Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мали прекрасни лажливки (Pretty Little Liars)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од American.Woman, 7 април 2011.

  1. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    25.529
    Пол:
    Женски
    Хахаха леле бре, дали се нормални?! Прво Чарлс/Сиси сестра на Алисон и Џејсон, што прво и прво беше најголем fail што можеа да го направат и најапсурден расплет на сите претходни настани, па у меѓувреме за време на паузата од сезонава, им текнало на друго сценарио навидум поинтересно па ајде сега не важи тоа претходно. :rofl:

    Не би ме чудело да испадне дека Елиот е всушност Врен, ама направил пластична операција да си го смени личниот опис за да се одмаздува без да знаат кој е... Кога Сиси испадна дека била машко, зошто па да не и ова... (facepalm)

    Инаку мило ми е што се отворија картите со Хана и Кејлеб, и иако бакнежот не им беше соодветен во оваа ситуација, сепак кога ги гледам нив двајца немам чувство како да прават нешто погрешно, а со Спенсер и Кејлеб секоја сцена ми е неприродна и ми будат непријатни емоции кога ги гледам заедно.
    Уште кога Спенсер му рече i love you и овој само се насмеа... се' е јасно.

    Се надевам на happy ending, барем такво нешто им должат на гледачите, после сите глупости...
     
    Последна измена: 16 март 2016
    На sweet-cherry, 1209 и Tiki-lolipop им се допаѓа ова.
  2. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Значи Сиси била машко се викала Чарлс.Потоа покажаа во флешбек дека како Чарлс сакала да биде девојче,нели носеше фустани и кога пораснала си го сменила полот во женско и се вика Шарлот а се претставуваше како Сиси :)
    Значи Елиот и Сиси или се познавале од предходно (веројатно ќе добиеме одговор на тоа прашање) или додека тој ја лекувал се имаат зближено кој знае..
    @tea4e Мислам дека Елиот не и се одмаздува на Алисон,само мислам дека ја тргаат на страна да не им пречи.
     
    На navyforever му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Кога во животот мислиш дека си ја видел најголемата глупост у серија и сфаќаш дека секогаш има и поголеми. А серијава е дефинитивно врвот во тоа.:D:D:D
    Очекував дека близнакот ќе испадне некој сосема друг, нешто што навистина би не изненадило,а и објаснило повеќе работи,ама ете што би било пологично од лик што се` на се` се појави во 10 епизоди од 6 сезони,мислам и братучетка ми од 9 години би смислила нешто пооргинално,а да биде глупоста уште поголема ко помошник е лик што се појавува во последните 4 епизоди. Колку голем шок,вау.
    Ликови ко Џена, Мелиса, Џејсон се немаат појавено,како воопшто да не биле дел од серијава.
    Објаснување сигурно ќе има,ама колку ќе биде логично,сигурно како што беше и објаснувањето за Бетани и Сиси. Има сега време Марлен до јуни,ќе смисли ново сценарио:D
    А во врска со паровиве,се израдував стварно за Кејлеб-Хана и Ариа-Езра. Оттсекогаш сум ги сакала и ко ликови и ко парови и мислам треба крај да се стави на оваа глупост со Спенсер и Кејлеб зашто ептен се гледа колку е вештачка таа врска и дека Кејлеб уште ја сака Хана. А што се однесува до Спенсер она требаше да биде фрлена од црквата.|(
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    23.512
    Пол:
    Женски
    Ова серија е како пародија. Никој не знае што се случува, се е расфрлано. Не, не сум гледала по глупава серија од оваа. Толку ниско...

    Ај што нели поминаа 5 години, се уште се однесуваат како неискусни тинејџерки, па и тој малку напредок што го имаа во карактерот го уништија со враќањето на сите стари парови назад.
    Како дете од 5 години да седнало и да пишува драма.
    Немам зборови.

    Кејлеб не сакам ни да го спомнам, одвратен ми е. И Хана и Спенсер заслужуваат подобро. Спенсер особено.

    Ама Марлин не знае што друго да пише па ај безбезе љубовни триаголници ке трупа во серијата.

    Свашта еј.... :puke:

    И, да ве прашам нешто, одвратна е Спенсер нели што го „зела“ дечкото на својата најдобра другарка (и тоа е едно глупаво, непишано правило со друг збор глупост), ама Хана и Кејлеб напреееееед, бидејќи изневерување не е ништо, нели?
    Абе ајде.
     
    На 1209 и rhcpfan им се допаѓа ова.
  5. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Најдов нешто околу Џесика и Мери,па ќе го ставам во спојлер.
    [​IMG]
    Читав и друга теорија дека Мери можеби имала афера со татко и на Алисон и Сиси е негова ќерка, па сега сака да и го врати на некој начин животот што Алисон го живеела наместо неа.
     
  6. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    @Srckata28 Се согласувам со тебе.Најмногу ме изнервираа што го упропастија мојот омилен лик,Кејлеб.Колку само нетипично за него,немам коментар.
    И не знам зошто сите тврдат дека Спенсер и го има земено/украдено Кејлеб на Хана кога тие не ни биле заедно со години откако Кејлеб и Спенсер се зближиле..И ова сосема беше погрешно спрема Спенсер.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    25.529
    Пол:
    Женски
    ^

    Спенсер ни малце не ја жалам, бидејќи воопшто не е светица, да не заборавиме дека се има бакнато и со Иан и со Врен додека двајцата беа во врска со сестра и. Плус повеќе од очигледно е дека флертува со Тоби и дека сеуште има чувства спрема него, што значи и она не е сосема искрена ниту со Кејлеб, ниту со себе.
    Плус, не може да очекува врска со бившиот на најдобрата другарка, а да нема никакви проблеми. Јес да Хана и даде дозвола, ама тоа беше повеќе од немање друг избор... што требаше да и рече дека не им ја одобрува врската и тоа ќе ја спречеше Спенсер? Не, ќе продолжеа само без да знае Хана, зад грб...
    Комплицирано е уште у старт, така да... грешката е апсолутно во сите тројца, а не само во Кејлеб.
     
    На 1209, rhcpfan, Tiki-lolipop и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Спенсер дефинитивно не е ни малку наивна или пак безгрешна. Не знам ни според вас кое е тоа непрепишано правило да си во врска со бившиот дечко на најдобра другарка што биле во врска со години, што до вчера ко другар сум го гледала али тоа е само мое размислување и барем знам дека јас никогаш тоа не би го направила. Ама ете ко што посочи и Менди не и беше тоа проблем ни кога и расипа две врски на сестра и, и тоа со вереник. Оттсекогаш ми била преценета и опсесивно љубоморна, посебно во почетокот на Мелиса. И никогаш не сум ги сакала оние ликови кои ги претставуваат како најпаметни, совршени, а всушност Спенсер е спротивно и на двете. Не го оправдувам ни Кејлеб, се гледа дека има многу нерешени чувства ама Спенсер најмалку ја оправдувам и ич ич не ја жалам.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Јас зборував конкретно за оваа ситуација,да беше погрешно навистина беше посебно што се беше пребрзо.
    Во еден момент беше спремен на Спенсер да и каже дека ја сака (за малку),и ајде оп со Хана.Па колку и да ти се силни чувствата,свеста пред се.Самото тоа што и двајцата изневерија не беше типично за нивните ликови.Но не барам логика во ПЛЛ.
    А Спенсер е далеку од светица и безгрешна,сите се сеќаваме што и како правеше.И да,јас сум против одење со бивш на најдобра другарка и јас мислам дека не би можела да го направам тоа.Но во оваа ситуација како се беше претставено,и не беше до толку страшно како што замислував дека ќе е.И Хана е таа која што е верена тоа плус и беше најголемата пречка зашто не може да седи на две столици.
    Како и да е според мене целата оваа ситуација со љубовниот триаголник беше сосема непотребна.
    Се прашувам како Спенсер и Хана ќе функционираат после сето ова.Полошо ми се претставени сега отколку како тинејџерки,дури поглупави ми се..
     
    На 1209, Tiki-lolipop, Srckata28 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Женски сега епизода во јуни така? :) Страшно ме интересира шо ќе се деси понатаму :D
     
  11. badgirl2

    badgirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    19 епизода ли е последна или има излезено и нови?
     
  12. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Што ќе се случи? Ништо, како и секогаш големо најавување за на крај пак ни лупнат некои безвезе приказни.
    Најбитно е што старите ликови конечно ќе се вратат па можда ќе се случи некое мрдање од мртва точка на серијата.
     
    На Adi888, crimson и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.
  13. cat-woman

    cat-woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    459
    Кога ке излезе 20 епизода од 6 сезона? И таа ке биде ли последна епизода, или ке се снима уште?
     
  14. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Излезена е одамна :D
     
  15. cat-woman

    cat-woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    459
    Значи на оваа страна кај што си ги гледам онлајн гледајсапреводом.цом е до 19 епизода и проверувам така у неколку дена и ја чекам 20 епизода и ја нема...:)
     
  16. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Промо за првата епизода од 7ма сезона која излегува на 21 јуни.
    Изгледа доста creepy но не се надевам многу,бидејќи промото е секогаш добро а епизодата може да биде нешто сосема друго. И Џена се враќа дефинитивно, некаде 3-4 епизода :D
    https://www.instagram.com/p/BFUk7WUMhgb/?taken-by=prettylittleliars
     
    На JustFun и Adi888 им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.370
    Пол:
    Женски
    Кој се -А од самиот почеток на серијата?
    Јас сум до 5та сезона 21 сезона.И се сомневам дека Алисонн е А.
    Ќе ми откриете нешто што знаете?:D
     
  18. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Мона е оригиналниот - А, се додека CeCe Drake не ја превзема играта од нејзе, барем таа така кажа со својата приказна иако не ми е за верување.
     
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.370
    Пол:
    Женски
    Dojdov do taa epizoda.Da Cece e ustv Sharlot t.e Charles Di Laurentis..celata igra i macenje bila da ja zastiti Ali,jas taka sfativ
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Дали навистина е така? Многу има дупки во оваа теорија. На пример тоа дека Џејсон не знаел дека има брат/сестра. Потоа всушност Cece била ќерка на... ај да не спомнувам и откривам спојлери, продолжи интересно е.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.