Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мали прекрасни лажливки (Pretty Little Liars)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од American.Woman, 7 април 2011.

  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.026
    Допаѓања:
    52.075
    Пол:
    Женски
    Тоби од никаде стана полицаец, па уште и со детективите работи, скроз реалистично.
    Родителиве гајле си немаат, не дека некој пробува да им ги убие малолетните деца, што има врска. Татко и на Али не мора ни да се појави, што дека ќерка му е во затвор за убиство.

    Толку е нереално, веќе не е ни интересно за гледање. И видовита жена, сериозно?
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Џабе што е видовита, кога ништо асално не кажа, еден Иван Исцелител е покадарен да предвиди нешто, оваа е само крипи. :D Патем, многу језив поглед има, како стаклен, уф.
    Инаку, по тоа што и` го кажа на Хана, некако не ми изгледа дека Мона е мртва, не знам, можеби само си замислувам, ама каде би можело да биде сместено телото, па до толку да не го најдат - да не ќе го чуваат во саламура ?! :?::fubar:

    Многу, ама многу ме интересира како ќе заврши и сезоната и серијата, го чекам моментот за да го видам расплетот и да видам како ќе се извадат од целата таа каша попара во која се наместија. Очекувајте да ни се продолжи животот за уште дваесетина години, не е малку смеење во прашање, не` чека цела комедија.
     
  3. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Мона ја дадоа мртва во багашникот уште пред да направат пауза, а и Али и Сиси кога разговараа на забавата искоментираа нешто во смисла дека Мона не му е веќе пречка, а и плус халусинациите на Али .. се води кон тоа дека директно или индиректно, Али е вмешана убиството на Мона.
    Од се прикажано досега не би рекла дека А ја мести Али, туку дека Али е А, а додека е во затвор, Сиси и останатите кои и помагаат ќе продолжат да ги вознемируваат девојките понатаму.
    Засега најлогична ми е таа опција, но кога ќе размислам дека ќе има уште две сезони и дека во досегашните пет одвај се наоѓаше малку логика, би рекла дека повторно ќе изврткаат уште 300 ликови во приказната и на крајот видовитата ќе ја направат А.

    Дефинитивно ми станува по малку напорна серијата, не знам зошто сеуште ја гледам.
     
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Најјако од се ми е, сите пишиме дека напорна станва серијата и зошто уште ја гледаме, а излези нова епизода први сме со коментари тука :D :rofl: :rofl:
     
    На prettyliar, Mishela и crimson им се допаѓа ова.
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.026
    Допаѓања:
    52.075
    Пол:
    Женски
    Хахаха
    Ама после толку многу сезони, уште да не ја догледам :D
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Жалосно и греота е, хауахуахауаах :D
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Си гледаме убаво облечени девојки и по некое машко. :D:D
     
    На prettyliar, Adi888 и crimson им се допаѓа ова.
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.026
    Допаѓања:
    52.075
    Пол:
    Женски
    http://fashionofprettylittleliars.tumblr.com/ кога сме на темата, види го ова :)
     
    На Adi888 и Mishela им се допаѓа ова.
  9. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    На mirandaa и crimson им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Листам низ гардеробата и се` некако ми се чини дека Хана најубаво ја облекуваат. И која трансформација и` ја направија - од Барби девојче до панк рок принцес.
    Повеќе и` лежи сегашниот стил, а и ретко кога некое парче да биде кич или неубаво. Или тоа, или јас највеќе се пронаоѓам во нејзиниот плакар. :wasntme:
    Плус, непребол ми се сукњите на Ариа и кошулите на Спенсер. Емили ми е просечна со стилот, ама затоа пак е убава колку за сите. Кога одвреме навреме им текнува да ја стават во некој фустан, се лигавам кога ја гледам, лепотица е.
     
    На 1209, sweet-cherry и crimson им се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.026
    Допаѓања:
    52.075
    Пол:
    Женски
    И мене ми е Хана омилена, и порано кога беше суперфенси со 12ка штикла во школо :D и сега.
    А во последно време и Спенсер е прекрасно облечена.

    Јас се лигавам на косата на Емили, како може да и е толку совршена :(
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Кај Емили до пред скоро не ми се допаѓаше бојата, многу сум пристрастна во врска со тоа, а кај нејзе за жал навистина не би изгледало убаво многу светла боја на косата. И покрај тоа, навистина е преубава како појава. Глумата и е тотално разочарувачка или пак тоа е заради фактот што секогаш е во позадина, како да ја засенуваат другиве. Можеби таков и` е карактерот и во книгите, уште не им дошол редот за да ги прочитам.

    Инаку, што се однесува за Хана - исто :D, само потајно се надевав дека ќе ја направат кул девојка и ете ми ја исполнија желбата. :D
    Од неисполнетите желби, ми остана онаа да ја спојат Спенсер со оној брејниак од минатата сезона. Баш ми беа убави за гледање.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Ја би за онај стил на Спенсер со чорапите до колена или некое фустанче или некоја сукња со обавезно некое ланче та долго та кратко, феноменално ја облекват.
    А во последно и на Хана Стилот ми е препреубав.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  14. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Мене на Хана стилот порано многу ми се свиѓаше,сега само некои парчиња.Ариа има убави алишта ама има и некои што се катастрофални,стилот на Емили е просечен и на Алисон исто така,а Спенсер и Мона имаат најубави алишта.:)
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  15. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Јас ќе замолам некоја феминка со подобра меморија или некоја која што скоро ја догледала серијата да ми помогни да се присетам на следново.

    1.Нели Дилорентис ја закопа Али зашто мислеше дека е мртва откако некој ja удри Али. И ја закопа.
    2. Нели Мелиса,мислејќи дека Спренсер ја уби Али, ја закопа Али?
    Па после направија дека ова шо го закопа Мелиса била Бетани.
    А Мелиса ја знаеше Алисон и ќе познаеше дека не е Алисон и ќе кажеше,немаше да ќути цело време.

    3. Телото на Мона го видовме во крајот на минатата епизода.Ме интересираа како тоа знаеа дека е убиена а тело нема?
    4. И дали е логично,бидејќи имаше негде на нет дека за брзо во некоја епизода ќе кажат дека Ариа летото пред да се соберат не била со нејзините нз каде туку била во Радли (и дека можеби тоа е причината што ја одбиваат на сите колеџи), но нели и Спенсер беше? И во наредната епизода кога ќе разговараат Емили и Ариа , Ариа ќе пишува порака и ќе крие од Емили со кој пишува,па имаше теорија дека Ариа е всушност А, и дека намерно прави така со колеџот за да не и заминат другарките за да не остани сама.
    5. Се сеќавате на љубовницата на таткото на Ариа,имаше теорија и дека всушност можеби е таа. (пошто нели Ариа беше со Алисон кога ги видоа па затоа сеа пред се ја гони Али заради тоа што Али му се закани на таткото на Ариа дека ќе кажи). А кажаа и дека ќе се појави истата.
    6. И некако нелогично ми се појавува братот на Али,нешто гарант ќе има и со Мајк (братот на Ариа,нели тој со МОна беше) и Сиси. Е сеа за Сиси ми држи вода дека намерно ја ставаат за да ни оттргнат внимание.
    И Мерлин (мислам така се викаше) рече дека А е некој за кој не сме ни размислиле но дека не се девојките ни нивните родители.
     
  16. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Алисон всушност сега има 18 години, а кога почнале со снимање имала 13/14 год. Така стои на википедија.
    И да, многу е здебелена дури огрдена ми е мене :/
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Знам, знам, проверив уште тогаш. Знаев дека некаде имам прочитано за тоа.
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Алисон а се личи само на 18 годишна не.
    Збуцакана е кутрата, кркала мнпгу за нова година и божиќ, LOL:lol:
    Шала на страна глупава ми беше епизодава, ништо посебно не се случи, пак кружење околу маца и ништо ново. Мајк на почетокот на епизодата ми беше многу сомнителен ама таква е серијава сите ги прават сомнителни и отпосле испаѓа вез брска тоа без никкава логична прична.

    Најдоброто нешто беше што ја снема Пејџ, се надевам дека нема наскоро да ја вратат, на Емс сто пати поинтересна да и најдат. Мртво пувало ми е Пејџ се намуртена безвезе лик.
    И Тоби ме нервира, за Арија да не праиме маубет, сите ликови почнаа да ми станваат претерано досадно и еднолични. Мислев дека откако се појави Али и се врати ќе биде серијава далеку боља ама џабе све је исто.
    Прочитав на нет доста сочни спојлери за Бетани и за целата банда, како на пример
    Ќе почине татко и на Емили од рака
    Маја е жива
    Бетани и Врен се роднински поврзани
    Што е точно никој не знае, ама има големи шанси да ма нешто вистинито.
    Серијава ми стана една навика, како стара долга и досадна врска, по навика....и нема оправување, само пута радозналост не можам да се откажам без да знам кој е А.
     
    На crimson и Mishela им се допаѓа ова.
  19. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Абе Бетани сигурно и е близначка на Алисон.
     
  20. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Имаше теорија дека всушност Бетани е близначка со Џејсон , затоа што биле исти години според прикажаното.
    Ако се сеќавате Бетани не е исти год со Алисон. Ќе се сетите ако ја гледате епизодата кога девојките разбраа прв пат за Бетани и ги контактираја незините другарки кои беа помали од нив.
    А теоријата со близначка во лудица некако ми е нелогична, прво затоа што и од самата продукција најавија дека нема да се водат според книгата,а второ Бетани си живееше со семејство одеше на школо,така да не беше затворена во лудница.