче пелени. Татко: CH Kissed by my love Мајка: JCH Lucy Shih Tzu е достоинствено, живо плишано куче, токму онака како што треба да биде куче за придружба во друштво. Копнее за вашето дружење, секогаш сака да биде со вас. Тоа е многу приврзано куче, сака да се гали и да седи во вашиот скут. Оваа раса е антиалергиска, идеална за чување во стан, и покрај должината на нивното влакно може да се каже дека воопшто не се митари, лесно се прилагодува со други животни. Одличен е за со деца. На сликите големите кучина се родителите од кученцата.
Извинете што правам дупол пост... Доколку во наредните 2 недели не се најде дом за овие 3 мачиња, ќе останат на улица, прочистени и избањати!
Кученцата од расата SHIH-TZU се вистински салонски миленици и преставници на нивната раса, идеални миленици за дома, расата ја карактеризира нејзиниот карактер и изглед. Верни се на семејството во кое живеат и се премногу интелегентна раса која навистина Ви ја препорачуваме како еден салонски миленик. Оваа раса е антиалергиска, идеална за чување во стан, и покрај должината на нивното воопшто не се митари, лесно се прилагодува со други животни. Одличен е за со деца. Кученцата се родени 20.08.2013 2-женски 1-машко, се подигаат на 12 недели (3 месеци), прочистени од внатрешни паразити, со примени 2 вакцини и ревакцина, здравствена книшка, родовник (педигре) и работна книшка. За почеткок со кученцата добивате и 1кг храна, цуцла за вода, играчки и едно пакетче пелени. Татко: CH Kissed by my love Мајка: JCH Lucy
Се подаруваат мачиња стари месец ипол. 3 бели и 5 сиви . Многу мили и со стекнати хигиенски навики . Сопствениците немаат услови да ги чуваат бидејќи веќе имаат 3 мачиња ! Ве молам споделете за овие мачиња да добијат дом телефон за контакт : 070-276-337
Девојки имам другарка која продава зајче од расата Теди, бело е со малку црно на ушињата, многу е мило и се гали...а го продава затоа што мајка и има алергија на животни инаку е околу 8-9 месеци старо...кој е заинтересиран нека ми пише порака
Вчера најдов две мали мачиња, за малку коли ќе ги изгазеа. Ги земав кај мене дома, се нахранивме (сами јадат, дури и дехидрирана храна, а штом им ставив кутија со песок, веднаш си извршија нужда внатре) и сега сакам да прашам дали можеби некој би сакал да вдоми мачиња? Јас веќе имам 3 големи мачки, сите посвоеници, кои се многу територијални и никако не ги поднесуваат маливе. Душичињата ги чувам во шпајз сега за сега, но нема да може долго. Ве молам ако некој сака да вдоми мачиња, пишете ми, срциња најмили се
Се продаваат прекрасни ХАСКИ:три машки и едно женско цена по договор За повеќе информации погледнете ја рекламава http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=951607
Има ли некој што подарува мало бело кученце (со мал раст)? Бескрајно би била благодарна,а кученцето ќе биде во најдобри раце
Е многу ме нервирате кога не вдомувате едно, а барате такво... Тркни до вардариште, Аеродром и види ги. Таму сигурно го има твоето сакано идно куче... Она белото кутре во позадинате не е убаво? Секакви има таму. Дури и расни... Јас би сакала да вдомам, но незнам какво ќе биде кога ќе порасне... А баш во комшии се породи една скитничка кучка па можеби ќе си вдомам едно од неа. (ако не бидат диви се разбира)