Не знам дали во текот на летото ги покачуваат, но јас бев лани на почетокот на јуни. Кафе од 3€ нагоре, пивото беше најевтино од околу 5€ па нагоре, коктели од 8-9€ нагоре, итн. Храна, од брза храна како донер над 8€, бургери над 10€, во пекарите шо ги има речиси насекаде е најевтино: нивните пастици беа по 50с, други кифли/парче пица по околи 2€. Во ресторани, главните јадења во принцип над 17-18€, зависно во каков ресторан одиш.
Па со долги да одиш е најубаво, а и дува ветре, така фустанче ако носиш може да имаш непријатни ситуации.
Па сегде е убаво. Оди во стариот град, плажите, местата кај што е сниман Гејм оф Троунс, топовите, прошетка со кочија и тн.