Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мали прекрасни лажливки (Pretty Little Liars)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од American.Woman, 7 април 2011.

  1. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Да и јас се согласувам за тоа Save Hannah, кога се знае дека е жива и ќе ја има понатаму во сезоната. Ја следам Ешли на snapchat и постојано објавува слики од сет и видеа, така да уште многу ќе ја има.
     
  2. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Е да, на тоа заборавив. И јас ги следам, мислам таа беше на сет буквално 24/7 а ваму прават филмови :lol:
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Откако во 6А се откри конечно кој е А, оттогаш изгледав само уште 3 епизоди и ми беше предосадно, па решив да почекам да излезе целата сезона до крај па одеднаш да ја изгледам, само што уште ни тоа го немам сторено. :D
    Како и да е, само сакав да кажам дека ви ги читам спојлериве за тоа што се случува во епизодите, и како што тргнаа со близнаци, блиначки, двојници и што ти не, нема да ме чуди да направат: „Секој има свој близнак,“ - а неколку епизоди подоцна: „Но! Тоа не е се! Никој нема близнак. Всушност, сите се истата личност, само од паралелна димензија!“ :drunk:
    И на крај земаш и :headbang: зашто си потрошил бесповратно куп часови во гледање на нешто што ја снемува секоја смисла. Требаше да си завршат кога се откри А, аман веќе од вртење на веќе видено.
     
    На Victorian и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Значи серијава ептен од крајност до крајност замина, хорор комедија о.О навистина не знаат повеќе што да придодадат :)))
     
    На rhcpfan му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Не знаат што прават жими се. До 5та сезона беа колку толку интересни за гледање ама сега...Ептен е убрзано се и многу акцент се става на небитни работи. Искрено Мери ми е интересен лик до сега,буквално не знаат дали да и веруваат или не.Значи со овој љувбовниот триаголник скроз немаше потреба да комплицираат до толку, ми ги уништуваат омилените ликови |( Требаше да и кажат на Спенсер,инаку знаев дека ќе биде вака,демек направиле грешка и пак како ништо да не било.Затоа бакнежот беше погрешен и ете искомплицираа се.Ми падна жал за Спенсер,ја направија слабушка и приказната да и се врти околу едно момче. Не и треба никој,доволно е силна и паметна, подобро да остане сингл отколку да ја вратат со Тоби.Се надевам така ќе биде:D
    Додека Ариа мува не ја лази,многу ми е себична и одвратна.Буквално се и се врти околу Езра и со таа книга ме умреа од досада..Кутриот Лиам ;(ама битно го среди Езра :D.Професор и ученичка од средно = relationship goals :puke:.
    Значи многу побитни работи треба да се откријат и разјаснат ама книгата е побитна. Сега ништо чудно Елиот да биде тој што ќе го убијат. Едвај чекам да заврши серијата,требаше одамна крај да се стави,од мистерија се претвори во шпанска сапуница.Ја гледам само заради глумците,не ми се остава сега на крај ..
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Тотално без везе ова на крајот. Почнувам да мислам дека се е во главата на Езра и Лиам и дека всушност тие пишуваат за карактерите на лажливките. Со враќањето на Ноел и Џена а и Џејсон ќе се освежат работите. Мери Дрејк опасна иако со приказната што и ја кажа на Спенсер ми заличи на онаа на Шарлот што и ја кажа на Али
     
  7. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    И мене стартов на сезонава ми е ужасно досаден.
    Толку беше од тоа Save Hanna, толку промовирање, демек нас да не стават во неизвесност кога ете уште во вторава епизода ја спасија Хана, односно се спаси сама.
    Не ми е јасна уште Мери Дрејк, нели работат заедно со Елиот и ако е така, зашто тогаш Елиот не ја побарал со денови или зашто си работи на своја рака? Ако толку сакаше Мери да ја одмазди Шарлот, зашто тогаш сега ја жали Алисон кога таа беше иницијаторот и организаторот на сево ова.
    И досадни ми станаа овие љубовни триаголници, аман нека ги исфрлат веќе Џордан и Лијам, многу непотребни ликови ми се. И сакам да се појават Џена, Џејсон па и Ноел.
    Дури и Мона, де ја има, де ја нема. Малку акција барем да има и да почнат веќе некои работи да се откриваат нема да биде лошо.
     
  8. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Ноел официјално се враќа мислам во 7-8ма епизода, а исто и Џена сега брзо би требало да ја видиме. Исто така читав и за Џејсон ама не сум сигурна дали во 7A или Б ќе се врати. Искрено како е досадно сега,едвај чекам да ги видиме овие ликови,макар немале никаква поента на нивното враќање :D.
    Инаку ќе има запросување во летното финале и свадба до крајот на сезоната. 100% сум сигурна дека тоа ќе бидат Езра и Ариа. |(|(
     
    На Nellie и Tiki-lolipop им се допаѓа ова.
  9. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.327
    Пол:
    Женски
    За книгата сега се фатија(facepalm) па досадно е, се надевам дека ќе ја живнат сезонава, пуста Али само за хорор моменти му е. Добра беше теоријата за Спенсер, но сепак мислам дека А, uber A или како и да си го викаат сега новиов мистичен лик ќе биде некој од споредниве улоги, макар што по 6 сезони од Gossip Girl (можеби споредбава не ми е баш на место ама иста шема е на сред серија ја кажуваат личноста x која е па после уште некоја сезона вртење вистински кој бил) ми немаше смисла кога се откри така и овде ќе испадне.
     
  10. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Како се вика од Хана пријателон, сега што се врати пак оваа сезона?ч Никако не можам да се сетам не знам можеби сте го спомнале погоре....Се тој си мислев дека е од тимов или А главниот уште минатата сезона , се се надевав дека тој ќе испадни...Таков лик ми е, психо фаца :)))) скроз ми одговара да е тој А, најмногу им е дел од животов уште од почетоците....

    few minutes later: Lucas :) на него мислев
    Се си замислувам како серијава ќе ја завршат, дали сите во Бредли ќе се пријават на лечење :)))) и зум аут сцена на болницата, од далеку, всушност тие кко во куклен театар...
     
    Последна измена: 1 јули 2016
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774

    Мислиш Радли а не Бредли? Радли не постои веќе, го претворија во хотел, постои само болницата кај што работи Ролинс.

    Моја нова теорија е дека Спенсер всушност е Бетани, а вистинската Спенсер е закопана.
    Друга теорија: Двете мали близначки во приказната за Ноќта на Вештерките е дека се работи за Арија и нејзина сестра.
    Па видете зошто...
    Куќата кај што се случува тоа, наликува на онаа од приказната на куќата на Ариа, малото девојче си го виде ликот на ножот, погледнете кој постојано се гледа во огледало? Ариа. Кој сака многу кукли? Ариа.
     
    На d.Darla и Nellie им се допаѓа ова.
  12. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    7 сезона последна ли ќе биде?
     
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Мислам дека Да.
     
    На allaround му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Iskocena e 2rata epizoda?
     
  15. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Ехе вечер и трета ќе има :D
     
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав пред малце.
    Искрено од кога се дозна кој е А досадна ми е серијава малце ама ќе ја изгледам до крај.
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    П Р Е Д О Б Р А Е П И З О Д А..!!!

    Спенсер има најмалку право да се лути за бакнежот на Кејлеб и Хана. Мислам дека Џордан ја малтретира Хана или грешам? Не сакаше воопшто да зборува за него и како така наеднаш ја откажа свршувачката па го врати прстенот назад? Мислам дека не требаше да заврши Елиот на овој начин, и што понатаму?

    Следната епизода се враќа Џена, преголема случајност?
     
  18. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Kонечно подобра епизода од првите две заедно,ама сепак ми беше предвидена :D
    Многу ми е мило што Кејлеб беше ептен искрен со Спенсер а и двајцата ја разјаснија работата како возрасни,без избувнувања и слично..Само ептен ми падна жал за Спенсер бидејќи за се беше во право,дека тој е сепак збунет...Заслужува подобро но ете решиле да ја вметнат во љубовен триаголник.:@
    А ни на него не му е сеедно дефинитивно.Хана искрено ми е патетична,мани што се лаже себе па ги лаже и другите дека уште е свршена |(
    @JustFun не ја малтретира Џордан,премил беше човекот :D. Тие рани и се од убер А и демек не сакаше да зборува ни за тоа нити за Џордан бидејќи нормално немаше да сака да се издаде дека не се заедно.
    Инаку Емили ми е страшно досадна и себична.Буквално без поента и е ликот. Елиот мислеше лесно со Алисон хаха :rofl: Знаев дека тој ќе биде што ќе умре бидејќи само тој трчаше во промото во шумата и најлогично беше тој да биде во гробот. Ама искрено многу брзо и прелесно го решија што не ми се допаѓа.него ајде ја живнаа серијата малку.Барем за сега.Сега уште Спенсер нема убиено никој ако не се лажам,ептен си проаѓаат неказнети.:D
     
    На d.Darla и JustFun им се допаѓа ова.
  19. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Додека се обидуваа да ја спасат Хана, Емили очајно си бара нова девојка, Спенсер ја фаќаат напади на љубомора, Ариа и Езра преокупирани со книгата,а пак Тоби баш во тој период наоѓа да се сврши... (facepalm)|(

    Штета што го расипаа Кејлеб како лик, не ми е јасно што уште се врти околу Спенсер кога сеуште ја сака Хана. А Спенсер од една страна е љубоморна на Хана и Кејлеб, а од друга страна на Тоби. Многу е одвратна, и самата не знае што и кого сака.
     
    На Tiki-lolipop, Nellie, JustFun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Ххааха зошто сите гледаат така на Спенсер стварно не ми е јасно.Спенсер не е љубоморна туку сака да знае на што е.Не е глупава и веднаш сфати што е работата,додека Кејлеб беше искрен со неа.И убаво му кажа на него дека го сака,барем мене ми изгледа дека го сака многу повеќе отколку Тоби. И не ми ни тогаш изгледаше љубоморна кога отиде кај Ивон туку ситуацијата беше awkward нормално,ама испадна фер и го остави да си слави. А реално Кејлеб да, има сеуште чувства за Хана ама не е дека буквално ништо не чувствува за Спенсер. Да беше така и тој лесно ќе ја откачеше како Хана и Ариа што ги оставија нивните. Од новите врски само на Спенсер и Кејлеб беше некако најреална, колку и да го сакам со Хана ама беше двострано. За врските на Ариа и Хана не ми се коментира. Затоа оваа се е искомплицирано и не може лесно да се реши.Колку и да имаш чувства не може се да ти испари како ништо да не било,барем ова е најреално претставено. И Спенсер повторно и кажа на Хана дека требала да и каже тогаш кога ја праша за да прекинеше на време ама Хана сака на две столици и ете секогаш е Спенсер виновна..Ова е само мое мислење како гледам на работите,да не бидам погрешно сфатена...
     
    На d.Darla, 1209 и crimson им се допаѓа ова.