Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мали прекрасни лажливки (Pretty Little Liars)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од American.Woman, 7 април 2011.

  1. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Мене ова со Спенсер и Кејлеб воопшто не ме изненади и го очекував во секој момент..Да сцената беше секси но сепак ова не е во ред.Прво како можеа да заборават на пријателството помеѓу Хана и Спенсер? Плус Хана и даде некое одобрување што нормален чвовек не би го направил..Оваа толку нема врска и страшно ме нервира што го уништуваат ликот на Кејлеб.
    12647348_1025203264184552_3800181467037019737_n.jpg
    Очигледно имаат заборавено на оваа непишано правило но добро..Ќе видиме како ке се одвиваат работите и како после сето ова,се ќе биде во ред.
    Езра ми беше предобар во оваа епизода,баш ми се допаѓа ваков и Лукас ме изненади позитивно,баш беше интересен.Би сакала повеќе да ја има Мона а и ми фали Џејсон.
    Ептен споро се одвива дејството,освен ова со Кејлеб и Спенсер пребрзо беше...
    И не знам што им беше финтата со аутфитот на Хана,тоа беше како некоја ноќница а таа целата епизода се шеташе во тоа.Како за некој што работи во модна индустрија,изборот на гардероба беше ужас (facepalm)
     
    На JustFun, MevikaatDori и crimson им се допаѓа ова.
  2. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Не ми се верува колку е уште побезвезна серијава , божеее па и со Сара како некој робот се влечка по Емили :)))
     
  3. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Спенсер ми е преодвратна.Ај што и ги испоукраде дечковците на сестра и`, сега на ред дојде Хана.
    И сега кога ќе замислам воопшто не беше реално претставена како лик. Најпаметната Спенсер, најдобрата Спенсер... А уствари таа беше најпокварена. Се испомува со сите што ги запозна.. И што толку форсирање цело време да ја прават најпаметна?!|( Па другиве не се попрости од неа...

    Друго нешто што не можам да поднесам е стајлингот на девојкиве. Хана и Ариа во претходната епизода беа катастрофа.

    Сезонава искрено сосема непотребна испадна, епизодиве ги гледам површно и воопшто не ме интересира како порано.
     
    Последна измена: 28 јануари 2016
    На rhcpfan, Tiki-lolipop и JustFun им се допаѓа ова.
  4. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.327
    Пол:
    Женски
    Ајдееееееее Спенсер и Кејлеб, што му фалеше на Тоби.
    Значи арно си почнаа да си средуваат минусите ја снема Сиси, оти немаше смисла А- Сиси, ама сега ова не знам
     
  5. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Според мене баш имаше смисла што Сиси е А.Еве и видео што некој има забележано ептен детали уште пред да се открие.
     
  6. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Шо да кажам освен дека стварно ја уништија серијата. Не ми се свиѓа тоа шо Хана и Кејлеб не се заедно и Тоби и Спенсер. Несакам Кејлеб и Спенсер да бидат заедно едноставно не иде ичч, ама баш ич
    Плус новава епизода, заникаде. Татко и на Ариа ова да го напраи стварно ни на сон не би ми текнало. Лошо, многу лошо.

    Сеа барем не се празни пораките има по некое емоџи :rofl:
     
    На rhcpfan, Adi888 и 24.07 им се допаѓа ова.
  7. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Овој новиов на Хана е од Автралија или од кај е (не се сеќавам да кажаа од кај е), зашто акцентон му е страшно иритантен и едвај го разбирам, ги развлекува и лигави зборовите, одвратно ми е да го слушам. Плус, кај го најдоа толку старолик?
    Ич не си одговараат со Хана, ама баш ич!
     
    На tea4e и rhcpfan им се допаѓа ова.
  8. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Мене ми се допадна новата епизода.
    Многу ми е мило за Тоби, така и треба на Спенсер. Многу осомничени за убиството на Шарлот и на крај ќе испадне повторно на некој на кого не сме се надевале. И кој е тој со маската? Каде се Џејсон и Али ?
     
    На rhcpfan му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Епизодава не беше лоша но не ми се допаѓа како се одвива дејството.Oваа околу убиството на Шарлот кој знае кој ќе излезе дека е,не верувам дека е Бајрон.Новиот А воопшто не е креативен со таа грда маска,како некој од циркус ми е...Цело време се нагласува дека тие веќе не се во средно школо а прават поголеми глупости сега па дури и мајката на Хана...Новава девојка на Тоби ми се допаѓа многу и баш си одговараат.Хана и Кејлеб (мојот омилен пар) не добија такви сцени за 6 сезони како што добија Спенсер и Кејлеб за 4 епизоди,немам коментар..(facepalm):@ Не ми се зрели девојкиве како што пробуваат да ги направат дека се..
    Според мене мислам дека Џејсон е новиот А и го бара убиецот на сестра му,а убиецот е сосема некој друг.Инаку се надевам дека грешам бидејќи не би сакала тој да биде ;(
    Наредната епизода изгледа интересно и мислам дека ќе се дознае повеќе за Сара.
     
  10. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Не не, јас мислам дека баш е креативен новиот - А. Мене ми беше смачено со црни качулки и Ред Коат, ајде пак сега погоди дали овој
    со маската дали е жена или маж? И не мислам дека е Џејсон, едноставно не би можел да биде, ниту Бајрон, јас ипак мислам дека типот на Али овде игра голема улога

    12642747_457896291072661_4994762233651010753_n.jpg
     
    На Rirri и rhcpfan им се допаѓа ова.
  11. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека не е Џејсон, овој со маската беше многу низок а Џејсон е висок ко шо имам приметено или може сум грешка. Можно е да е Алисон :worried: или Мона..
     
    На JustFun и rhcpfan им се допаѓа ова.
  12. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Можеби не е,не знам би сакала да е затоа што Џејсон ми е еден од омилените.Но многу ме зачуди зошто го немаше на погребот на Сиси,и сцената на гробот на Џесика кога шоферот рече Sorry for your loss Sir ме натера да помислам дека можеби е тој.А може е и татко и на Алисон.Плус имам читано дека Марлин открива дека новиот А го имаме видено што значи не е некој од новите,но кој знае се е можно тука...
    А маската ми е смешна за некој што ќе ги доведува девојките во смртна опасност.Но од друга страна да имаше црни качулки ќе беше ептен досадно,пак се исто..

    12669648_1029533207084891_1400171713632588965_n.jpg
    :rofl:
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Јас не успеав да ги изгледам новите епизоди, утре ќе ги изгледам сигурно.

    Само ме интересира едно, тоа со Бајрон.Ако може некој да ми каже што се случи,за што беше осомничен?
     
  14. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Уште не се знае со сигурност што е со него.
    Ариа го украде клучот од станот на Езра и влезе додека тој не беше дома, и на телефонот слушна говорна порака од татко и до Езра, дека „мора да разговараат за она што се случило таа ноќ“. Потоа во колата на татко и виде дека ја нема палката за голф број 9, а новиот А им прати порака со таква палка за која се мисли дека е оружјето со кое е убиена Шарлот. Татко и и' се јави и и' кажа дека насамо сака да разговара со неа, и потоа го покажаа седнат во кола, како на некого (не видовме кого), му вели дека Ариа „изгледа знае“.
     
    На tea4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Можно ли е Алисон да е новиот -А?
    Мисли дека девојките ја убиле сестра и, па сега сака да им се одмазди. Незнам веќе толку е претерано, секој е сомнителен...
     
  16. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    И јас еднаш си помислив на тоа, иако не знам колку е можно, и реално ако излезе на крај дека таа е новиот А ќе биде крајно идиотски и психопатски од нејзина страна, по се што девојките сторија за неа низ сите тие години додека таа беше во бегство лажирајќи ја сопствената смрт.
    Плус, најмногу што ме изнервира од Алисон е тоа што го повика Лоренцо за да ја промени својата изјава и му кажа дека мисли оти девојките имаат нешто со смртта на Шарлот. Низок удар, дури и за некој како неа, очигледно за тие 5 години воопшто не созреала.
     
  17. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Не само таа, никоја од девојкиве не е толку созреана, колку што се обидуваат да прикажат и изглумат.

    И морам да искоментирам дека почетната шпица воопшто не ми се допаѓа, посебно кога ја даваат Емили. Катастрофа е испадната.
     
    Последна измена: 5 февруари 2016
  18. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    12687812_867962743301679_7455789138182209681_n.jpg

    Помисливте на ова?
     
    На rhcpfan му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Не баш,ваква споредба не си направив но помислив дека можеби е тој спомнав и погоре..
    Во оваа серија веќе се е можно навистина...Нема да ме чуди и Алисон да е вмешана...
    Потврдено е дека Врен се враќа во 7ма сезона и се надевам дека тој нема да е А зошто тоа би ми било најмалку логично нешто..
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.967
    Пол:
    Женски
    Ги изгледав последниве 3 епизоди наеднаш.
    Повеќе хемија има помеѓу Хана и Кејбел, него со тој новиот тип. Многу ми се фејк до душа сите во новиве врски. Не го доловуваат тоа воопшто како што беше со Езра, Кејлеб и Тоби.
    Се согласувам погоре со една феминка, Хана и Кејлеб немаа таква сцена како со Спенсер. А и музиката што идеше во позадина некако ми е несвојсвена за серијата, прв пат пуштаат во позадина нешто во тој стил.
    Дефинитино мислам Алисон е вмешана и им се одмаздува. Незнам дали приметивте дека откако се врати Алисон е некако буцкаста и ич не ми се свиѓа.
    Малку е глупаво што девојките еднаш веќе имаа искуство со А и сега повтоно паѓаат во истата замка. Место да кажат на полицијата или Хана на пример на вереникот, оние пак ќе се плашат и сите околу ќе ги изгубат.
    Далеку од тоа дека се созреани за годините што треба да ги имаат.