Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мали прекрасни лажливки (Pretty Little Liars)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од American.Woman, 7 април 2011.

  1. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Кога веќе зборувате за А.Д и теории иако не читам многу бидејќи повеќето ми се бесмислени и напишани онака, не верувам во нив од неколку причини.

    Оваа серија не е вид на серија во која буквално можеш да се сомневаш во секој од прости причини што главните ликови како што се лажливките нема шанса да се вмешани, нема логика (освен за Алисон може да се каже дека е можно) како и нивните партнери бидејќи ако испадне некој од нив АД нема да може да останат на крај со лажливките како Кејлеб,Езра,Тоби.А се знае дека нема шанса да се растурат паровите заради оваа,ги спојуваат повторно како ништо за да ги разделат повторно,не верувам.

    Сцената со Кејлеб и Мона стана најкоментирана после финалето демек ептен чудно,што лично на мене не ми е, рандом сцена се работи за кафе значи сепак често работат заедно. А и не се важни такви детали во серијата.

    А.Д го бара убиецот на Шарлот,значи тоа треба да биде личност на која Шарлот и е била блиска и драга,некој со кој Шарлот е во добри односи.

    Мона да биде А.Д ми нема логика а и искрено не би сакала (не велам дека нема шанса да биде) затоа што и таа беше жртва на Шарлот. Ја киднапира,ја користеше како своја кукла,значи буквално исто се однесуваше со неа како со лажливките. Зошто би сакала Мона да одмазди смрт на некој што се однесувал со неа ептен лошо? Знам дека ќе најдат причина ако решиле да ја направат неа А.Д ама мене лично ми е многу глупаво.И замислете да се губи време на нешто веќе видено,што буквално нема да изненади некој...

    Од една причина почнав да верувам дека можеби Лукас е А.Д иако нема никаква поврзаност со Шарлот (а можат да му најдат) е тоа што Грунвалд рече дека лоши работи се вртат околу Хана и Кејлеб..
    Лукас и понуди работа на Хана,предходно беше опседнат со неа па може да се каже и вљубен,Хана и Кејлеб се моментално во неговиот стан и мислам дека ќе живеат таму,ќе го има доста во вториот дел а зошто? Никогаш не ми е била јасна неговата појава бидејќи е непотребен ама доста е сменет од порано.

    Други двајца на листа ми се Врен и Мелиса.Имаат поврзаност со неа и двајцата,за Врен како што рече некој и не дознавме многу.Плус не се живи ако не спојлнат,дека Врен се враќа и ќе има некое големо откритие :rofl: Така да јас сум дури сигурна дека е тој.

    Иако мене само може да ме шокира ако е некоја од лажливките,друго ништо нема да ме изненади.Имаше една ептен добра теорија за Спенсер мислам дека ја постирав еднаш.
     
    На the.vampire.girl, MandyLane, JustFun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Јас сум до 5-та сезона и сменив мислења за ликовите од почетокот па до сега можеби неколку пати. Хана ми е омилена исто и Спенсер , Емили актерката е преубава али ликот ми иде на живци понекогаш, премногу е добра и наивна, Ариа кога како ама не ми е нешто посебно. Кејлеб ми е срцка сега во пета кога се врати исто и Тоби од машките. Езра неможам да го сварам , напочетокот ми беше симпатичен како лик али сега дефинитивно еден од најдосадните |(. Ликот на Алисон никогаш не ми се допаѓал. Вака во глобала кога се собрани сите заедно 4-ката + машкиве ликови и кога не кријат од нив работи тогаш е најинтересно оти досега сите беа вмешани неколку пати и не е ферски да бидат изоставени и овие главниве цело време кријат нешто од некој , се тајни , тајни. Инаку серијата ми е една од најомилените моментално ,ми се допаѓа спојката од различни ликови: досадни,мистериозни,интересни,nerds,оние како Алисон, исто дел од мистеријата се разреши кога Алисон се врати во Rosewood па затоа се надевам на добар крај за останатиот дел од мистериите . Напната е серијата, постојано те држи во неизвесност, те наведува дека еден е А , а испаѓа сосем трет, можда на некој и му е досадно тоа со А , што цела серија се врти околу тоа , ама мене ми е интересна и жал ми е што оваа година ќе заврши,затоа и побавно го гледам , за кога ќе стигнам до 7-ма да биде испаднат и вториот дел од сезоната.

    Се надевам дека како парови ќе останат Кејлеб и Хана, Спенсер и Тоби, Ариа и Џејсон (ма да не верувам) .А за Емили немам одредено :D:f:
     
  3. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.327
    Пол:
    Женски
    Имаше summer finale? :doh: Ве читам од преѓе и ми изгледа ко не 2 епизоди да имам пропуштено, 2 сезони , вечер надоместувам.
     
  4. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Откако се дозна на крај на 6А која е всушност А изгледав потоа уште две епизоди и баталив досадно ми изгледаше, па сега се наканив да ја догледам во два дена. Ама баш ништо интересно, постојано истото се врти. Кој/а и да излезе на крај дека е А.Д. ќе ми биде сосема сеедно, единствено за што жалам е тоа што непотребно му го искомплицираа и уништија ликот на Кејлеб со квази врската со Спенсер (де е со Спенсер, де ја бакнува Хана, па и вели на Спенсер дека тоа било моментална грешка, за наредниот ден да спие со Хана - глупости). А да, и нема да прежалам што Арја не е со Џејсон, душичка е дечкото, за разлика од Езра на кој тотално му пропадна ликот, нека си го тој во џунглата со Никол.
     
    На twilight123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Незнам дали откривам нешто за тие што ги немаат гледано последните 2 сезони , нека биде во спојлер :D

    Неможев да издржам и ја изгледав и 6 и 7А. Само мене ли ми се допаднаа најмногу 6-та и 7-ма сезона од сите до сега? Бидејќи многу беа поразлични од останатите, некако и ликовите се променија. Мислам дека повеќе и обрнуваа во овие две сезони внимание на Емили од претходно. Спенсер е тотално променета , некако покршлива личност е станата и затоа ми беше сфатливо тоа што се заљуби во Кејлеб. Бакнежот со Тоби на крај може и не беше потребен ама и тоа го сфаќам бидејќи сепак имаа историја долга и широка заедно, ама мислам дека Кејлеб и беше таа искра што се случува еднаш во животот.Од страна на Кејлеб малце се разочарав (бидејќи ми е најомилен лик) со тоа што неможеше да си ги одреди чувствата како да е некој тинејџер сеуште. Хана ми остана најомилена од лажливкиве посебно овие две сезони омилени ми беа настаните со неа. Сменив мислење и за Ариа, доста посимпатична ми е од претходно , и голем лајк за стилот овие сезони, со Џејсон се пресовршени заедно она така мала, а овој голем (дека и ја сум ниска:lol:). Езра напочеток од 7-ма сезона почнав пак да го засакувам како лик, ама типот ми го скрши филмот на крај. Теоријава дека А.Д е Алисон и мене ми изгледа како највалидна, само да не испадне Врен оти некако сите тоа го очекуваме. Приметив дека овие две сезони нема грешки некои како претходните и дупки во приказната можда оти сеуште не е разјаснето се , ама се надевам нема да уништат. Нешто што ме иритираше е што лажливкиве правеа такви гафови и грешки како тоа што Емили го заборави телефонот , претходно во друга епизода слично се деси мислам со Хана и бележицата. И во тој поглед се однесуваа како уште да се 16 години и оваа да е 1 сезона |( криењето на толку работи од полицијата и баш не им требаше. И ми се допадна што овие 2 сезони како да гледав некоја серија за повозрасни , заразлика од минатите каде што серијата беше повеќе со тинејџерски шмек, мене ми се допадна тоа што обрнуваа повеќе внимание на паровите , а шлагот на тортата беше мистеријата, а претходно беше обратно.Се разочарав што ја немаше почесто Џена (кралица е типката) ,Ноал Кан најомилен негативец,штета што така заврши гадно :(. Исто последнава сезона немаше да биде иста без Мона, и тоа како ги доведуваше сите во ред.:DОмилена сцена ми беше онаа со Спенсер, Кејлеб и Хана, кога раскинаа Спенсер и Кејлеб (убаво беа доловени емоциите, се изнаплакав), а најомилена секако со Хана и Кејлеб во 10-та епизода.Фали Коди Кристијан (Мајк).И за на крај се надевам дека нема да ми го убијат Тоби.:!:

    И нешто што најдов
    Will her pregnancy storyline really be explored in 7B?

    Yes. Absolutely. For both Alison and her friends — especially Emily.

    Читав поназад мислења и да точно е дека неможе да биде бебето на Емили и Алисон ама што ако е Алисон сурогат мајка во овој случај, а јајце клетките се од Емили?


    ИИИИ

    Now that we know that Mary Drake is Spencer’s mother, will we find out perhaps a different truth about her father? And what about Charlotte’s father?

    We will definitely follow through on both of those storylines. We will find out who Charlotte’s father is, and we’ll find out how Spencer came to be and her sort of entire family dynamic. The storyline came from the books. We have a lot of fun in the final season circling back to Sara’s [books].

    Последната реченица некако ме асоцира на тоа дека А.Д е всушност Алисон, според теоријата со близначката.
     
    Последна измена: 18 септември 2016
  6. alena19

    alena19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека нема шанси да е Келеб прво затоа што А посегна по животот на неговата мајка и второ затоа што 6 сезони он е заљубев во Хана и се прави само да ја заштите ако излезе дека Калеб е А.Д ке биде најглупавата серија на сите простори .
     
  7. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    ^ Не е Кејлеб дефинитивно. Нема да дозволат да се уништи толку важен лик . Мислам дека теоријата за Алисон и Бетани држи вода, ама и Лукас ми е сомнителен во последните сезони. :^) Се надевам дека нема да биде пак Мона бидејќи нема да има смисла. Цело време му помага на лажливкиве и се гледа дека и значат како пријателки барем сега.
    A прочитав дека чуден ви бил моментот со Кејлеб и Мона.Зошто? Прво тие отсекогаш соработувале кога Хана беше во опасност , а и плус ако се сеќавате мислам дека беше во 6Б сезона кога се сретнаа Мона му рече кој поубаво бакнува Хана,Спенсер или јас? Значи имало нешто меѓу нив во изминатите 5 години , па од таму и си го знаат кафето најверојатно :D
     
    Последна измена: 18 септември 2016
    На Nellie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Тоа со "кој бакнува подобро..." мислеше на нивниот бакнеж во втора сезона. Не можел да се гледа за тие 5 години и со Спенсер и со Мона. Добро, не бил цело време со Спенсер ама сепак...
     
  9. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    ^ Скроз заборавив на тој бакнеж. Да да епа моја грешка. Ама добро сепак често се дружеа и истражуваа заедно.
     
  10. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Изгледав се' до сега и имам две прашања, можеби биле очигледни одговорите, но не сум обрнала внимание:
    1. Кој ја уби Маја во првите сезони и зошто?
    2.Кој ја уби и закопа мајката на Алисон?
     
    На Nellie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    1.Нејт (тој што се правеше братучед дека и е)
    2.Не се знае.
     
    На s&s му/ѝ се допаѓа ова.
  12. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    that's a wrap :'(
    Си направиле тетоважички со првата буква од имињата од серијата :(
     
    На lana666 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Заврши и снимањето на серијата. Баш се онака squad goals сите.:(:l:
     
    На lana666 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.327
    Пол:
    Женски
    Мислиш како за секогаш заврши или за сезонава?
     
  15. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Заврши снимањето на серијата скроз:)
     
  16. busavobebe

    busavobebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски

    мене оваа теорија ми е баш интересна и возможна
     
  17. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Последната сезона ја снимија.
     
  18. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Да пред 2 дена завршија со снимање и свесно/несвесно го спојлнаа последниот дел од сезоната(facepalm)|(
    Ако некого го интересираат спојлери од тос што ќе се случува во финалето
    Ќе има свадба поголема, на Езра и Ариа.
    Хана и Кејлеб ќе бидат венчани,веројатно тајно.
    Мелиса,Врен,Лукас и сите родители ќе бидат во финалето.
    Емили и Алисон ќе бидат верени (претпоставувам).
    Тоби е жив, Ивон најверојатно не.
    Повеќе Мона во сезонава.
    И најверојатно уште еден time jump ќе има
    Како и да е ептен тажно,гледав некои видеа и слики,буквално сите плачат.;(

    https://www.instagram.com/p/BMHUbFkD5od/
    https://www.instagram.com/p/BMHYPsiDQ_j/
    Идејата за тетоважите ептен јака.
    https://www.instagram.com/p/BMGWl9bB-hU/
     
    На JustFun и Nellie им се допаѓа ова.
  19. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    ^^ 7 години по цели денови заедно, моменти споделени, како втора фамилија си се еден на друг. Исто е со многу серии што се снимаат подолго. :(:l:
     
    На Emili12321 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    хуху ќе се венчаат изгледа
     
    На Nellie му/ѝ се допаѓа ова.