Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мали прекрасни лажливки (Pretty Little Liars)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од American.Woman, 7 април 2011.

  1. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    http://livetvcafe.net/video/D7NS4SY7B6R5/ABC-Family
    јас секогаш тука ја гледам, има и chat :D
     
  2. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Знаев дека нема да откриеме !
    Ја отупеа веќе, стварно.
    А околу убивството на другата девојка, мислам дека Мелиса ја има убиено.
    За друго немам коментар..
     
  3. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Па сега на 10-ти Јуни даваат 5-та сезона.Ама јас не ја гледам серијава додека не се открие -А,кога ке се открие тогаш ке ја изгледам таа епизода и чао,поздрав.Нема ништо да биде пропуштено и нејасно бидејќи се се врти во место.Нц,нц. :@
    Да ти се сневиди у серијата веќе преку глава дојдоа |(
    Ништо ново,се знаевме,успеаа толку добро да изнервираат.За џабе потрошено време.
    Овоие па колку се неспособни,пукан човек и они трчкаат и подрипнуваат во место и се дерат.Браво бе :clap:
     
  4. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    Сеуште не ја изглеав епизодата, следната е на 10ти јуни, и милион посто сум сигурна дека така заврши дека не го покажаа кој е типот со маската. Am i right? :wasntme:
     
  5. MaxyMax

    MaxyMax Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    99

    Yes, you are.
     
  6. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Барем разбравме што се случувало вечерта и дефинитивно елиминиравме некои :!:
    Мене некако ми личи дека Џејсон би можел да е А, кој друг би штитела мајка му инаку :?: Или евентуално веќе ако испадне вистина дека Али има близначка :?: Ама во тој случај ќе ја спомнеше во последнава епизода барем... Или може и таа да не знае дека има, ако е некоја лудача на пример некаде во некоја психијатарска болница, или дадена на посвојување од мала па сега и се одмаздува... Си напрајв филм сама :)
    Кој ќе се мисли сега до 10ти Јуни |(
     
  7. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Најака епизода до сега.Сега барем знаеме отприлика кој не се А,се изнаплакав за Езра. :(
     
  8. Belieberka666

    Belieberka666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Епизодава ми беше најинтересна од сите досега. И откако ја изгледав 5 минути бев баш ваква со отворена уста :o
    Нема шанси Езра да умре бе. Па нема да биде интересна серијата без него.
    Ариа ми беше гревче кога ја гледав како плаче онака безпомошно. :(
    Инаку и Кејлеб се врака во 5 сезона. ^_^
     
  9. 1DeeDee1

    1DeeDee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    57
    Еве и сник пик за 5та сезона кодот е - MarleneTellsAll и ќе ви се отвори
    http://pllsneakpeek.com/

    Мене најмногу ме копка со кого збореше мајка и на Али по телефон и од кој е толку уплашена? И најверојатно се две/двајца А еден во Ну Јорк, еден во Роусвуд што ја уби мајка и на Али. Сиси може го убила Вилден, али не и Али. Да би биле Сиси или Мелиса би се тргнале од местото на злосторот, него они две се сведоци дека не е Али мртва, него друга девојка и знаат неа кој ја убил. Сигурно Мелиса после толку време не би му кажала на татко и баш во тој момент дека она е убиецот, сигурно е Џејсон и затоа он е толку шокиран (од кај она знае), а он сигурно знае дека мајка и на Али му има пренесено. Само нема малце логика да го заштитува синот, а ќерката да си ја закопа (освен ако не ја уценувале или др јака причина), али ако искочи да е така веќе ништо не ме изненадува и онака 4 години навикнати сме.
     
  10. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    А воопшто не ми заличе на жена, не може да биде жена со таа конструкција на телото. Се повеќе мислам дека е Џејсон.
     
  11. Cicero

    Cicero Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    18
    Во овој момент најмногу верувам во теоријата за близначки од било кога! Али во секоја сцена во која се сеќава имаше различна коса, еднаш виткана, еднаш права. И тоа објаснува и зошто мајка и би го штитела „убиецот“.
     
  12. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    Aaa Noel се вратиии,срце најубаво :inlove: :wasntme: Иначе епизодава интересна беше,само сега 3 месеци ќе ме остават да мислам што ќе се случи со Езра ;(
     
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.814
    Допаѓања:
    25.445
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам многу глупаво, но мене нешто пак ми нема логика.

    Мона била оригиналниот -А кој што ја уценувал Алисон, нели? Така сфатив од тоа што покажаа со куклите, но и така е кажано претходните сезони, тогаш кога се откри за Мона... Но, друг ја удре со каменот, не Мона... така? Што значи кој и да е што пробал да ја убие Алисон не е -А што во моментот ја уценувал со пораки ( Мона ), туку друга личност...(???) зошто ако Мона е убиецот, зошто мајка и од Алисон би ја штитела неа? Нема логика...

    И друго прашање... со оглед на тоа што тој некој што проба да ја убие Алисон мислел дека ја завршил работата, зошто има друго тело од друга девојка?

    И ако една личност е -А, како беше на две места во исто време? Од една страна ги бркаше девојкиве, а во Роузвуд ја закопуваше мајка и од Алисон?

    Многу работи имам заборавено од претходните сезони, и затоа имам дупки во меморијава и олку работи ми немаат логика... на страна фактот што сценариото им е конфузно.


    И уште нешто, додека можам да редактирам.
    Ако се сеќавате во изминатите сезони во флешбек покажаа како Алисон и се обрати на Сиси за помош дека и доцни, мислела дека е бремена од некој...а во епизодава ни дадоа до знаење дека не спиела ниту со Иан, ниту со Езра. И сега? Има и некој трет осомничен?...

    Се прашувам дали сценаристите воопшто ги паметат ваквите детали...
     
    На Hipster, SparkyAngel и MiloMalo им се допаѓа ова.
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    ^
    Мислам дека сцената каде што ја закопува мајката е откако А им избега на девојките .
    Инаку се случи тоа што се плашев не ја извади маската :@ Една теорија е дека Џејсон пијан ја удрил Али мислејки дека е Сиси и дека тој нема врска со А .Па поради тоа гo штити мајка му
     
    На SunshineYo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Нема врска ова со косата.Рачунај многу од сцените се снимени уште во 2010,други се сега снимани.Неможат до толку косата да и ја доловат.

    Да,зошто Роузвуд е блиску до Филаделфија ако не се лажам,а нели они таму беа.Имал време да се врати,а и немора да значи дека во истиот момент ја закопувал.
    За Џејсон е добра теоријава,ама не ми текнува зошто толку и беше лут на Сиси.
    Би ја прифатила оваа теорија,само како таква.Дека ја мавнал со каменот мислејќи дека е Сиси.Не ми се верува он да е -А и да и праќал пораки на Алисон.
    Од друга страна на Али и се заканиле дека ќе пробаат да ја убијат таа вечер.Што повторно ме тера да мислам дека не е Џејсон...

    Ај стварно нека пише некој што памти што како беше откриено кога се дозна дека Мона е -А.Дали е она таа што ја уценувала Али,или никогаш тоа не се кажа.
     
  16. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    И мене ми беше доста конфузна епизодава. Како што си претпоставував повеќе прашања оставија неодговорени отколку што дадоа одговори :^)
    Прво, приказната со Мона исто не ја разбрав??? Само знам дека беше истата соба каде што Спенсер всушност ја откри Мона дека она е -А( ама нели не беше она -А ?- пораките и заканите си продолжија ). Дали намерно она сето тоа го испланирала или случајно налетала на Али, пошто мене тоа ми е ептен безвезе, покрај сите луѓе на светов она да наиде баш на Мона која воедно и ги праќала и сите тие заканувачки пораки ( пошто од тоа што го видов во собата мислам дека она е психопатката, а и знаеме дека има причина). Е, тука имам еден куп прашалници.
    Второ, мајка и сама си ја закопала ќерка и :doh: ! Сигурно Џесика имала некоја ужасно добра причина да го напраи тоа зашто како што знам она отсекогаш ја штитела и и попуштала на Али. Е, сега или го штити Џејсон или во игра влага лудата близначка што некако повеќе ми има логика. Можно е и да е Џејсон, нели во претходната епизода Спенсер дозна дека не бил на рехабилитација, па каде бил сето тоа време?????
    И трето, што по ѓаволите беше приказната со Мелиса??? Се појавува од нигде никаде, се однесува сомнително и што беше тоа што му го шепна на татко и во врска со другото девојче што се наоѓа во гробот? Мислам дека не е она убиецот ама штити некого.
    Само се надевам дека нема Али пак да избега, па и цела 5 сезона да се повторува, пак да си играат брканица и ништо да не се реши!!
    И како што прочитав на една страна пред финалево уште, баш пишуваше дека и оваа сезона ќе заврши со смрт на битен карактер, ама нема тоа да биде Езра. Така да, Езра ќе си остане жив, а нели Џесика умре.
     
  17. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    Веројатно е некое машко, а јас мислам дека е или брат и, или тој Ноел што ја чуваше.
     
  18. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Значи вака луѓе,Мона беше во тимот на -А,каде што еден е главен и тој има помошници.Мона се приклучила таму со цел да и се одмазди на Али,Мона знае кого „гони“ групата -А.Се сеќавате дека едно време и Спенсер и Тоби беа во групата -А ?Кога во куќата ја пречекуваа "Red Coat" ?Тогаш таа се сметаше за главна ама и црвениот капут односно Сиси(Цеце) била само дел од тимот а не и главна.
    Можеби и овој што требаше да си ја открие маската не е главен -А.Јас мислам дека главен е Врен,а овој што требаше маската да си ја открие е Џејсон.
    А овој што и помагаше на Спенсер да се откаже од дрогите,мора да е и тој вмешан во нешто,бидејќи во серијава не прикажуваат личности само да се појават и за 2 епизоди да си одат. ;)
     
  19. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Значи мноооооооооооооогу ужасно многу се нервирам со серијава, а не можам да ја остаам после 5 изгледани сезони.

    Факт: првата и последната епизода од секоја сезона им се интересни. Ама се е на ист принцип. Откриваат ама не дооткриваат. Ок, тоа е познато за сите. Не открив топла вода :D

    Баш ми беше жал за Езра :worried: Се надевам дека нема да умре. Највеќе заради Ариа ми е, кој ќе ја трпи во 10 епизоди да плаче по него... Плус интересен лик е.

    А сигурно е машко. Таква градба имаше. Нема шанси да е Мона, ситна си е она. А Хана можеше комотно да му пука во нога и ќе дознаеа кој е :D Ама така немаше со што да го тупат во новата сезона.

    Како и да е, до јуни се надевам ќе заборавам дека постои серијава :tmi:
     
  20. ElfLuna

    ElfLuna Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    А зошто би бил Врен? Ај ве молам објаснете ми :D