Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мали прекрасни лажливки (Pretty Little Liars)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од American.Woman, 7 април 2011.

  1. anabanana1

    anabanana1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Серијава ја гледам уште од најпрвата епизода кога испадна, и тоа livestream на abc премиерата и едноставно се вљубив!
    Погоре има една личност пишано дали 12тата епизода е последна, добро луѓе, не бидете прости, тоа се нарекува Summer Finale, тоа го прават сите серии на abc, како пауза на пола сезона, и секогаш во Summer Finale-то и Season Finale-то се случува нешто ГОЛЕМО.
    Summer Finale-то е на 27 август, и ќе продолжат со вториот дел од сезонава од јануар, така прават за сите серии, кога е збор abc. Значи ќе прават 4 месечна пауза, а на половина од паузата, односно некаде кај ноември, ќе има нова посебна еписода, која не припаѓа ни во првиот дел, ни во вториот дел од сезонава, и тоа ќе биде специјално за Halloween.
    Ако имате прашања, слободно пишете ми, апсолутно знам СЕ кога станува збор за серијава!
     
  2. anabanana1

    anabanana1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Инаку, еве сега ќе ја гледам најновата епизода, претпоставувам дека ќе биде ФЕНОМЕНАЛНА !
     
  3. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.094
    Конечно јака епизода! ]:) Се преплашив на два пати а ретко ми се случува на серијава да рипам. Јас си стојам уште
    на тоа дека Алисон не е мртва и дека самата таа си е А, а телото е на близначката нејзина.
    Иначе оваа Емили не можам да ја гледам колку прелошо глуми, ко лимони да џвака цело време и е фацата, иста па иста. Сите други се навлезени во улогите и напредуваат во глумата освен неа. На Пејџ на чело и пишува психо, ја занеќев во последниев 2 епизоди. И нема да ми се оствари, ама Спенсер и лекарчето би ми биле омилен пар. :inlove:
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.504
    Допаѓања:
    42.763
    Пол:
    Женски
    Девојко полека малку, се убацуваш одма со две мислења и не вреѓаш дека сме прости, попросто од тоа нема!
    И да јас бев што прашав дали толку епизоди ќе има, баш ме зачуди и затоа прашав, не е ништо срамно да прашаш.
    И да имаш копче за да редактираш мислење немора да пишуваш едно под друго!

    Се извинувам за офф.
    Инаку од каде да ја симнам новата епизода, барав ама неможам да најдам торент?
     
  5. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.557
    Пол:
    Женски
    http://eztv.it/ep/37163/pretty-little-l ... -x264-lol/
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Добра епизода.
    Малку го тупат ова со Ела, цело време само неа ја даваат..А на Емили не и требаше тоа со Нејт..Е баш после ова мислам дека Пејџ ќе ги предаде.
    Нови слики од 12-та епизода.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  7. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    165
    Незнам дали ги имаш читано книгите, или не, али во секој случај вака: Емили е претставена како најдобра и најмила од сите четири девојчиња, но исто така и најзагрижена и единствена која шо промислено делува (кога е во прашање -А). Шо значи дека Емили И ТРЕБА нон-стоп да има загрижена фаца, пошто така е претставена. Плус неа -А најмногу ја малтретира, и исто така изгуби премногу луѓе шо сакаше за мн кратко време -> така да параноичноста и истата „загрижена фаца“ всушност и ТРЕБА Шеј да ги претстави (и то го прај феноменално, макар шо 90% од луѓето заради таквата улога, мислат дека не ја бива за глумење)....

    Иначе за новата епизода:
    Интересна, премногу интересна. Скроз ме бендиса, на моменти ме подуплаши....
    Само тој „моментот“ измеѓу Емили/Нејт НЕ МУ ТРЕБАШЕ! Јас да бев ко Пејџ на лице место него со кантата ке го акнев бел ден да не види :swear: *Да дај госпо да не испадни Емили би да биди :devil:

    Ова сликата не е од Pretty Little Liars, ова е од филмот "The Howling: Reborn"
    Еве ги сите излезени слики за 12-та епизода:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  8. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.094
    Девојката глуми претерано пластично и "амерички" да се изразам, многу евтина глума за мене. Спенсер и Хана на второ место ми се најдобри, Арија и Емили се класи подолу. Глумицата што ја игра Спенсер глуми од 3 години и тоа се гледа, најсигурна е и ги шие сите, особено последнава сезона нема промашај. Лик и актер што го толкува истиот треба да еволуира, не може 3 сезони ист израз на лице некој да држи. Мене не ми се свиѓа ама ич, али мора да е мешан состав на четирите главни, не може сите да се добри или сите да бидат омилени на цел свет.
     
  9. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав и новава епизода и морам да кажам дека Нејт уште од почетокот, кога се појави, ми е сомнителен. Не покажа никакви сомнителни знаци, ама мислам дека не се појави онака, без да има некоја посебна улога. Сигурно е вмешан негде.. да речеме, убиството на Маја. Го анализирам од епизодата кога дојде и често и кажува на Емили дека биле многу поврзани.
    Во новава епизода, кога Емили му ја покажа торбата, рече дека фустанот (или што и да беше тоа) Маја го носела неколку години претходно кога биле заедно на плажа.
    Кога и купуваше подарок на Џена, Емили му спомна дека слични такви обетки имала и Маја и он оп, одма се сети. Мислам дека овие ситници намерно ги прави, често плаче за Маја и вели дека уште не може да заборави се што се случило.


    А сега, кога се стеснува кругот,
    можно е тој да е, се е можно во серијава.
     
  10. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Мене ми се имаа насобрано неколку епизоди, и заедно со најновата ги изгледав денеска. И можам да кажам дека конечно и оваа сезона почна да станува интересна.

    Уште прв пат кога се појави Пејџ во серијава, ми беше и остана одбивна-а сега после кратката пауза кога ја има пак не можам да ја поднесам. Не зборувам за физички изглед, туку како појава. А и сомнителна ми е. Последнава епизода на крајот, кога се појавува таинствената личност во црно, на телевизија имаше пуштено вести за веста со Герет, и потоа кога ја оставаше облеката на закачалка, смени нешто друго и се слушна Wheel of fortune како на некој натпревар. Е сега ова го поврзувам со Пејџ која е спортист, и тоа на ТВ би можел да биде натпреварот на кој таа не учевстува(доколку се сеќавата дека претходно во епизодата и кажа на Емили дека ја вика тренерот, а потоа пред кафулете каде што работи Емили беше разочарана и и соопшти дека нема да плива на престојниот натпревар.) Според ова велам дека можно е да испадне да има врска со А исто како и Мона на пример. Да биде само нечија играчка. Нејт мене воопшто не ми беше сомнителен, но со самото појавување се знае дека носи нови промени во серијава, а бидејќи очигледно од старт се вљуби во Емили, може да настрада од Пејџ-за која видовме дека беше прилично нервозна кога ги виде вечерта. По дифолт следува да му се одмазди, што би можело да биде случка која следува а е прикажана на сликите за следната епизода што се објавени над мојов пост од друга феминка. Тука се гледа дека Хана е најтажна, а Ариа и Спенсер ја тешат-но потоа се појавува и Емили која е уште порастревожена. Не знам дели видовте, но позади жолтата полициска лента е Пејџ која е најверојатно испитувана од полицијата поради нешто осомничено или сл. Можно е да настрадал Нејт...тоа следува да видиме...

    Што се однесува до вистинската А, сеуште цврсто стојам при ставот дека тоа е самата Алисон, а што се случило навистина со неа не можам да поврзам, под дејство на новиве информации кои консантно се трупаат повеќе и повеќе.

    И фала им на режисерите што ми го вратија Кејлеб. :inlove:
     
  11. anabanana1

    anabanana1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Душе извини ако сум те навредила шо реков “прости“, така ми дојде некако да се изразам, таква сум и по карактер, ништо не беше лично, ни да те навредам. Извини уште еднаш :angel:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anabanana1

    anabanana1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Инаку луѓе, фантастична епизода!! Премногу ме изненади, и конечно да почнат да се случуваат и разоткривуваат работи.
    Знаев дека Герет не е убиецот! Најсомнителни според мене, а и мислам дека вистина еден од нив ќе биде убиецот -
    или Пејџ или Нејт. Повеќе ми е сомнителен Нејт, и мислам дека тој ќе испадне да е убиецот. Пејџ мислам дека е само погрешно разбрана, а и истото го има твитнато продуцентката Марелин Кинг.
    И уште нешто, имаше личност што пишала за -А што гледала Wheel of Fortune, не, тоа не е натпревар, тоа всушност е нашето Тркало на среќата, а ако се сеќавате, порано Емили го има спомнато тоа дека пораснала со таа емисија. Хм.. Можно ли е да има тука некаква поврзаност?
    Ама не би се сомневала во Емили многу, за неа сум најскептична. Ако испадне -А да е некоја од нив 4те, најсомнителна ми е Ариа.
     
    На Dulceee му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.244
    Пол:
    Женски
    Интересна епизода, со новава порака од А(на ѕидот), и новото видео, мрднаа мааалце од место.
    Мило ми е за Емили, што конечно бакна некое машко :P

    И официјално, морам да го прогласам Езра, за најсафра лик.
     
    На FortuneTeller.xD и Hipster им се допаѓа ова.
  14. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    А чекај, не можат да извадат снимка од камерата кај колибата, за да видат кој им ја напиша пораката? :!: :?:

    Чим има камери, логички би било да може :D
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  15. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Јасно е дека Ноел и ја прати пораката на Спенсер. :)

    Бидејќи пишеше: "Is this what you were looking for in my locker?" :)
     
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.244
    Пол:
    Женски
    ^ Не мислеше на пораката што и стигна на Спенсер, тоа Ноел беше да, туку на онаа порака А што ја напиша на колибата од Ноел, а таму има сигурносни камери, па ако некој ги провери снимките, би го виделе А. :)
     
  17. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    ^
    Got it! :)

    Да, ама, сепак ова е серија, мора да бидат малце глупави. :lol:
    Ко божем не им текнува веднаш на тоа.
     
  18. anabanana1

    anabanana1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Баш тоа не е поентата со Емили, она го бакна Нејт поради тоа што чуствуваче конекција со Маја... Не дека е вљубена во него, ЛЕЗБЕЈКА е...
    Таа сцена ми беше малку глупава, ама сепак, он ја бакна, а она не му се спротистави, поради тоа што беше вознемирен. Сепак не им требаше сценава
     
  19. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Супер епизода, баш ми требаше некое раздрмување.

    Ова писмово, што го пронајде Хана - мислам дека Емили требало да види нешто со Пејџ. А незнам што друго, но дефинитивно е тоа за кое Мона рече " Maya Knew ". Но веројатно, А го пронашол и го избришал местото, па отишол тој место Емили. На оваа сцена Емили не ми изгледаше толку загрижена, ми изгледаше како да знае нешто. Нејт и Емили - не им требаше ова. Грозен ми е Нејт, а Пејџ требаше со корпата по глава да го удри да не му текне уште еднаш да се бакнат.

    Ситуацијава со Меги воопшто не ми е јасна. Девојкава трудна била и и платиле и не разговара повеќе со Езра. Што е фркава, ја тупат со неа. Сигурна сум дека ќе се појави и ќе се обиде да ја саботира врската на Езра со Ариа, но нема да успее, исто како Џеки. А детево што го носела, веројатно е живо и ќе ми бара нешто со него.

    Врен и Хана ? - Дефинитивно НЕ ! Врен е убав имам кажано, но најдобар ми е за Спенцер. Мислам дека тоа како Хана се повредува, него му годи, може да биде повеќе со неа.

    Дефинитивно Маја престојувала кај Ноел. А зашто ја има таа картичката од Ем за Алисон ? Незнам што се случува, но љубопитна сум.

    Ела и Зек - многу добар пар. На Ела и требаше нешто секси, убаво и интересно човече после Бајрон ака идиот. А се гледа дека на Зек му се допаѓа. Колку сум се смеела кога рече Ok Bye ! Со таа слатка фацка. Уф, срце.

    Ноел ми беше многу срцка денес. Во ходникот, уфф - предобро. А сигурна сум дека тој ја прати пораката на Спенцер за да и докаже дека тој не ја убил Маја, а и да не бара ништо Спенцер.

    Мислам дека има 5 души во А тимов !

    [​IMG] [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  20. anabanana1

    anabanana1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Поточно 6 члена, имаше 5 црни дуксери ззакачено, плус -А во сцената носеше еден, што значи 6
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.