1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мали огнови насекаде (Little Fires Еverywhere) [2020]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Mishela, 25 март 2020.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    По огромниот хит Big Little Lies, Рис Витерспун повторно во акција, а серијава не можеше да ни дојде во подобро време. :)

    Little Fires Everywhere
    1584535498_2373540.jpg

    И овој пат, уште една адаптација (според истоимената хит-книга на Селест Инг) на малите екрани, спакувана во мини-серија која ќе има вкупно 8 епизоди.

    За што се работи во оваа серија:
    Шејкер Хајтс е мрачно и елитно, да не речам снобовско предградие во Кливленд, каде се чини дека сè е подредено под конец и сè се одвива строго по правила, план и прописи.

    Фамилиите си се секоја приказна за себе - од надвор толку совршени, како и самата населба, почнувајќи од перфектно искосените тревници, до совршено бојосаните фасади од сите куќи, тука навистина сè си го знае своето место и сите се прекрасни, исполнети, среќни...сè додека не се појави Миа Ворен, која ќе им стане раска во окото на многумина, меѓу кои и на препотентната Елена Ричардсон, која ќе ѝ ја изнајми нејзината куќа и дури ќе ѝ дозволи да им влезе под кожа.

    Миа и ќерка ѝ Перл, набргу ќе почнат да привлекуваат внимание, но се толку таинствени и чудни, поради што Елена ќе мора да почне да прекршува правила и да ги искористи сите можни извори за да ископа нешто околу нив и да се увери дали тие претставуваат закана за нејзината фамилија и за прекрасната населба.
    Ќе се откриваат семејни тајни, сплетки, интриги, ќе паѓаат маски и...останатото ќе го дознаете сами.


    Јас ги обожавам мини-сериите, досега ниту една не била промашување, за разлика од оние кои се влечат со Х сезони и на крај (најчесто) ги упропастуваат. За оваа серија имам доста високи очекувања, особено затоа што книгата ми е една од омилените па некако актерската екипа ми дава надеж дека серијава нема да разочара.


    Нова епизода излегува секоја среда, а веќе од четврток ги има торентите на Замунда. Досега излегоа три епизоди и според тоа што го видов - феноменално ја обработиле книгата.

    Пишете дали некој од вас ја гледа (ако не, еве предлог што да гледате следно) и да си муабетиме за Малите огнови. :~:
     
    На CareTee, rokmibejbi, x.Daisy.x и 8 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Мене книгата не ми се допадна баш. Премногу хајпувана ми беше, а некако без потреба, развлечена многу. Серијава би ја изгледала чисто од досада, а и верувам дека е подобро направена и ќе биде поинтересна од книгата.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Јас ќе го гледам ова :)
    И тоа утре
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Епа таков и е стилот на пишување на Селест, slow burners и се книгите.

    Мене многу ми се допадна, сакам такви книги, особено со такви ликови кои истовремено ги сакаш и мразиш, ги оправдуваш и ги осудуваш.
    Крајот беше дискутабилен и ме интересира како ќе го прикажат во серијата.
     
  5. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    7.898
    Пол:
    Женски
    каде ја има серијата Netflix, HBO?
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. @ster@

    @ster@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    2.982
    Пол:
    Женски
    И јас ги сакам мини-сериите. Интересни се и не мора да се влечат и разводнува дејството така. Инаку започнав да ги гледам серииве денес, на пола ми е првата епизода.
    Малку бавно се одвиваат настаниве на почетоков, но се надевам на возбудливи следни епизоди.
     
  7. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Hulu
     
  8. @ster@

    @ster@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    2.982
    Пол:
    Женски
    Денес оваа среда ќе ја даваат 5 епизода така?
    Досега две имам изгледано и баш ме интересира што ќе се случува до крај.
    Иако почнувам да замислувам некоја завршница, но со оглед дека ја немам читано книгата не знам дали предвидувањата/претпоставките ми се точни.
     
  9. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    @Mishela фајнл тотс? :D

    Мене ми се допадна серијата, океј беше склопена. Ама некако сепак книгата ми е на повисоко ниво. Многу работи беа испуштени, неприкажани. Разбирливо, со оглед на тоа дека се само 8 епизоди, меѓутоа ако некој ја нема читано книгата, а му се допаднала серијата, препорачувам да си ја прочита :)
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Фајнал тотс, ме изнервираа некои работи што беа така ставени колку да се рече или колку да ја направи серијата тренди.
    Пример, во книгата не памтам дека
    Миа беше геј? Од каде па тоа. Исто и за Изи. Мислам дека немаше такви сцени кога се бакнуваа Миа и професорката. За Изи имаше други случки, не и тоа дека е геј но океј...
    Книгата и мене ми се допадна многу повеќе, а серијата секако вреди да се погледне поради екипата актери и тој вајб од 90-те.

    Ми фалеа уште неколку епизоди за сè да биде испеглано фино, вака некако ептен осеќав дупки на моменти, но мислам дека некој што ја нема читано книгата нема ни да примети такви ситници. Книгата навистина можеби не е за сечиј вкус, но мене многу повеќе ми легна. Многу ми се допаѓа умешноста на Селест буквално да те внесе во животот на ликовите. Многу живописна, со многу добри ликови, интересни "контроверзни" моменти не само за тоа време пред дваесетина години, туку баш безвременски. Отвара многу теми за дискусија и таква е и во другата книга (Cè што никогаш не ти кажав). Со душа чекам да извади нешто ново, белким ќе ја екранизираат и оваа книга.

    Крајот повеќе ми се допадна во серијата отколку во книгата.
    Многу моќен момент беше кога сите почнаа да ја палат куќата.
    Отприлика тоа, за мене ова беше ептен солидна серија.
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  11. rokmibejbi

    rokmibejbi Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2020
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Машки
    Оваа звучи слична на онаа британската The Stranger исто работена според истоимен роман
    Таа и не ме бендиса многу, можеби оваа подобра ќе биде
     
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.535
    Допаѓања:
    28.742
    Пол:
    Женски
    Денеска ја догледав. Книгата веќе некое време ми е на reading list, ама некако се нешто друго почнував. Сега сакам и книгата да ја прочитам за да имам целосно некако впечаток. Голем фан сум на филмови со дејствие во 90-тите, кастингот на серијава беше одличен, глумата беше навистина солидна. Ама нешто ми фалеше некако, како пребрз да беше крајот. Мислам со 2 епизоди плус ќе беше поскоцкано. Убава тематика си обработуваше, што за жал и ден денес е релевантна. Само се надевам дека нема ко big little lies да и вадат нови сезони, зошто навистина немаше потреба.
     
  13. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.773
    Почнав да ја гледам и сум до 4-та епизода. Океј ми е, иако има бавно темпо, па ништо посебно не се случува, нема што посебно да коментирам. Прочитав и во коментарите на TV Time дека Reese зема исти ликови во различни серии и навистина и јас имав таков впечаток :D.

    Најмногу ми сметаат гримасите на Миа (Kerry Washington), поточно многу неприродно ми ја мрда устата: наместо да ја развлечи лево-десно, ја движи горе-долу, т.е. ја движи горната усна кон носот. Изгледа како нон-стоп да ѝ се гади од нешто. Особено ми смета кога „се смее"; не можам да сфатам дали тоа би требало да е искрена или фејк насмевка.

    Ова го забележав и во една епизода на HTGAWM каде беше гостин како ликот (Olivia Pope) од Scandal. Не сум ја гледала Scandal, но прогуглав да видам дали само јас цепидлачам, ама не, на reddit доста луѓе го напоменуваат ова. Не е некоја голема работа, ама ме дефокусира кога ја гледам и не можам да се поистоветам со нејзиниот лик оти ми изгледа фејк.

    Штета, на reddit прочитав дека во книгата Миа има сосема подруг вајб, дека е мила и мудра, но од серијата сѐ што видов досега е огорченост и надменост.