Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мали прекрасни лажливки (Pretty Little Liars)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од American.Woman, 7 април 2011.

  1. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Епизодава беше цели 30 минути влечење за нос и во последни 10 минути се исподешаваа сите работи што требаше уште пред неколку епизоди.
    Ова за Спенсер дека е ќерка на Мери беше повеќе од очекувано, мислам и самата Марлин со милијарда хинтови што ги дава, и по самите ужасни промоа кои се откриваат, се знаеше уште пред 3 епизоди. Нема да умре сигурно, ова беше колку да бидеме демек во неизвесност, само што во наредната недела Марлин пак на твитер ќе сподели дека Спенсер е жива. Толку од напнатоста.
    Две работи ми беа најдебилни во епизодава, прво како тоа секогаш ги губат доказите место одма да ги однесат во полиција, Хана ужасно се прави паметна, океј признавам и требаше храброст за ова што го направи, ама да ја пушти камерата да снима баш кога го мачи Ноел и притоа да го остави сам, а камерата таму е една од поголемите глупости. Каква логика е таа, барем до сега да научеа нешто од грешките. Мона како и секогаш доаѓа да ги спаси, зашто се изгубени гуски без неа, и секако мора на најинтересното да ја снема. Друга работа ми беше Џена со пиштолот. Е тука се утепав од смеење, значи слепа е, и самата не гледа кај оди со пиштолот, овие се вртат како кокошки околу неа, а никако да и удрат една од позади и да и го земат пиштолот. Или пак Емили си го заборавила телефонот, како?? На масата со бебињата ли го остаи?|(
    За Езра и Никол не коментирам, сосема непотребни заплетки, што се однесува до мене може да си остане таму со неа, Ариа и така ми е поубав пар со Џејсон, Езра како лик го уништија скроз. Али, бремена, до негде се шпекулираше вакво нешто и се очекуваше, ама волку брзо дека ќе заврши со Емили, не,не,не утка голема. Пејџ небитен лик, не знам што бараа да ја вратат. Исто и Сидни, од нигде никаде се појавува на две секунди и ја снемува:^)
    Единствено што не ми е јасно сега е што бараше Мери таму, зашто изгледаше како да ги шпионира од далеку, зашто А.Д ја зема Џена, кој уствари ја застрела Спенсер и дали тоа значи дека Мери сепак работи со тој што се претставува како А.Д?
     
    На senjorita-v, Nellie, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  2. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Значи олку крипи момент, како овој со Ноел, немаа за сите сезони уназад. Што имал тој со Шарлот? Како и од каде биле толку блиски што сакаше да им се одмазди, па ѝ помагал и во долхаус. Ајде за Џена видовме дека се спријателиле ама Ноел??!!
    Поглупав начин да дознаеме за детето на Мери не постоеше. Толку глупаво испадна, очекував многу подраматично откривање. А толку се прошири теоријата за Спенсер што веќе и премногу очигледно беше. Мислите дека Мери беше во куќата само за да ѝ помогне на ќерка ѝ или беше и со некоја друга намера? :^) И како жити сѐ А.Д успеа да ја земе Џена кога беше во иста соба со Спенсер и Мери? Како успеа да им се искради така и никој да не го види? Типично, нели.
    Ова со Никол е толку глупаво.Ако ја сака уште што и понуди брак на Ариа... |(
    Пејџ толку не можам да ја поднесам :puke: одсекогаш ми беше премногу одвратна, сега и да е замешана во играва не би ме чудело.
    Тоби сигурно ќе умре, го нема веќе и на снимањата така да...

    Незнам веќе кој би можел да е А.Д, ништо веќе не ме изненадува па дури и тоа да е повторно Мона. Таа ја започна играва,таа може и да ја заврши.

    Како и секогаш, премногу прашања, малце одговори.
     
    Последна измена: 31 август 2016
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    @navyforever сега се сетив дека јајце клетките на Емили исчезнаа па така ова твојава теорија би можела да има смисла ама премногу Emison сцени.. дај бе да и најде Марлене некој згоден дечко на Емили, доста и беа лезбејски врски.
    Зошто никој не ја сака Никол? Според мене таа ќе биде освежување во серијата, и онака беа здодевни Езриа сцените и Ариа беше многу себична, се и се вртеше околу Езра па можеби сега ќе мисли и малку на она што се случува.

    И ајде нека се врати Врен.
     
  4. CrAzZyYy

    CrAzZyYy Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2011
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    2.213
    Пол:
    Женски
    Научно докажано, проверено и потврдено, секој мој омилен лик умираа, или исчезнува од серијата или умира па оживува, ајде да си направам ретроспектива
    Алисон,Маја,Вилдн,Сиси,Џејк беше совршенство што требаше да остане во серијава,Џејсон еднаш у 10 години се појавува,Врен исто,Мелиса ја нема и сега фаворитот над фаворитите ми остана без глава...
    иии нели ке траеше 2 саати епизодава или грешка сум ?

    Вака според моја претпоставка Тоби и Спенс ќе преживеат Ивон ќе умре зошто нели мора некако пак да ги спојат нив двајца -.-, Незнам зошто без никаков доказ или било што ама мислам дека А.Д е некој од родителите, Питер, Вероника.. другиве не ми се умешани во приказниве воопшто. Не верувам дека е мона АД зошто она остана со Кејлб во Радли со отворена уста како успеа цена да им избега.

    Иначе тоа што го зборите за бременост на Алисон, ми нема никаква смисла, за бебе се потребни јајце клетка и сперматозоид со што јајце клетките си се во Алисон а колку што знам нема можност Емили да произведува сперматозоиди така да ќе излезе нешто друго со нејзините јајце клетки, или ке ја баталат таа приказна, им требаше начин тогаш да направат Емили да биде шворц да нема од кај да најде пари, а незнам дали го приметивте делот со бебето што го фати во раце зошто толку чудно го гледаше???
    како и да е се ова ќе го заборавам дооооо април :)
     
    На 1209, rhcpfan, JustBeautiful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    @JustFun хаха и ја викам да ја сменат малку Емили доста беше со лезбејкиве...
    @CrAzZyYy има некоја смисла пошо само требаат сперматозоиди може да е или од Врен или Ноел нема друг, она кажа дека била внимателна..

    A шо бидна со последната епизода од 6та сезона кога девојките влагаат во училница кај Алисон и демек ‘‘доаѓа по тебе’’ ја до сеа сцената ја неам видено..
     
    На Oleeenka и JustFun им се допаѓа ова.
  6. alena19

    alena19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да дознаам кој е А Д сеозните завршуваа и правеа да мислиш е сеа се се открива и на крајот пак ништоооооо сеа 8 месеци во заблудаа !!!
     
  7. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Па мене искрено ми падна жал за Ноел,мислам не дека ми е многу криво ама таков лик си требаше,сепак добар негативец беше и никогаш не знаеме,што и како е со него. Тоа што открија дека работел со Шарлот беше едно од подобрите откривања за кое не спојлнаа и никој не очекуваше.
    @CrAzZyYy инаку и мене ми нема логика женско да биде бремено од женско, колку што знам тоа е невозможно :D иако кружеа такви теории што лично мене ми се страшно глупави. А тоа што биднала беља кај Алисон е сосема друга работа.
    Ова со Никол е ставено само за да се искомплицира врската на Езра и Ариа бидејќи премногу лесно се верија без никаков развој на врска и слично... Сосема е небитна и верувам дека ова е последен пат што ја гледаме, свадба ќе има сигурно :rofl: Иако никогаш нема да прежалам за Џејсон и Ариа ;(
    А ова што глумциве спојлнуваат стално е лошо, единствено овој што го глуми Тоби се криеше на снимање за да сега се чудиме дали е мртов или жив а сите знаеме дека ќе преживее..Марлин нема да убие главен лик,се знае. А тоа што најверојатно ќе ја убијат Ивон за да ги спојат Спенсер и Тоби,немам коментар.
    Зошто беше направен тој time jump од 5 години за да буквално сите парови се вратат како што биле а пред тоа само искомплицираа без везе. По лошо пишување на серија немам видено,барем врските им беа реални до пред вториот дел на 6 сезона а сега...|(
    Инаку финалето 7x20 ќе трае 2 часа и верувам таму ќе натрупаат се живо и диво,зошто на наредните 9 епизоди ќе се фоксуираат на паровите само и на глупости..."Mистеријата" им е ептен занемарена..
     
    На JustFun, 1209 и Tiki-lolipop им се допаѓа ова.
  8. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Или така ми се чини само или поглупава епизода немам гледано (facepalm)
    Врв на се беше “моментот од шпанска серија на крај“ - Перо јо сои ту мадре, но ме дехес иха миа |(
    Серијава дефинитивно станува мизерна :^)
     
    На 1209, PrettyDramaQueen, Macufka1014 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Замисли тоа е последната сцена од финалето во 7Б :rofl: Приказната за А никогаш не завршува :rofl:
    Нели Марлин е во прашање, а од женава буквално сѐ се очекува.

    И стварно женава не ја разбирам,сѐ откри што ќе се случува. Божее женоо глупава...

    Мелиса дефинитивно не се враќа, така да отфрлете ги теориите за таа да е А. Д, додека Врен ќе биде во повеќе епизоди.
    И да, треба да очекуваме повеќе од една свадба, само што не знаеме кој е вториот пар.
     
    Последна измена: 31 август 2016
    На PrettyDramaQueen и navyforever им се допаѓа ова.
  10. lana666

    lana666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    55
    Има шанси Ивон да умре, па Тоби и Спенсер да се венчаат.
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    Ако добро сфатив, фактот што Џена и Ноел и помагале на Шарлот во doll house, тоа значи дека сите заедно биле -А, не само Шарлот, што има повеќе логика искрено, затоа што Џена има најголема причина за одмазда.

    Е сега A.D. и што му е нему целта, се изгубив, не знам дали се одмаздува за Шарлот или си има друга идеологија, не можам да се сконцентрирам искрено, шпанска серија, мајки, ќерки, се е испомешано.

    Бременоста на Алисон и јајце клетките од Емили се глупост, ако -А сакал да ја забремени Алисон, поради x причини, потребни му се само сперматозоиди, а не и јајце клетки од Емили, бидејќи Алисон си има нејзини...

    Колку повеќе навлегувам во детали на серијава, станува се поретардирано, но ајде...
     
    На 1209, JustBeautiful и Tiki-lolipop им се допаѓа ова.
  12. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    ова со крајов со сообраќајката на Тоби намерно е сега така направено, демек жена му да умре и тој да се врати со Спенсер, што значи истото да биде и со Хана и Кејлеб, искрено и јас сакам така да се вратат како парови
    исто така се шокирав за Мери како и е мајка на Спенсер, и ми се вртат 100 прашања и А.Д кој би можел да биде сега
     
  13. P.SIloveyou

    P.SIloveyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Интересна беше оваа 10тата епизода.Спенсер не ми се верува да умре,а од сите девојќи од почетокот Спенсер најпроблематична фамилија.Многу тајни во таа фамилија има.Кога отки дека има полубрат(за Џејсон)со Мелиса се исподешаваа 100работи,со мајка и таткои..а сега и ова дека вистинската мајка и е Мери.Епа не е ни чудно тие 2семејства Хејстинг и Дилорентес се поврзани многу.А кој и е татко.Можеби овој што си беше и ќе и остане татко,а да не ја погрешил Мери со онаа сестра и оти исти се близначки:wasntme:..Ова со Никол го наравија демек жива за да се одолжи венчавката,и наместена е и сообраќајката на Тоби и Ивон:nod:.И јас сум сигурна дека тие 3 пара ќе се врнат.А нема ни да се чудам ако Емили не остане со Алисон и го чуваат заедно бебето,со Самара сигурно е дека нема да остане..а пак со Пејџ незнам тогаш Алисон ќе е сама:^).Како и да е серијава верувам дека ќе заврши среќно,заслужија девојќиве да бидат среќни после се што им се изнадешава..:D
     
  14. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    леле ќе завршува у април, уште 10 епизоди, баш сакав уште
     
  15. FireStar

    FireStar Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Јас прекинав да ја гледам серијата од 6-тото mid season finale, т.е.
    ко испадна дека Сиси е А
    и ко сфатив дека џабе сите мисерии кога имаја толку големи plot holes и грешки.

    Ама сега ко најавија дека седмата е последна сезона и ќе има уште 10 епизоди си мислам барем да ја завршам. Шо велите? Вреди да се продолжи?
     
  16. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    @FireStar доврши ја не оставај за малце сеа :D

    Јас ја почнав од почеток да ја гледам и си смеам колку сум си ја тупела главата и колку денови пројдов по страни да читам теории. Сеа сум до која искача Мона дека е -А, од нигде некаде хаха..
     
    На FireStar му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774


    Разгледував многу теории за можноста на А.Д. Оваа ми е доста интересна теорија, а почнав да мислам дека и Кејлеб е А.Д. Па зарем никој не се посомнева во него? Или Езра?
     
  18. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Стигнав до 6та сезона кога ќе поминат 5 години и Сиси ќе ја убијат. Стварно многу deep shit има во серијава, со пардон на израз. Ептен некои глупави слеткувања, нелогичности. Чисто колку за релаксација е ок, ама сериозно многу утнале со неа.
     
  19. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Не се замарам многу кој е А.Д ,ама засега ова ми е листата.Најдов доста работи,ќе ставам нешто во спојлер.

    1.Јас не се сомневам со Кејлеб,ама ако треба би го ставила заедно со Мона во група,двајцата,сам не!
    „This scene caught my attention. So, Mona and Caleb know how the other likes their coffee, and not only that, feel comfortable with this move?“
    [​IMG]

    2.Мона,која и ја започна оваа игра.Најпрвин не верував дека би можела повторно да биде таа,ама после неколку теории што прочитав мислам дека е можно.
    She chose AD for “Alison DiLaurentis”, the girl she once so badly wanted to be“.
    Или ако не заради тоа,поради ова!
    [​IMG]
    3.Врен. Се враќа ненадејно,а и никогаш не се разјасни што имаше со Сиси
    Дефинитивно е маската со која А.Д ја нападна Алисон. Е сега дали е намерно објавена сликава за да се сомневаме или навистина стои зад ова...Ќе видиме.


    [​IMG]
     
    На JustBeautiful и JustFun им се допаѓа ова.
  20. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774

    Да, доста интересни работи си поставила, и јас се зачудив во врска со маската што ја објави ама сепак знам дека Мона од сам почеток е вмешана и никогаш не ја рпестанала таа игра.

    Е сега ќе се вратам назад кај Бетани, премногу се спомнуваше а ништо не знаеме за неа, како изгледа, дали навистина е мртва или не.
    Сепак пак мислам дека нешто има горе поврзано со видеото кое го поставив.
     
    На tea4e му/ѝ се допаѓа ова.