Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мали прекрасни лажливки (Pretty Little Liars)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од American.Woman, 7 април 2011.

  1. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    165
    Сите ги имам гледано, доста се добри и штета шо ги прекратија....ама то е америчка работа. И други исто така предобри серии, прекратени после емитувањето на неколку епизоди/сезони, иако имаја гледаност се:
    Justice- предобра серија, прекината по само 13 епизоди :/
    Freaks and Geeks- исто така предобра серија, тотално симпатични актери...добра глума, и приказна
    Dead Like Me- голема штета шо ја прекратија :/
    Dark Angel- по само 2 сезони, а имаше огромна гледаност :(
    Jericho- убајна серија...али јбг ја прекратија и неа :/

    Иначе и јас се надевам дека ке ги завршат турските серии, и ке почнат со некој добри Амерички...а најмногу се надевам да почнат да ја емитуваат 7 сезона од Нејви, пошо ја прекратија на најинтересната сезона дебилите...:)
     
  2. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Многу бавно се дешаваат работиве во серијава во некои случаи дури станува и досадна...
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Дојдов до заклучок дека уствари уште долго нема да ни го откријат ниту убиецот, ниту А.Ако откријат серијата ќе нема поента и ќе треба да ја прекинат, а сигурно не планираат да прекинат со само 2 сезони.
    Малку измешале со Госип Грл.Таму, акцентот не е на госип грл, затоа не е ни толку битно да се дознае, а овде ама баш се се врти околу А и убиецот.
     
  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Прв пат ми е вака да загледам серија на компјутер.. не сум филмаџика :$
    Како и да е, ја спуштив серијава, некоја феминка имаше остаено торент за цела прва сезона (фала!).. ме интересира колку сезони е, ако има?

    И да, не можам да прекинам да ја гледам - з а р а з а! А читам, ја критикувате... сигурно и мене ќе ми станит досадна ако се‘ тапка во место.. вака дека изгледав 3 епизоди наеднаш ми стана интересна.. ќе видиме на крај шо ќе се десит (освен ако не прашам некоја од вас да ми каже! :lol: )

    А за професорот по англиски.. мх! :inlove:
    И да, девојките се баш прекрасни, дотерани, убави!
     
  5. Panki.Friik

    Panki.Friik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    12
    aбе добро лугје значи на некој му се свигја серијата на некој не.
    и ја се согласувам со Маца.
    Неда у секоја серија почнува да се дешава нешо досадно али тоа е.
    И се вака кје продужи да се случува се дур не дое крај на серијата и не се открие кој е А.
    ПА сеа кој сака нека а глеа кој не.
     
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Мене па интересно ми е. Не очекувам дека ќе се открие кој е А. Аkо се открие ќе треба да заврши серијата. Ама ради релаксација уживам додека ја гледам. Убави ми се девојките, ми се свиѓа како се облекуваат, а најмногу од се, ми се свиѓа Езра. :)
    И не е во термин без конкуренција, уште една нова серија има сега исто така убава за гледање - Switched at birth. И супер што ги даваат сега, инаку што ќе гледав цело лето :lol:
     
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Е добро де, си ја гледам и си коментирам од моја гледна точка за серијава, зашо ме цитираше? не те сфаќам...
     
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Морам да признам, ми фалеше во репертоаров нешто американско :rofl: за тепање време е океј.
     
  9. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Серијава ја следам, многу ми е интересна, искрено се напнувам дека обиЧно навеЧер ги гледам и не можам да заспијам мислам кој е А, а сигурно е некој од уЧилистето, или прво мислев двајца дека се, неможес ти се да знаес и да ги следис сите 4 истовремено :^) а кога прикажуваат на сцените лиЧи маско дека е А. :^) Не можев да издржам,проЧепкав на интернет и дознав дека
    според книгите има две А :^) првата е верувале или не Мона, а после се појавува сестра и близнаЧка на Али Кортни која Али ја убила и бла бла :?: искрено бас ке се нервирам ако се открие на крај дека А е Алисон, па нели мртва е побогу ?!
    Како и да е, продуцентите рекле дека нема да биде исто по книгата...така да усте не знам кој е А :@ , сепак останува да видиме.
    Сто се однесува на актерите, од маските никој не ми е убав, од женските Емили и Арија, и Арија ми е омилен лик, така како карактер. А и како ги облекуваат :inlove: многу ми се допага стилот. Епа тоа е женски, ми остануваат усте 10 епизоди од прва сезона, и после одам на втора.
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Како само знаев дека нешто ќе и се случи на докторката кога им кажа дека открила кој е.Зарем да дознаеме ние која е А?!Серијава малку и психотпатска ми станала, порано А го сфаќав ко некој што се зафркава со нив, ама веќе претерува со уцени, па уште и убивање, тоа е некој навистина нездрав :D
     
  11. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.542
    Ја обожавам <3
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Мене најдебилна сцена ми беше
    кога ги открија Гарет и Џена. Овие ја кријат врската, ама сепак се бацуваат пред ширум отворен прозор, а девојчињава стојат токму пред прозорот и зјапаат во нив :D
    И да, нормално дека ќе и се случеше нешто на докторката , па нема да е открие, ќе треба да поминат едно шест или седум сезони до крајот.
    Едино ако не опадне гледаноста, па да и го турат капачето.
     
  13. Panki.Friik

    Panki.Friik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    12
    Нема да падне гледаноста, Доста гледачи имаат у Америка ;)
    И сеа станува поинтересна али нема да ја даваат до Јануари..:/
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Следната е во октомври, а не во јануари :)

    Последнава епизода ми беше интересна и конечно малку да откријат, доста беше тапкање во место.
     
  15. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.542
    http://www.youtube.com/watch?v=m946BmYiwnc

    You're all welcomed my pretty little liars :*
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Американ шит е филмов.. уште една епизода имам од првата сезона и никако да ја пуштам. Мн ми е тапкање во место, буквално ефтин ми е филмов.
    И шо другарство е она? Не сум навикната до онолку да се крие и лаже во друштво. BFF - јеаh, my ass!
     
  17. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.542
    Серијава не е reality туку "правена" е според веќе напишана книга така да не е инспирирана од вистински случки.
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Де бе па ти како да не си видела такви другарки...на секој чекор има вакви ''другарки''. Супер штом не си навикнала но за жал има и мн полоши.
    Како и да е станува интересно,мене уште од прва епизода ми е премногу возбудлива и по малце страшна-се во 3:00 навечер ја гледам :^)
     
    На angel92 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.542
    И јас секогаш се погодува во 3 да ја гледам. Морници добивам... А исто така ми е језиво кога ќе ја видам Али во серијата и надвор од серијата... некако морници ме преливаат... АУФФ...
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Мене само Али ми се свиѓа како глуми.
    Ај среќа на пауза отидоа веќе |(