Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мали прекрасни лажливки (Pretty Little Liars)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од American.Woman, 7 април 2011.

  1. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Знаев дека Мона ја убила. Знаев!

    Се знаеше, уште пред да излезе епизодата извадија слики и се знаеше дека сликата со Мона со цвеќето во раце кажува дека е убиецот. Многу јасно.

    Според промово за следнава,или Врен или Мона е А.Д.
    Поверојатно Врен, затоа што мислам дека од поодамна е поврзан со Шарлот,уште од кога беше Мона во Радли,а знаеме дека тогаш Шарлот ја посетувала.
    Ајде следната 2 саати,ќе не отепаат.:rofl::whew:
     
  2. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.226
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека Шарлот е таа што ја започна играта, ама не се знај кој беше со неа, т.е кој му се придружници
     
    На busavobebe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    51.851
    Пол:
    Женски
    Леле ако ископаат некој лик од пред сто сезони, како Врен, ќе се изнервирам многу.
     
    На Hipster, sweet-cherry и busavobebe им се допаѓа ова.
  4. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774

    Три часа :) ќе има плус додаток.
     
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.226
    Пол:
    Женски
    Ами последна сезона, последна епизода мора подолга да биди, КОНЕЧНО да се открие и да се реши се :D
     
    На busavobebe му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Немам коментирано за неколку епизоди па еве сега ќе кажам на кратко..
    Значи епизодите толку беа ужас како за последна сезона, буквално ништо се случуваше и нормално сега во два часа ќе сместат нешто.. Сепак многу работи ќе останат необјаснети.. Хана и Кејлб ми се омилени, другите парови ми немаат смисла.. Тоби и Спенсер.. Немам коментар, умре жена му и ај веднаш во кревет со Спенсер :x:puke:
    Ариа испадна најголема кучка од сите и да најсебична. Емили и Алисон ми се океј само немаше потреба да бидат споени со таква creepy случка...
    Мона ми е омилена и многу ми е жал што повторно се мрдна, случката со Шарлот покажа колку таа всушност се грижела за девојките... Се надевам ќе има среќен крај кога ќе излезе од таму...;(
    И нормално некој мораше да се жртвува за нив, но не очекував дека тоа е Мери.

    Мислам дека АД е Лукас, Џејсон или Мелиса.
    .
     
    На sweet-cherry и busavobebe им се допаѓа ова.
  7. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Интересно интервју со Марлене и Алисон.
    На прашањето дали ќе ја има Пејџ во последната епизода, Марлене рече дека нема да одговори на тоа прашање, а во листата на актери за последната епизода ја нема Пејџ :^) Исто така наведува дека овој А, или АД ја презема играта од Шарлот исто како таа од Мона, нешто што јас си го сфатив како дека АД настанал после смртта на Шарлот, до тогаш не бил АД иако можеби е некој од ликовите кои се тука од прва сезона :^)

     
  8. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Мислам дека Мона не се мрдна туку намерно глуми за да дојде во контакт со АД, како тогаш кога ја посети Шарлот.
    Се изнасмеав на интервјуто, Марлин ни самата не памти некои работи, како тоа кој го уби Вилден :D
    Некако теоријата за Твинсер ми држи најмногу. Џејсон исто држи ама многу ретко го има па со него ќе излезе дека нема кој па ајде он. Мелиса и таа ама зошто би си ги скарала намерно родителите :^) Ариа откако влезе во ад тим ја прикажуваат како флегма, а за поделена личност мислам дека не е, Мерлин се изнасмеја на таа теорија и делуваше ко првпат да слуша за такво нешто. Езра во последната епизода ме сецна кога
    излегоа заедно со Ариа а ад им го зема телото од ѓепекот. Уствари тоа не мора да значи, може бил некој помошник :^)
    Емили и Алисон ми се досадни, а прочитав нешто интересно околу нив
    Ќе имале близначки, Мери и Мона. А Мери Дрејк и Мона ќе изгинеле во последната епизода
    Сепак мислам дека ќе биде Спенсер твин, многу, многу чудно и нетипично за неа се понаша последните неколку епизоди. А и сцената со
    сонот на Хана од 7x1, каде што се појави оваа без шишки, некако ми е ту мач за да испадне случајно
     
    На busavobebe му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Не го читајте ова ако не сакате да откриете што ќе се случи.

    Али ќе има близначки што ќе ги крсти Мона и Мери затоа што Мона Вандервал И Мери Дрејк ќе загинат во финалната епизода
     
  10. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Долго време ми беше сомничав Калеб и по последнава епизода уште повеќе сум уверена. Секогаш гледаме дека е најнапреден и најмногу се разбира од технологија и компјутери значи можел да ја направи играта, има многу пари значи може да покрие се што АД прави, за неговиот живот во тие 5 години не знаеме многу освен со Спенсер на кратко што беше тоа. Реално Хана е таргет на АД цело време и изгледа како Калеб да ја казнува затоа што го напуштила. Последната епизода кога он, Хана и Спенсер ја гледаа Мона он отиде кај неа и коментарот за питата сомничав беше( заради ливчето што го доби Мона кога уште беше кај неа дома). И најбитното еднаш Marlene имаше изјава a character is a different age than we think. Тука се вклопува дека за Калеб кога бил мал не знаеме ништо, дека можно е да лаже за својата возраст и да е некако крвно поврзан со Charles. Исто така сезони назад кога Mrs. Grunwald цело време и викаше на Хана дека А е блиску до неа и дека нејзината врска со Калеб е чудна. Можеби Калеб од секогаш помагал на А или бил главниот.
    И прашањето со кој ги затвори мајките во подрумот остана неодговорено. Таа истата епизода Калеб и кажа на Хана дека ќе оди во New York и не и кажуваше зашто и кога Хана го праша татко му он и одговори дека Калеб не отишол во New York. Можда е он тој што ги затвори мајките во подрумот?
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  11. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Алисон во секоја наредна епизода е се подебела и подебела, дури и погрда. Ја пуштив најпрвата епизода да се потсетам каква беше, таму е сушка, кожа и коски. Што и се дешава незнам... Можеби и во реалниот живот е трудна...
    Емили ми е најубава и најзгодна.
    Искрено серијата почна да ми оди на нерви... Демек се трудат да исплеткаат најмногу што можат за тоа кој е А, ја издолжја претерано испомешаа мајки, сестри, браќа, секој со секој се испо*ба.... Мислат демек ќе те збунат, демек забавно а всушност само ќе те изнервираат...
     
  12. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774

    Инаку Али имаше објаснето во интервју за тоа од каде и е таа килажа.
    Имала пореметување на хормони, и уште некој друг проблем.
     
    На moon1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    3.148
    Па во прва епизода актерката имала само 12-3 години. Девојче, којзнае и дали завршила со пубертет.
    И не знам што врска има ова со серијата, сепак актерката е многу убава ако ме прашаш мене. Не мора сите да се исушени ко Ариа и Емили, кои најмногу варираа со килажа низ серијава, па се потстегнаа последнава сезона.
    Стигнавме до последна епизода, тебе сега почна на нерви да ти оди. :D

    Не знам кој е А.Д.
    Чекам Марлин да ми каже и објасни, иако верувам дека ќе треба со камења да ја маваат по социјални мрежи откога ќе ни презентира кој е.
     
    На Versace Btch 24, Hipster и JustFun им се допаѓа ова.
  14. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Во првата сезона имаше 20 год. Сега има 27. Не ја гледам серијата од 2010г за дури сега да ме изнервира :) Годинава случајно на телефон си спуштив игра на телефон, па открив дека има серија со играта што сум ја играла и така се заинтересирав да почнам да ја гледам. Тука 90% се жалат дека им е досадна па и понатаму ја гледаат. Незнам оти ти е чудно што баш мене ме нервира... Тоа е мое мислење, мој впечаток за серијата, не ни се допаѓаат на сите исти работи :)
    Јас не ја осудив Алисон што е дебела, само приметив дека нешто се дешава со неа, помислив дека е трудна, погоре некој одговори дека имала проблем со хормони. Ок е, прашав само. Емили и Арија не ми се исушени. И двете се слаби ама не ми се двете згодни. И Спенсер е слаба и Мона исто, ама Емили ми е најубава... Се гледа девојкара дека вежба или се занимава со некаков спорт во животот и то е според мене за пофалба. Незнам ни зошто ова морам да го објаснувам некому, мислам дека јасно напишав и во претходниот коментар. :^)
     
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    51.851
    Пол:
    Женски
    Нема 27.
    Баш гледав интервју, за разлика од другите девојки, таа почнала помала, мислам дека на 13.
     
  16. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774

    Пак си грешка, Саша Пиетерс има 21 година, родена е во 1996 година инаку. :)

    Мене Емили ми е најубава исто и Хана, ама Емили ме нервира со нејзините исти реакции на лицето во секоја ситуација.

    Инаку за финалето очекувам Мелиса да биде А.Д или пак Езра во краен случај Кејлеб.

    Езра, затоа што секогаш "патува", измислуав глупави изговори плус и се доближи на Арија само заради книгтата и плус се врати од пат кога играта се појави.
    Кејлеб затоа што има многу пари, плус се разбира од компјутери па можно е тој да ја креирал.
    Мелиса - Каде е Мелиса? Секогаш се натпреваруваше со Спенсер кој е подобар.
     
  17. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    3.148
    Актерката што ја глуми Емили нема поим од глума, затоа и е таа фацата иста при секаква реакција. Се оправи последниве сезони, на почеток беше ептен заникаде. Класи подолу е од другите. Спенсер и Ариа се многу добри, исто и Мона, Хана и Емили се ради лепотата повеќе ставени, не дека се некои јаки актерки.

    Езра би било добро да е А. Иако стварно не гледам причина зошто би бил, што врска би имал со Шарлот. Едно време мислев дека е Лукас, сега веќе не мислам. Мелиса од кога се нема појавено, па ако излезе она кажав више, со камења по писателкава. Некој кој цело време го гледаме, па да биде. Езра, Кејлеб, Тоби, па да биде ко некој шок.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    EzrA FitzgeralD

    Преголема случајност? :^)
     
  19. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    3.148
    Хахаха, можеби.
    Имаше во една епизода во овие 10 последни (не се сеќавам која), Езра и Ариа на скајп или на нешто си правеа муабет кога овој беше со Никол. Позади него имаше ко фрижидер или што и да беше, но заѕиркаше буквата А. Ако најде некоја, нека стави слика. Но, додека не видам не верувам, може Марлин пак си играла нешто. Којзнае колку пати на Ариа и беше А ставена негде, па не е она, нели.
     
  20. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Јас па забележав нешто слично на станот на лукас. Уште кога се всели Хана во него, забележав на вратата дека пише стан бр. 2А, и одма си помислив "втор А" , па почнав да се сомневам во Лукас. Сега не сум толку сигурна дека е Лукас...а можеби и е...
     
    Последна измена: 23 јуни 2017