Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мали прекрасни лажливки (Pretty Little Liars)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од American.Woman, 7 април 2011.

  1. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    нешто линк за специјалнава епизода?
     
  2. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Женски
  3. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Дали само мене ми беше предвидливо дека Сиси ќе излезе А? Буквално уште од првото појавување знаев дека таа е зад се, ама мислев дека има уште куп следбеници, вработени, како сакате кажете ги, зошто пример во дол-хаус нема шанси Сиси да беше маскираниот во костумот, ептен машко тело беше тоа, плус во неколку други епизоди кога го покажуваа во црн дуксер исто се гледаше машка фигура... :^)
    Што знам, се на се многу заразна серија ама со големи пропусти и куп нелогичности. Абе сите статисти "средношколци" најнормално облечени, овие 4 + Мона одат во потпетица до небо, абе ај, и некои такви баналности кои бодат очи. После, од каде Сара ја нашла Сиси и зошто би ја лажирала сопствената смрт за да и помага во тормозење на личности кои воопшто не ги познава? Од каде и беа на Сиси толку пари, разбирам дека мајка и и ставала на сметка ама на крај ја направија ѓоа милијардер, со толкав објект како дол-хаус, па уште на крај и фирмана? И плус, никако не можам да поминам преку неколку сцени од епизодата кога се откри Сиси дека е А, кога и раскажуваше на Али и даваа флешбекови, имаше неколку екстремно лоши монтажи на зелен екран што ако го споредите зелениот екран на Спенсер од првите 4 минути од 6Б изгледа како уметничко дело. |(
    Нејсе, се надевам дека во 6Б новиот негативец ќе е многу подобар и понепредвидлив од Сиси, иако од досега виденото пак приказната има пропусти: Сиси животот пекол им го правеше со години и сега одеднаш на Али и падна жал па ги замоли другите да кажат по некој добар збор за Сиси да биде ослободена, а овие се согласија? Дафак? (facepalm)
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.327
    Пол:
    Женски
    Пак никакво објаснување немаше за претходните случувања, се надевам сега после 5 години ќе има поинтересни и мистериозни случувања, зошто 5 сезони не умреа со А за на крај А да биди Сиси, мислам мораше да кажат кој е А бидејќи се вртеа во круг. Не знам зошто ама мислам дека пак ќе ја завртат приказната со А, останува да видиме :D
     
  5. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    На средина на 5та сезона сум и ги читам вашите мислења до каде што сум стигната со епизодите,и се чудам дали сум единствената што никогаш нема помислено дека некоја од 4те девојки е А хаха.Не знам зошто но тоа никогаш не би ми имало логика иако знам кој е А и не ми предизвика нешто да помислам дека можеби некоја од нив е..Останува да стигнам до сите расплети што ме чекаат но сето оваа е многу збунувачки. Серијава на почетокот првите сезони ми беше глупава скроз без смисла ептен тинејџерска со пропусти,ама и дадов шанса,сега ми е онака оправени ми се колку толку ама па не ми е тоа тоа.Ја гледам онака,зошто заразна ми е а и заради убавите дечки :D:inlove:
     
  6. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Знаев дека нешто е сомнително со Сиси, ама не и дека таа е - А. Мислев дека е вмешана во нешто но ниту на крај памет не ми дојде дека Али и Џејсон имаат уште еден брат/сестра.
    Она во дул хаус, костумираниот тип - Имаше објаснување дека се појавил прв пат на Спенсер поради тоа што со неа се чувствувал фамилијарно.. Од тука ми доага идеја дека е Тоби затоа што ја сака, Врен, поради тоа што беше со нејзе, и Џејсон затоа што и е полубрат, но косата многу ме потсетуваше онаа на Џејсон :(

    Зар не помисли дека всушност Сара не е Сара и дека е Бетани? или всушност Сара да е сестра близначка на Бетани па бара одмазда?

    Инаку читав спојлери дека една од девојките нема да се согласат да лажат за Сиси и дека тоа била Ариа. А Сиси ке умре. Штета, една од омилените ликови ми беше.
     
  7. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Некако ми нема логика Сара да е Бетани зошто телото беше најдено и закопано и тоа е дефинитивно, а не верувам ни да и е близначка зошто полицијата ќе знаеше дека би имала и би ја нашла, би се знаело дека има семество, или ако ништо друго другарките на Сара ќе знаеја ваљда ако имала близначка, барем ова според мене...
    За оној костумиранион од каде си чула дека е тоа некој поврзан со Спенсер? Немам чуено такво нешто или пак сум го изумила истото, а сите овие тројца кои си ги навела да се на кој било начин поврзани би ми било скроооз забегано и баш неочекувано.
    И, не би ми било жал Сиси да загине, ем пекол на сите им го правеше животот, ем не ми е никако битна.
    Ме иритира и тоа што Хана и Кејлеб нема да се заедно во 6Б. Абе се лажеа, се криеја, се зад грб еден од друг си правеа додека траеше збркава со А и со Рејвенсвуд па сепак беа цврсти и поврзани, сега одеднаш само зошто Хана многу работела Кејлеб не можел да го поднесе тоа. Бич плиз. Па уште и Хана се мафнала таму негде во Европа и одма не нов дечко ами свршеник, немој молим те. :fubar:
     
    На rhcpfan му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    И Алисон ја најдоа нели? Исто и Мона. Затоа ми дојде оваа теорија на памет бидејки во Роузвуд ништо не се знае. Тогаш која е причината од страна на Сара да ги малтретира девојките? Другарките не знаеја за близначка на Сара, но имаше еден дел во кој една од другарките кажуваше на Емили дека од денот кога Сара "исчезнала" е видена другиот ден. Инаку Марлене го кажа тоа во еден твит.
    А прочита за тоа дека Спенсер и Кејлеб ќе имаат авантура?
     
  9. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Еве не знам, навистина, се е можно. Сепак, кога веќе се обелодени која е А требаше да се разреши и се друго за сега во 6Б да си преминат како што треба, на 5 години подоцна. Вака, ем се знае која е А, ем пак куп витални прашања останаа неодговорени.
    Знам за теориите дека ќе се случи нешто меѓу Спенсер и Кејлеб и ако е вистина, крајно ќе ме разочараат двајцата. Спенсер затоа што баш сите ги пројде веќе, од пријатели до дечковци на другарки па дури и на родената сестра, а Кејлеб зошто тоа би значело дека неговиот карактер го измениле до срж, бидејќи Кејлеб кој ние го знаеме досега е многу мека, романтична душа која не би сторила ништо за да ја повреди Хана, во Рејвенсвуд (а претпоставувам и на други места) имаше толку шанси па не го стори тоа, и сега со една од најблиските другарки на Хана? Пак нешто според мене нелогично, ама пак нешто тотално можно, не се знае...
    Имаш ли некои теории околу тоа кој е новиот негативец? Јас се си мислам дека тоа е можеби уште некој кој ја познавал Сиси додека престојувала во Радли, или пак е некој кој ја има запознаено Сиси додека беше А. Или, крајно може да направат пресврт дека Сиси само глуми дека е подобро и дека е сменета, а всушност се уште да кове планови да им наштети на сите. Јас и моиве теории, се е околу Сиси. Ама друг некој негативец сега за сега не гледам, освен ако не е некој сосема нов, досега неспоменат.
     
  10. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Па ова околу Спенсер и Кејлеб не ме изненадува знаејќи ја каква е Спенсер, но Кејлеб можеби и се одмаздува на Хана на тој начин што го запоставила и запознала нов, кој и е веќе свршеник. Мене Спенсер никогаш не ми беше омилена.
    Друга работа, баш затоа што нема логичности кажаа дека и во 6Б ќе има одговори. Кој е новиот - А?
    Имаше теории за тоа дека е некој што го немаме видено досега. Одовде ја поврзувам теоријата дека една од лажливките( Ариа) има близначка и дека таа е новиот -А. Или можеби една од другарките на такозваната Сара Харви? Таа што не се појави на состанокот кога се запознаа со лажливките? Кимберли.
    Штом е некој што не имаме видено не можам да имам јасна претстава.
    Јас одсекогаш мислев дека Хана има сестра близначка. Не знам зошто кон таму ме води но мислам дека доколку Хана имала сестра близначка, нешто и се има случено и затоа е причината на разведувањето на родителите на Хана.
    Сите се можни осомничени во новата сезона па дури и Спенсер која има мрачно минато, кое е тоа мрачно минато? поради што татко и на Спенсер ја изварал Вероника со Џесика Ди Лаурентис? Овие две семејства секогаш го имаат одговорот и знаат многу повеќе.
    И на крајот едно прашање - ЗОШТО МЕЛИСА ИСЧЕЗНУВА ЦЕЛО ВРЕМЕ? КОЈА Е ПРИЧИНАТА?
     
  11. P.SIloveyou

    P.SIloveyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Четврта сезона,7епизода сум.Интересна серија,наменета за тинејџерки,мистериозна..Јас сум за повеќе за комедии да се опуштам и смеам.Ама PLL навистина иако не е комедија вреде да се гледа,само за губење време е,според мене нема некоја порака сега за сега,еднаш или двапати сам се расплакала.До нова година планирам да излгледам се до каде е снимено.Ќе имало и седма сезона така да како и што ѓи чекав вампирите цело лето така ќе си почекам и за лажливките.Девојките се слатки,не се слични една со друга,само ме интерсира како ќе заврше серијата среќно или тажно...?Вреди да се гледа бидејќи со крајот на секоја епизода ти сакаш да дознаеш што ќе се случи понатака.Зараза е серијава,како и сите останати.Совет од мене:
    СИТЕ ВИЕ ШТО ИМАТЕ СЛОБОДНО ВРЕМЕ А САКАТЕ АНГЛИСКИОТ ДА ВИ СТАНЕ ПОДОБАР ГЛЕДАЈТЕ АМЕРИКАНСКИ СЕРИИ!
     
  12. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Ја гледал некој специјалната епизода?? Нека кажи шо беше, како беше :wasntme:
     
  13. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    8.515
    Пол:
    Женски
    Добро бе кај ги гледате ПЛЛ,ја на Фокс додека не заврши сесоната,сега ги даваат пак репризите.
     
  14. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Јас не гледам серии на ТВ. Ги гледав овде: http://www.watchfree.to/watch-559b1-Pretty-Little-Liars-tv-show-online-free-putlocker.html - без превод; ако некоја ја гледала серијава со превод нека ти дадат и таков линк. :)
     
    На VladeMila му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    КЛИКНИ МЕ
    ^ Еве ти линк (без превод) од специјалната епизода. Немаше ништо посебно:
    Али и брат и ја посетуваат Сиси во болница (Али е во тајна врска со докторот на Сиси), сакаат да и помогнат на Сиси да излезе зошто веруваат дека таа е поправена, па Али ќе им прати писма на сите 4 девојки да се вратат во Роузвуд за на суд да сведочат дека сакаат Сиси да добие помилување. Мона и понатаму не и верува на Али, и ја посетува во школото (каде Али сега работи како професорка по англиски јазик). Мајките на девојките се извлекле безбедно од подрумот на Али, ама не се знае како. Емили работи како келнерка бидејќи се откажала од факултетот по смртта на татко и (тој загинал во акција на терен). Спенсер е во Вашингтон, си ја следи политичката кариера. Хана студирала мода и сега работи за некоја жена (не сфатив дизајнерка или нешто такво), патува по светот и е свршена за некој тип кој го запознала во Европа. Арја работи нешто во издаваштво или како лектор, појма немам. Тоби се уште е полицаец во Роузвуд и има многу пари кои ги добил како оштета поради експлодирањето на старата куќа (онаа која Сиси ја уништи). Кејлеб во Њу Јорк работи како IT техничар. Од последната епизода во 6А дознавме дека Езра ќе патува со другарката на Емили (заборавив како се вика), ама се случила некаква несреќа и Езра се враќа во Роузвуд тотално скршен, емотивно и психички, и утехата си ја наоѓа во алкохолот. Сите парови (Спенсер/Тоби, Хана/Кејлеб, Арја/Езра не се заедно). Тоби и Кејлеб се добри пријатели, но има шпекулации дека Спенсер ќе спие со Кејлеб па поради тоа Кејлеб и Тоби ќе се степаат. Кажаа дека во Роузвуд во 6Б Емили ќе се врати со најголемата и најмрачна тајна, која е таа, не се знае. Радли институтот во 6А го затворија, во 6Б е претворен во хотел/бар, па таму девојките ќе се собираат. Новиот негативец не се знае кој е, ама ќе бил многу пострашен од Сиси, додека Сиси си играла тој нема да сака никакви игри туку ќе напаѓа за да убие.
    И мислам дека околу приказната воглавно тоа е тоа, другиот дел од времето разговараа за новите сетови, новиот изглед на куќите на девојките, новиот стил на девојките, и тоа е се, кратка беше епизодата. :)
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Едвааај чекам да дојде Јануари значи срце ми плаче од шо неам шо да глеам.. Ништо не ми е интересно освен ПЛЛ
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Јас прочитав одлична теорија
    Ќе ја ставам во спојлер па кој сака нека ја прочита.
    Вилден не е мртов, всушност Вилден е Чарлс, а CeCe е Бетани, која ке ја исценира својата смрт и ке се појави во последната епизода
     
  18. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Нема шанси. Ова ми е веќе отидено во научна фантастика, хахахах.
    Според мене
    Вилден си е навистина мртов и мртов ќе си остане, а за Сиси си стојам на мислењето дека нема шанси туку-така одеднаш да е опоравена и се да биде ОК, сигурно пак ќе има некои сплетки и нерасчистени работи,
    ама ќе видиме.
    Она што ми го привлече вниманието деновиве се постерите за 6Б, многу ми се моќни:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На LitttleRNBPrincess, 1209, the.vampire.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  19. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Јас како што знам и што имам читано
    6б нема да има никаква врска со Сиси бидејќи таа ќе умре,и дека новата закана што им следи има врска со некој што е умрен заради девојкиве и некој си близок на таа личност сака да се одмазди за смртта.
     
  20. MevikaatDori

    MevikaatDori Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше малце чудно што кога Сиси седеше на балконот со таа "другарка и" шо ја бутна мајка му на Тоби и го заборавив името имаше околу десет години а Алисон кога беше кај Тоби дома мајкаму беше уште жива и имаше околу 15 год а нели кога ја банјаше Сиси на Алисон ,Алисон беше бебе а Сиси 5 годишно дете и нешто не ми е логично
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.