Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мали прекрасни лажливки (Pretty Little Liars)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од American.Woman, 7 април 2011.

  1. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Ќе се покаже да, бидејки во 6B вториот дел од сезоната ќе биде нешто спротивно од ова што се случуваше и ќе биде живот без -А. Мислам дека беше нешто поврзано со вистинската Сара Харви, што всушност се случувало.

    Инаку кај е Џејсон бе? Се повеќе ме тера да мислам на теоријата дека тој што мислевме до сега е Џејсон всушност Чарли. Не сакам да биде тој што е всушност -А.

    И Кларк испадна дека е полицаец? Од кај тоа? овде веќе ништо не се знае. И овој што наликува на Џејсон, Рис мислам дека се викаше што бараше во куќата на ДиЛаурентис? Мислам дека тој ги затвори Вероника, Ешли, Памела и Ела. Затоа што - А беше на матурата, друго објаснување немам. Или соработува со него. Лицето и изразот на Алисон ме наведуав да мислам дека -А е некој што таа го познава многу добро.
     
  2. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Не знам ама мене нешто ме тера да мислам дека сепак нема да го видиме лицето на Чарлс, не знам зошто така :D А и јас се зачудив за Кларк, откаде полицаец да е :^) и то ми е многу чудно,.
    Почнувам да мислам дека Џејсон е Чарлс, а Џејсон Рис не знам зошто така :D и дека некако се сменети и дека ќе има некоја таква теорија :D Боже свашта, ова серијата на се ќе те натера да мислиш :D, и која мајка ја бараше во куќата на Алисон??, со Вероника се мрднав од смеа, ептен ми беше јака денес.
    За ред коут немам коментар и појма немам кој би можело да биди.
    Одвај ја чекам другата епизода само то знам сега.

    http://hollywoodlife.com/2015/08/05...mmer-finale-sneak-peek-first-2-minutes-video/
    Видете го интересно е :)
     
    На Eli23, d.Darla, JustFun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Не сакам да помислам дека мојот најомилен лик во серијата би можел да биде Чарлс :( Ама ако тој е Чарлс како тогаш ги видовме заедно во таа епизодата кога и полицијата нападна, мислам кога Џејсон доби писмо? Леле не знам, не сакам да биде тој Чарлс. :( Рис ми е многу одвратен. Инаку да, Вероника беше многу јака кога рече Watch me кога сите мислеа дека нема да собере храброст да отиде кај Кенет :D
    Шо по гаволите Сара бараше со Емили? Ја мразам. Исто и Емили, сите девојќи ќе ги легне на крај :D
    Следната епизода.. па после за 5 месеци кој ке чека :(
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Синоќа ги завршив епизодите од новава сезона и се чувствувам изгубено, дури не знам ниту што беше приказната, кој, како, зошто ... се уморив. :yawn:
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.967
    Пол:
    Женски
    Уште не сум ја гледала вчерашната епизода, не можам да дочекам дома да си дојдам.
    Она што ме фрустрира во серијава е како до сега никоја од девојките не отидоа во полиција, никој од родителите во претходните сезони не приметуваа дека девојките имаа проблеми...Секогаш мислат девојките дека ќе решат се сами, ( а уствари одат во средно сеуште ), они ќе ги заштителе родителите и оние што ги сакале од А, боже боже...и секогаш ја оплескуваат работата.
    Хахаха
    Ама и покрај тоа си ја гледам редовно, си се дотеруваат и си се кул. Не се замарам многу со вакви мисли како погоре што објаснив :D оти крај краева филмче е и го гледам за забава. Немам намера роман да напишам за нив секако :rofl::rofl::rofl::rofl:
    Им завидувам на другарство што го имаат Ариа, Спенсер, Емили и Хана. Тоа ми е главната причина зашто серијава ми е интересна.

    Редовно ве читам, а не коментирам па чувствував дека е редно време да пишам нешто поише ;)

    Инаку, во врска со вашите последни коментари: Едвај чекам да се открие кој е Чарлс, и јас мислам дека е можно Џејсон да е Чарлс, ама навистина не би сакала. Баш ми е Џејсон срцка.
    Мислам дека нема да откријат до душа. Како што пишавте погоре, секогаш кога треба да го покажат во лице, нешто се случува.
    Девојкиве не мислам дека се тим А. Сара почнав да ја мразам од вашите коментари :rofl::rofl::rofl: Ми стана одвратна. На секој нов женски лик во серијата мора Емили да и се пушта. :puke:
    Мона деф е најсомнителна од сите.
     
    Последна измена: 6 август 2015
    На RecklessGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Емили има убедливо најлош вкус за одбирање партнерки, дури и мене ми е криво за неа. :D
     
    На Golden, sweet-cherry, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. RecklessGirl

    RecklessGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    @Eli23 Да да и јас многу им завидувам на пријателството, се држат заедно :D
     
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ми се стужи од серијава веќе. Се позаплеткано и позамрсено.
    Плавиов дечко што личи на Џејсон, ако не е Чарлс, кој е? Што мајка бара кај Алисон дома?
    Што е лезбејкава Сара? Скроз промашен лик. Лигава, патетична, сите да ја жалат...
    Обично секогаш пред ваквите финални епизоди, сомнежот паѓа кај некој нов лик, по мистериозен, тазе уплеткан во приказната. Баш ради тоа мислам дека оваа патетичнава Сара нема никаква врска, тука е само за да одвлече внимание, да си биде глупава и лигава.
    Многу теории за Врен прочитав. Има и за Кејлеб неколку. Мелиса дефинитивно е црната вдовица, тука нема грешка.

    Браво за костимографот, одсноно стилистката. Одлична замисла, уште подобра реализација. Многу добро вклопено со приказната и амбиентот.
    Не знам колку приметивте, ама накитот што го носеа епизодава беше непогрешлив!

    Мене само едно ме копка, КОЈА Е ПРИЧИНАТА што сето ова им се случува? Тоа да го дознаам и помирна ќе бидам :sweat:
     
    На Butterfly14, 1209, Eli23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. mariaamarija

    mariaamarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2015
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Мене ми треба помош. Сакам на филмовизија да гледам, но ми бара јава, а кога ќе симнам се е во ред додека не стигнам до verifying installation и ми се појавува ова http://prntscr.com/81n84r и не знам што да направам за да симнам јава. А на друго место со превод ги ставаат дури по 6 дена, само тука за 2-3 дена. Ќе ми помогне некој што веќе симнал јава или да ми помогнете каде да гледам на друго место но да ги објавуваат за 2-3 дена, и да има превод :)
     
  10. RecklessGirl

    RecklessGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    @mariaamarija Можеш а гледаш на Popcorn Time тоа треба да си го симнеш, а исто така и на www.kinoteka.ba и таму ги ставаат одма следниот ден :D
     
  11. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.967
    Пол:
    Женски
    Не ми се допадна каде славеа матура. Очекував нормална сала ко за нормална матура, не нешто тематско во стилот на А. И претходно имаа журки у таква ,,мрачна,,сала. Се само да може А подобро да се скрие, демек еве полицијата неможе да го фати. А на матурата, полиција нигде, а нели демек овие 4 беа опасни за останатите.
    Алисон мислам со Мона ќе се сретне, нема А да го отркијат.
     
    На Mishela и d.Darla им се допаѓа ова.
  12. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Е си се насмеав вчера баш со глупостите со матурата. Од толку многу родителиве и полицијата што сакаат да ги заштитат типкиве, матурата кај на отворено, па и воопшто полиција немаше и сите со маски?? Алисон па шо е со шминката работава? Зошто онаква во очите беше? Мајкиве никоја од нив мобилен со нив не носеше, полиција демек ги варди, а типов дома влезе без проблем и уште потрагично , ни газдава дома не беше, мислам татко и на Али :) :) Џејсон и тој го нема...
    А на Лукас се сеќавате? Што се случи со него? Еве го кој е ако не ви
    текнува http://www.imdb.com/name/nm2971230/?ref_=ttfc_fc_cl_i20
    Сега на imdb.com го барав во актериве во серијава и гледам за него пишува (2010-2016 , 23 епизоди), па мислам дека е можно тој да е замешан и вплеткан, значи би требало да се појави во епизодите следни чим пишува 2016 година...Исто и за Мелиса стои 2016
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.967
    Пол:
    Женски
    Хахах мислам дека ,,најнеспособната полиција,, е ангажирана во филмов.
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sarathequeen

    sarathequeen Нов член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Кој ја има гледано 9та епизода 6та сезона со превод?
     
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.015
    Допаѓања:
    51.984
    Пол:
    Женски
    Да, генијално, убиец се шета низ градот, кој веќе киднапирал 5 девојки, ај на матура да имаме маскирани луѓе и да може да влезе кој сака.
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sarathequeen

    sarathequeen Нов член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ве молам помогнете ми кај да ја гледам со превод, никаде ја немаат објавено а да има превод. Ни на филмовизија, ни на кинотека, ни на гледајсапреводом - никаде. Помош?
     
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    ^^
    Спушти ја од негде.
     
  19. sarathequeen

    sarathequeen Нов член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ќе ја симнам од каде било, но превод
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Преводи барај на http://www.podnapisi.net/.