1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мали црни лаги (Шерон Болтон)

Дискусија во 'Книги' започната од I <3 Books, 20 октомври 2015.

  1. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Кетрин и Рејчел се пријателки од деца, сродни души, неразделни, не можат една без друга. Сè додека еден момент невнимание од страна на Рејчел не ја остави Кетрин без нејзините сакани синови. Таа веќе не е мајка, таа веќе не е нормална личност; таа е сенка од човек. И нема да се смири сè додека не ја натера Рејчел да плати за сè.

    Фолкландските Острови се мирно место каде сите меѓусебно се познаваат и убаво си живеат, па кога одеднаш почнуваат да исчезнуваат деца кои сомнително многу личат на починатите синови на Кетрин, населението го фаќа хистерија. Можно ли е меѓу нив да постои монструм кој повредува деца или станува збор за несреќни трагедии?

    Рејчел веќе е црна овца поради случајот со двете загинати деца. За Кетрин одамна се шпекулира дека го изгубила умот откако ги изгубила синовите. Но која од двете поранешни најдобри пријателки е поопасна? Или можеби станува збор за некој сосема друг... Нема да погодите сè до последната страница.

    Преубава книга за љубовта, простувањето, преболувањето и наоѓањето нова надеж за живот.
     
    На Butterfly06 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    2.438
    Пол:
    Женски
    Читана ми е одамна, ама уште памтам некои ситници. Навистина добра, онака да те држи до сам крај. Убаво и сликовито се долови посттрауматските последици и растројства. Баш ме привлече, особено првите две три стани се специфично напишани.