Кученцата од расата SHIH-TZU се вистински салонски миленици и преставници на нивната раса, идеални миленици за дома, расата ја карактеризира нејзиниот карактер и изглед. Верни се на семејството во кое живеат и се премногу интелегентна раса која навистина Ви ја препорачуваме како еден салонски миленик. Оваа раса е антиалергиска, идеална за чување во стан, и покрај должината на нивното воопшто не се митари, лесно се прилагодува со други животни. Одличен е за со деца. Кученцата се родени 20.08.2013 2-женски 1-машко, се подигаат на 12 недели (3 месеци), прочистени од внатрешни паразити, со примени 2 вакцини и ревакцина, здравствена книшка, родовник (педигре) и работна книшка. За почеткок со кученцата добивате и 1кг храна, цуцла за вода, играчки и едно пакетче пелени. Татко: CH Kissed by my love Мајка: JCH Lucy За продажба останато уште едно кученце Купер
Би сакала на подарок кученце со голем раст од сибирски раси секако може и мешанче само да не е преголема разликата може и шарпланинец
Сакам да прашам дали случајно има некој/а женско лабрадор за парење Марли мој збесна. Секојдневно сексуално ми ја напаѓа ногата, така да почнав да барам чаре Марли е лабрадор, најсакан на светот, лично за него немам педигре оти го зедов од Струмица ми го донесоја тука, и наводно требало да се извади од таму само педигре неможи од тука прашав. А тогаш немав можност да одам до Струмица па и со малечко кученце... Како и да е имам педигре од двата негови родители, има книшка со сите вакцини.. Чист е, енергичен, сонце мое најмило Ако има некоја лабрадорка за мажење хаха нека ме контактира некој, оти слушнав дека на зима требало да се спарат за ко ќе се стопли да стигнат кученцата Еве слика
Пиши оглас,оти на фемина кога ќе најдеш куче/ка за парење,на сред лето знег ќе падне. Не е дека немаме кучкари,ама малку се. И да,да знаеш само дека не ќе можеш на малите да им извадиш педигре,од причина што таткото нема педигре,ако не ти е тешко појди и извади му педигре,па пред да го париш однеси го само да земеш оценка на некоја изложба,за да можеш да го париш со женка со педигре и за да можеш на малите да им извадиш.
Продавам кутриња од расата Lagotto Romagnolo. Родени се на 14 ноември 2013 година, од женка Мина и мажјак Лео, кои имаат највисоки оценки од Кинолошки сојуз на Македонија и награди од изложби. Лагото е вистински пријател на семејството кое го чува, мирољубиво куче, толерантно, погодно е за во околина на деца бидејќи е хипоалергетик, не се митари, не мириса, има прекрасен карактер и е вистински пријател. Спаѓа во групата на работливи кучиња, бидејќи е пронаоѓач на тартуфи(печурки кои раснат 15см под земја). Таткото Лео веќе е докажан тартуфар. Кучињата се прекрасни уникатни и преубави, кој сака куче за да му го разубави животот нема да погреши. Нема да погрешите доколку го имате како свој пријател.
А, заборавив да напоменам. Најдено е во Скопје/Центар. Не ми се верува дека едно улично куче може бакви рабпти да прави, па сигурно некој пред тоа го чувал и го истренирал. Кастриран е и можеби Вардариште го фатиле и сега сопствениците незнаат каде е.
Давам на подарок машко мешанче од Ши цу,мајка и непознат татко,старо е два месеци.Може да се земе од Радовиш или од Скопје.Ако има некој заинтересиран во ЛП. Бацки!
Ова прекрасно 6 месечно маченце бара нов дом. Мачето обожава луѓе и секогаш е расположено за галење или играње. Чувано е само во домашни услови, избањато и прочистено од паразити. За жал неможам повеќе да го чувам и барам нов топол дом за неа. Доколку некој е заинтересиран, или знае некој да е заинтересиран ве молам пишете ми лична порака.
Дали знаете како се движи цената на куче од расата германски овчар?Сакам да биде неколку месеци стар,отприлика 5-6
Верувај, нема да го најдеш ако му го сакаш надворешниот изглед, а не карактерот.. Значи, куче Боо не постои. Боо е име, не раса. А, расата на Боо е померанец што значи како мали, померанците немаат добар фриз како на Боо. Можеш да купиш од реклама5 или пазар. Очекувај дека ќе бидат од 200 до 400 ЕВРА.
Toа е малтезер. Јас не би ти го препорачала да го земеш зошто многу се нервираат кога ги креваш во раце. Јас сум пробала да го погалам, но мразат туѓинци и се приврзуваат за една личност.
Сум среќавала кучиња малтезери,и баш биле пријатни. Како може да се стресни кучиња кога ги креваш,кога сите ги носеле најчесто во рака?Ако имаш видено некој од славните кои имаат малтезер,го носат во раце секаде со нив. Инаку батерфлај,еве ти линк можеш убаво да си прочиташ и за карактеристики и за нега и одржување на кучето. Многу е мило со деца,салонско куче,предноста е што е мало и може да се чува дома без никакви проблеми,за митарењето исто како и сите миленици,ама со редовно четкање може да се намалат значително влакната по дома(со отрстанување на мртвите влакна,се избегнува да бидат на креветите,теписите и подот,ќе бидат на четката секако доколку избереш квалитетна). Воглавно е тоа,и да има долг век,знаеш и самата,колку е помала расата толку подолго живее,помалку го терети срцето.Не е многу осетливо на зима,во споредба со еве чивавата или пинчерот,ама сепак во најстудените денови ќе има потреба барем од едно шалче или џемпер.
Реков се приврзуваат за една личност и несакаат да бидат во друштво на туѓинци, а најмалку во нивните раце. Братучедот на баба ми има, лојален е, не викам не, но секој што поминувазше беше убаво искрарн (лаен) од негова страна.