Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мали прекрасни лажливки (Pretty Little Liars)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од American.Woman, 7 април 2011.

  1. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Спенсер мене ми е глупача голема од сам старт..
    Прво со Иан па со Врен па со дечкото на оваа Хана, дај некој нека си најде што не бил со нејзина другарка или сестра..добро и беше со Алекс а после ќе биде со новиот детектив, абе ај.
    Ми фали многу Мелиса, многу.

    Туку излегоа теории на нет дека тоа детето со кој што зборуваа девојкиве е керка на Алисон, нели Алисон беше бремена од некого? Од Вилден мислам.
     
  2. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Ама за Иан и Врен не може само да ја обвинуваме неа. Не е дека тие двајцата не сакаа баш ништо,демек светци. Како што се сеќавам Врен и појде прв па после демек еј подобро тебе да те сретнев прва,бла бла..
    Горе доле исто и со Иан. Плус таа претставена како малолетна а тие како повеќе возрасни хмм:^)
    Не велам дека е светица,но не ми е за се таа крива,барем јас така гледам. И плус таа не го украде Кејлеб од Хана,има разлика не беа заедно.Кејлеб не е сопственост на Хана за да таа може да си го земе кога посака.Плус тие 5 години не биле блиски другарки како во средно,нели секоја на своја страна..
    Чувствувам како да ја уништуваат со љубовниве врски. Посебно со Тоби,најтоксична врска ми беа.Ја смести во Радли после работата му беше секогаш побитна,скроз ја занемаруваше.И затоа таа го и изневеруваше на некој начин.Не оправдувам изневерување ама ретко кога тој беше тука за неа,често беше бескорисен. Штета што оној дечко уметникот Џони го тргнаа,ептен си одговараа и тогаш ликот и дојде до израз. Мене ми е омиелна заедно со Хана,ама реално ниеден лик не е перфектен и безгрешен.
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CrAzZyYy

    CrAzZyYy Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2011
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    2.213
    Пол:
    Женски
    Did you miss me,bitces?
    -C

    Дефинитивно ми фалела серијава, заглавив негде на 5та сезона и неделава ја догледав во меѓувреме ги прочитав сите мислења после мојот последен коментар во темава кој беше негде јуни 2015.
    ИИИ не се каам што ја догледав, воопшто ниту една епизода не ми беше досадна иако читам дека вие сте имале досадни моменти, можеби бев во предност што не чекав епизоди туку ги гледав една по друга. Од дамна претпоставува дека ЦеЦе е А, и некако сакав таа да е А. Ја обоавав но приметив нешто. Сите ликови што ги обожавам ги снемува или се менуваат, Али многу ја сакав ја снема, кога се врати не беше таа злобната, Цеце исто, Џејсон и Ноел од време на време се појавуваат, Шон скроз ми исчезна уште неможам да го прежалам.

    Иначе ке ставам неколку спојлети,
    теоријава е чисто моја незнам како не некако ми дојде на пает уште кога ја изгледав епизодата без да читам коментари а сега како ги читам вашиве коментари се повеќе верувам во неа.
    Прво што ми падна на памет е дека всушност полубратот на Спенс не е Џејсон туку Цеце,Чарлс, значи татко и на Спенс немал афера со мајка и на Али туку со Мајка и на Цеце, некако многу чудно ја гледаше Спенс кога беше кај нив Мери и и рече дека Хејстингс секогаш биле добри во чување тајни. И кога ви ги читам теорииве дека Спенс има близначка мислам дека за ова се работи. Секако ова е само мое мислење

    Иначе имам уште некои не решени мистерии или пропусти во серијата или пак моја грешка нешто заборавено.

    Алисон уште многу пред да исчезне во една Хелоувин епизода на тиква забодена со нож доби порака од А, а девојките многу после тоа добиваа такви пораки. Сакате да ми кажете дека тој А беше Мона?

    Куќата на Дилаурентис имаше нови газди МАЈА мислам дека таму живееше, и ако се сеќавам она се исфрли од куќата Ем од пред куќа ги гледаше исфрлените работи како ги ставаат во камиони и зема некој медал и напомена дека тоа се работите на Али, како сега собата на Али беше непипната со сите мистерии,тајни места? /

    Од кога умре Али почнаа пораките, од кога умре Цеце се вратија пораките, нека не умира веќе никој од таа фамилија иначе ќе ни нема крај

    изгледа земаа многу пари од серијава па не им се остава така со оглед на тоа дека до 2017 ќе ја гледаме.

    Можеби навистина немало потреба од овој љубовен триаголник, но зарем единствена сум што приметува дека и8ма повеќе хемија меѓу Кејлоб и Спенс, Отколку Кејлоб и Хана

    Омилен дел од мојов повраток во серијава
    [​IMG]

    Јас пораснав и созреав со серијата ликовите уште нe :D

    ИИИИ ДЕЖА ВУ

    [​IMG]
    [​IMG]


    [​IMG]

    и двете имаат некој ХЕНДИКЕП
     
    На Nellie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Мене па баш ликот на Кејлеб ми го упропастија од кога го споија со Спенсер. Нивнава врска не ми делува ич природна, скроз ми е извештачена и само ставена колку да видиме демек што се случило за тие 5 години.
    Всушност целиов концепт 5 години подоцна е глупост, и воопшто не личи како да поминале 5 години, нити некоја од девојкиве е созреана, само ги разделија демек секој на своја страна, воведоа еден куп нови ликови, а старите се изгубија потполно и сега и тие ликови што ги претставија како набрзина ги откачија и настана каша-попара.
    Навистина не очекував дека Ролинс толку брзо ќе умре, баш на некој начин имаше некоја логика он да е Убер А, заедно со Мери и сега го убија. Многу избразано ми дојде.
    И да, Хана се понаша многу разлигавено, у реду е, сфаќаме низ што поминала, ама може барем да им ја каже вистината. Од една страна лаже за Кејлеб, а уште го сака, од друга страна лаже за Џордан, па дури и Спенсер заслужува да ја знае вистината, и нејзини чувства се во прашање.
     
    На 1209 и d.Darla им се допаѓа ова.
  5. P.SIloveyou

    P.SIloveyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Ќе има ли 8 сезона?
     
  6. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Нема да има, мислам дека премногу ке дојде. Требаше одамна да ја завршат.
     
    На P.SIloveyou му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.560
    Допаѓања:
    42.962
    Пол:
    Женски
    Единствено добро што остана во серијата е костимографијата, само ради модните комбинации продолжувам да ја гледам серијава, најискрено. Спенсер со кафеното мантилче, милина за очи, Хана во коралниот фустан, ах.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Добра беше епизодава.
    Џена и Мона едноставно ми беа најомилените ликови во серијата. Спенсер ме нервира малку со нејзиното нафрлање од еден на друг а еден момент помислив дека Тоби ќе им каже дека го нашле Елиот Ролинс или кој и да е тој.

    Следната епизода ќе биде доста интересна.
     
  9. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Добра епизода,некако живнуваат.Да не им е Мона буквално ќе бидат изгубени скроз и ништо сами не би успеале да направат. Затоа ми е еден од најомилените ликови.Џена сигурно нема да е вмешана туку тоа така е намерно ставено за да помислиме дкеа всушност можеби има врска со АД,а ќе излезе нешто трето. Сцената со Спенсер и полицаецот беше сосема непотребна и ептен ископирана од 50 shades of grеy :D Баш искористи тоа што е пијана ама барем таа прекина на време :D Сцената со Кејлеб Спенсер и Хана ми беше ептен тажна,посебно ме фати жал за Кејлеб,мислам за сите беше тажно но сепак тој е баш на никаде.Е сега кој ли ке испадне дека е тој што го убија :D
     
  10. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Типично за Спенсер, одсекогаш беше и остана таква.

    И се надевам дека запросувањето следната епизода нема да е за Спенсер од Кејлеб, инаку тука завршува серијава за мене.
     
  11. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Нема да бидат Спенсер и Кејлеб. Хана и Спенсер ќе го бараат бидејќи тој си отиде,нема да се појави воопшто во 5та епизода.. Дури сигурна сум дека ќе бидат Ариа и Езра иако буквално ама ниеден пар нема логика да се вери баш сега бидејќи тотално нема смисла,ама ова е ПЛЛ |(
    После секс запросување,сите чувства на место wow :rofl::clap:(facepalm)
     
  12. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Или Спенсер и Кејлеб, или Ариа и Езра. Нема кој друг.
    Но, не би ме изненадило и Кејлеб да се врати со предлог за брак.
    Инаку веќе ќе се потврди дека "Ролинс" е А. Д.
    Ама ако ја продолжат приказнава со А, и се појави друг лик стварно ќе е за никаде.

     
    Последна измена: 13 јули 2016
  13. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Не би требало бидејќи потврдено е дека Тајлер (Кејлеб) нема да биде во таа епизода,а по телефон не би требало да ја запросува :rofl: А плус врската им е на никаде така да нема логика. Не дека има логика за Ариа и Езра ама прочитав дека во 6та епизода ќе се соочат со непријатности во нивната врска. Што по непријатно е да запросиш некој од нигде ништо без официјално да се смириш :rofl::rofl:
    Но тука се е можно,што и да се случи нема да ме чуди.
    Ме чуди што мора буквално се да откриваат што ќе се случи наместо да не држат во неизвесност. Пример во промото не требаше да стават дека ќе има unexpected proposal.Да не го напишаа тоа можеби ќе беше unexpected за сите нас ама вака :rofl:(facepalm)
     
  14. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Единствено unexpected би било ако Емили ја запросат :rofl::rofl::rofl: За останативе се очекува.
     
    На PrettyDramaQueen, d.Darla, rhcpfan и 2 други им се допаѓа ова.
  15. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Нели ви е чудно исчезнувањето на Кејлеб баш кога го убија Ролинс?
     
  16. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Не затвор, ма доживотен заслужуваат сите 5.
    До сега направија преку 100 кривични дела вклучувајќи неколку "случајни" убиства, несреќи нели, преку 20 провали по домови, болници, полициски станици и што ми е најкомично од се, е тоа што си влагаат буквално каде сакаат, кога сакаат, и нигде нема обезбедувње, нигде нема персонал, така Ариа си влезе со Алисон, ходникот празен, а психијатриска установа е со 24/7 надзор, камери па дури имаше и време да ја бара Алисон насекаде и да ја смести во кревет и да излезе. Глупости.
    Убиства нерешени со години, така си тапкаат во место, Вилден, 10 полицајци што работат на случаевите или се вмешани и испаѓаат дека се -А, или исчезнуваат без трага, докази никакви, сите можат да си фалсификуваат и да си подметнуваат што сакаат.
    А за девојкиве немам коментар, муви-без глави. Човек убија, ај да беше еден.. не знам како можат да спијат навечер? Како и секогаш без полиција, никако да се пријави и полицијата тоа да го реши, они сами ќе закопуваат, па кај сами ќе закопуваат врска немаат што треба да прават, Мона да не им ја среди работата ќе пропаднеа сите, Спенсер тогаш најде да паѓа во депресии за Кејлеб, тоа човек само што закопаа она отиде се изе*а со рандом тип да му врати на Кејлеб. Вау колку одговорно.|(|(
    Е ваквите нерегуларности и тоа што те прават мутле при здрав памет ме тера да не ја гледам серијава и така цела епизода превртував со очи.
     
    На 1209, crimson и rhcpfan им се допаѓа ова.
  17. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Не,си замина од мака човекот...

    Спенсер дефинитивно немаше секс со полицаецот,се сопре на време пред да направи глупава грешка додека беше пијана. Премногу беше брзо а и искрено тој го искористи малку тоа што таа беше во таква состојба.Го гледам и анализирам нејзиниот лик како нешто многу повеќе од тоа што на моменти изгледа дека е.Беше т.е буквално е зависник и особено прави глупави грешки кога ќе и се случи нешто лошо. Ни на неа ни на Хана најмалку им беше сеедно што го закопаа Елиот тек така,бидејќи сите се соучесници без разлика што Хана го удри.Плус тоа во хотелот и беше како некое алиби на некој начин,бидејќи така може да се вади дека била таму.А сето ова премногу и дојде со Елиот,потоа нејзината врска,ја изгуби работата и буквално ова со А не им дава нормален живот да имаат.И самата кажа дека тие 5 години конечно се чувствувала слободно и се враќаат во Розвуд и ајде се одново.Плус не можеше и многу да размислува под дејство на алкохол,си направи грешка што сепак можеше да ги чини многу.Не велам дека алкохолот беше решение ама ете сите прават грешки на некој начин.Сепак тука беше Мона :D Хана исто така,после она со А и малтретирањето " (сама си ризикуваше) и оп стана неподнослива па ајде веднаш му раскина на Џордан. Исто како после долхаус,и тогаш беше неподнослива и сите ги отфрлуваше од себе.
    Додека Емили и Ариа ми беа најлабави да не кажам,мува не ги лазеше,баш како ништо да не се случило.
    Сепак се е ептен избрзано.И се ќе сфатам ама запросување после 5 епизоди каде што буквално никој ама никој нема логика да биде верен значи немам коментар...Врските им беа единствено нешто реално претставено пред да поминат 5 години сега и тоа отиде скроз надвор од реалност ама ајде...
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  18. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Мене ми е премногу жал за Спенсер. Хана почнав да ја хејтам многу. Прво ова си го напраи сама тоа за да и биде таков животот сеа, и рекоа сите да не иде ама она е глуп инат. Коа изглегоа од долхаусот беше неподнослива и сеа е неподнослива, као само на неа да и се дешаваат срања. Втора работа е лошо шо не им кажа на најдобрите другарки дека веќе раскинала со Џордан него мораше Мона да знае прва.. Многу гадна личност ми стана премногу!
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    https://www.instagram.com/p/BH5YrpdhYVl/?taken-by=huwcollins
    Ја мислам дека ова кажува се,одејќи по тоа дека стварно не знаат како да ја држат серијата во неизвесност и спојлнуваат буквално се,мислејќи дека сите ние пиеме нафта.:D
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Само навистина не ја разбирам причината како Врен би бил Убер А и зашто?