Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мали прекрасни лажливки (Pretty Little Liars)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од American.Woman, 7 април 2011.

  1. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Па искрено ни јас не разбирам. Ама ако решиле да направат така ќе најдат начин...Знам дека сите очекувале тој да излезе наместо Сиси,тогаш па воопшто не ми беше логично. Ама сега нели на некој начин тој беше поврзан со неа и Радли,кога ја посетуваше Мона т.е кога и беше доктор. Па во 6Б имаше некој флешбек од Мелиса и Хана и го спомнуваа него и Сиси.. Не се баш јасно сеќавам но тука се чувствував како да даваа некој хинт дека може некако ќе го вметнат во сето ова.И Марлин има изјавено дека смртта на Елиот ќе го налути уште повеќе А.Д па нема да ме чуди да испадне дека му е некој брат или нешто врска немам :D Ако е воопшто тој.
    И двајцата имаат британски акцент само по тоа би можела да ги сврзам и по овие слики на инстаграм :D
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Ноел Кан, Ноел Кан!!!! Ми недостигаше прекрасниот негативец.
    Имаше спојлери дека Сара Харви ќе умреше во оваа епизода но ништо, а мислам дека нејзиното вракање повеќе ќе ги заплетка работите. Ариа со Езра ја претера, себична е и досадна посебно кога ја напушти Алисон. И многу сакам Езра да дознае за Никол, иако мислам дека тоа е дело на А. Д
     
    На rhcpfan му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Какви патетики,какви смешки немам коментар...Значи Ариа си е ептен себична,прво не му кажа за Никол второ секогаш Езра и е предност пред другарките. |( А и запросувањето.. Не сме биле во врска 6 години ама нема везе,биди ми жена :rofl: За 6 години бре и карактери се менуваат и луѓето се менуваат и чувства шанса нема да бидат исти ама ајде..Плус они немаат појма,доста работи не знаат еден з друг и ајде одма врска па сега запросување...Што повеќе да кажам :D Мери ми се допаѓа како лик,ептен ми е мистична па уште целата во црно баш шири некоја чудна енергија ама ми се допаѓа. И не мислам дека е злобна. Ноел, не сум била фан на него но искрено ептен добро дојде,да потсети малку на старите сезони:DИ во 7ма епизода Џејсон,е тоа едвај чекам :inlove:
     
    На PrettyDramaQueen, Tiki-lolipop, navyforever и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Навистина смешки испадна ова со запросувањево, баш од нигде никаде.
    Знаев дека ќе бидат Езра и Ариа зашто тоа беше најлогично, ама покрај сите овие драми, убиства, лаги што им се случуваат уште свадба па фалеше. Сите проблеми си ги решија демек па дојдоа до таму да живеат спокојно.
    Секој момент А.Д може да му прати една порака на Езра и нивната врска да се распадне, зашто едноставно таква е серијава има милион лаги меѓу нив, а и општо меѓу сите.
    Пет години се многу години, со скоро никаков контакт и сега се вратија и сакаат да направат како воопшто да не поминало време и они да не се смениле.
    Зарем цел живот ќе им помине во страв, уцени и во Роузвуд? Премногу грешки направија девојкиве, стварно животот им е каша попара, никоја уствари не знае што сака, сами си даваат теории, не им ни гајле кој ќе настрада. Се појави Џена и готово она е А.Д. Кога така и направија на најдобра другарка, на Алисон па што се очекува за друг.
    Многу се себични и заслужуваат се што ги снајде, дури и да е според мене, јас не би ја завршила среќно серијава, зашто не го зааслужуваат тоа.
     
    На rhcpfan и 1209 им се допаѓа ова.
  5. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Ариа и Езра ми беа ептен смешно облечени за нивни години додека зборуваат за брак и се запросуваат по втор пат :rofl:Сеуште не можам да поверувам дека пројдоа преку тоа што го направи Езра во 4 сезона...Колку ми беше мило што Алисон им го плесна сето тоа во лице и им отиде така со џемперот :clap::rofl:
    Малку ми е жал што вака Спенсер и Кејлеб завршија искрено.Ги споија само за да направат драма без никаква поента,за да се биде како што било порано.Но Спенсер испадна премногу фер што на нејкој начин не сакаше да проба пак, а ни тој не инсистираше затоа што е збунет па очигледно не сакаше да ја повреди повторно.Раскинувањето ми беше тажно и ептен добро одглумено,го поднесоа тоа баш како возрасни.Се надевам дека после сето ова Спенсер нема да ја вратат со Тоби инаку ќе жалам што ја имам почнато оваа серија. Или пак со детективот,заслужува многу подобро. И сцените со Хана ми беа предобри и помалку непријатни.Иако толку хејт добива Спенсер,сепак на некој начин ја охрабри Хана да му каже на Кејлеб и буквално да оди по него..Ако Хана и Кејлеб се смират,перфектно би било тоа да биде во вториот дел на сезоната,инаку вака би било пребрзо.Сара...Знаев дека ќе умре,ама не верувам дека Џена ја има убиено,сепак се е можно.И баш делуваше исплашено,ептен ми падна жал.
     
    На Tiki-lolipop, JustFun и PrettyDramaQueen им се допаѓа ова.
  6. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Ариа на почетокот ми беше една од омилените но премногу го отупеа со Езра сцените. Дај нека се појави Никол или нешто околу неа да биде малку поинтересно.
    Конечно прекинаа Спенсер и Кејлеб, не ми беа некако за заедно да бидат.
    Жал ми е за Сара, колку и да ми беше одвратна и никаква сепак мислам дека без неа нема да биде многу поинтересно затоа што тргнаа еден осомничен за виновник а со повеке осомничени ќе беше поинтересно.

    Следната епизода конечно Џејсон.:l:
     
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.791
    Допаѓања:
    25.261
    Пол:
    Женски
    Женски, каде ја гледавте новата епизода?
    Не знам што се случува, не можам да најдам ниту торент, ниту линк некој добар за гледање онлајн...

    :doh:
     
  8. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    http://arenabg.com/svali-torent-pretty-little-liars-s07e06-hdtv-x264-lol-633591/
    Јас од тука или од замунда ги симнувам:)
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.327
    Пол:
    Женски
    Јас сум воодушевена од епизодава, ги тргам настрана љубовниве триаголници( веќе не можам нека се заедно Хана и Кејлеб , Спенсер и Тоби и да се вратиме прва сезона) запросувања, туку пак почнаа да заплеткуваат и навистина ако Ролинс е мртов, супер, а за Сара стварно ми е мака , се трудеше можеби навистина да им помогне на девојките сепак и тие неа ја зедоа под закрила едно време. Чудни работи се случуваат, не сакам да им е оваа последна сезона.
     
  10. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Конечно се мрдна од мртва точка.
    Солидна епизода.
    Ариа и Џејсон? од секогаш го сакав за неа, некако слични ми се, со Езра некако досадни се, се надевам Никол е жива и ќе остане заедно со Езра. Јас мислам дека Ноел е другото дете на Мери Дрејк..
     
    На rhcpfan и Nellie им се допаѓа ова.
  11. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Кога Спенсер им ги даваше ланчињата, ме потсети кога Алисон им ги даваше алките со имиња. Иста сцена, тогаш Алисон, сега Спенсер.

    Колку што знам, уште три епизоди до финалето. И сигурно пак нема ништо да се разреши,па повторно ќе чекаме до продолжението.
     
    Последна измена: 10 август 2016
  12. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    [​IMG] :inlove::inlove::inlove::inlove::l:
    Малку ми беше спора епизодата,некако Џејсон ја извади во секој поглед.Неговата појава навистина беше потребна,а и предобра е во секој можен поглед.Се враќа таков,ненормално секси,заштитнички настроен спрема Алисон,so done with everyone and everything :rofl:
    А тоа каков потенцијал имаа како пар со Ариа не ми се коментира.Џејсон ми беше перфектен избор за Ариа уште од втора сезона.Ете се откри дека имало нешто меѓу нив двајца за тие 5 години,ама така ти е кога се промовира врска која според мене е погрешна во секој поглед (facepalm) Имаат многу хемија навистина и секогаш ќе жалам што не добија повеќе шанса.Ариа кога е со Езра ми е неподнослива,а сега најверојатно ќе излезе дека Никол е жива.Добро е што Хана и Кејлеб почнаа споро да се враќаат на тоа што некогаш биле,и редно беше да му ја каже вистината.Тоби ми е скроз непотребен во серијава моментално,и баш би сакала да не се врати,ама желбата нема да ми се исполни.Инаку јас мислам дека можно е Спенсер да е ќерката на Мери..Наредната епизода веќе изгледа многу подинамично.
     
    На JustFun и 1209 им се допаѓа ова.
  13. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    Дајте торент од последнава епизода?
     
  14. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.327
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека Ноел можно е да е другото дете на Мери, ако не е тој , тогаш сигурно детето на Мери е А.Д така им оди то фамилијарно :D. Јас сакам Спенсер и Тоби да се заедно, жална е кутрата со никој не и успеа. Џена има некаква врска и Ноел со се ова што се случува, и најмногу се радувам што конечно покажаа една мајка во сезонава :D
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    И јас се приклучувам кон теоријава дека Ноел е другото дете на Мери. Иако премногу очигледно го направија негативец, сепак најмногу ми оди дека е замешам во сето ова.

    Сега почнав да го менувам мислењето за Мери, не мислам дека има лоша намера. Да, претераа на почетокот со Елиот, или како и да се вика, ама мислам дека после тоа таа се подобри.
     
    На JustFun и Nellie им се допаѓа ова.
  16. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Низ интернет се кружи теоријата дека Спенсер е другото дете на Мери.. Ако испадне така ќе ја убијам Марлене.
    Ми се смачи се да е околу фамилијата Хејстингс или Ди Лаурентис. Зошто не може да биде Хана или Ариа можеби?
     
  17. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Jас прочитав теорија дека Џејсон можеби помага на А.Д (поради тие документи што ги изгоре со името на Ноел и Ариа) ама некако не ми се верува многу во тоа и реално не би сакала да испадне такво нешто.На почетокот на вториот дел на 6 сезона мислев дека може Џејсон е А.Д затоа што некако би имало логика,да го бара убиецот на сестра му/братучедка му.
    А ако е Ариа ќерка на Мери тогаш би испаднало Џејсон повторно да има врска со роднина,се надевам дека нема да е така поради таа причина инаку кутриот тој :rofl::rofl::rofl:

    Прочитав уште една теорија дека можеби Џена е убиецот на Шарлот бидејќи ја помешала со Алисон (нели и таа беше тогаш во црквата),зошто нели имаше флешбек со Шарлот па тоа всушност би било добро ако е точно.Добар мотив за да ја тргне од патот на Шарлот и Елиот баш тогаш кога таа излезе од болница.А Ноел веројатно и помага да ја прикрие.
     
  18. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Не, не верувам за теориите на Џејсон затоа што имаше теории дека и тој е всушност Чарлс, а тој беше најголемата жртва кога се откри ова со Шарлот.
    Во серијата е се можно бидејки нели се откри дека и Мелиса се бакнала со Џејсон, а јас мислам дека таа е А.Д или е таа или е Езра бидејки тој секогаш е "out of town" кога се случува нешто а тојк е опседнат со Алисон.

    Е сега, јас никако да сфатам дали Џена е слепа? ако таа е слепа не може да ја убие Шарлот.
     
  19. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Па искрено ни јас не знам,најверојатно е слепа освен ако не го лажирала целото слепило после операцијата.Мене ме збуни една сцена кога ставаше кармин после операција и уби мува на огледало и после тоа не знам што се случи испадна дека е слепа сеуште. А тогаш баш се виде дека операцијата успеала. Не знам дали беше вака бидејќи не се сеќавам добро, но нешто имаше сигурно.
    Би имало логика да не е слепа и да ја турне по грешка ако била нешто завртена со грбот и слично ама ако е слепа,ми нема баш логика освен да има некој соучесник.
    Јас сум 90% сигурна дека Врен е А.Д а има шанси и за Мелиса да е.Повеќе мислам дека она е негов помошник.
     
    На JustFun и Nellie им се допаѓа ова.
  20. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Да, се сеќавам на таа епизода па после кажа дека е повторно слепа, нејзини приказни.
    Мене Шарлот или CeCe сепак ми беше омилен лик, кога се појави, сакам да не е мртва.
    И не знам зошто мислам дека Маја не е мртва? Никој не се сети на Маја, затоа шт6о нејзиното тело не го дадоа.
    Не сакам Мелиса да биде од тимот, премногу ми е омилена.