Храната не е баш евтина, како во некои малку поскапи тур. места во Европа. Плажите не се нешто големи и нема некои кафичи со коктели и сл. на сама плажа. Каде што има нешто, цените се повисоки од обичните кафичи ама не екстремно високи. Зависи колку денови имаш на располагање, ама Валета, островот Гозо, Марзакслок, Мдина и селото на Попај вреди да се посетат. Превозно средство е автобус. Патувањето е возбудливо - има доста кривини, возат лудо и брзо. Најчесто мора да се мава рака за да застане автобусот, зошто ако нема патник што слегува може и да си продолжи без застанување. А и ако е полн Значи од аеродром до одредено место со автобус Мислам дека не е паметно без да имаш букирано да отидеш, а и на аеродром најчесто бараат доказ каде ќе бидеш сместен.
Ти благодарам на одговорот, но баш пред некој ден се вратив од Малта и се ова што ми пиша е потполно точно.
Валета или Слиема. Никако во северниот дел. Во септември бев во Слиема и местото е многу убаво, се имаш тука, освен плажа. Поврзано е со автобус со целиот остров, до Валета си за 10 минути.
Јас би ти го препорачала Сан Џулијан. Во близина ти е Пачевил, па се имаш тука од ноќен до дневен живот и плажа.
За неколку дена ќе одам на Малта, па би ве замолила за препорака што да се посети. Не сум по излегување, така ме интересираат интересни туристички места. Фала
Mdina (мислам тука се снимаше Games of Thrones) , La Valleta, St. Jullians, Пачевил за журкање навечер е тотално топ, Попај селото, Гозо и Комино и за плажа ако сакаш оти таму е каде каде потопло од тука ќе одиш да ја посетиш Мелиеха...
Каде ќе сте сместени? Валета има доста места за разгледување одвојте еден доста исполнет ден за неа. St John's Co-cathedral прекрасна катедрала за 10€ влез добивате и слушалки со аудио гајд. Grand Master Palace & Palace of armours за 7€ влез во двете места, претседателските соби дел се реновираат но има интересни детали. Casa Piccola Roca е единствена куќа во приватна сопственост отворена за посета, во сопственост на 9тиот барон од низата, 9€ влез со водич кој ве носи од соба во соба прекрасни колекции. Lascarius War Rooms, Upper barraka gardens, Fort St elmo се исто интересни места. Мдина е приказна за себе, жив музеј, стар град со постојани жители, уникатна архитектура. Од Слима или Валета околу 40мин со автобус. Пивнете аперол и торта во Fortezza преубава тераса со поглед на градот. Марсашлок е рибарско селце со одлични места за ручек. Трите града мене не ме воодушевија, но се ок за да пополните време. Јадете пастизи за појадок и имајте в предвид дека се од ресторани затвора во 23/23:30часот.
Еден туристички бус чини околу 25-30 евра, а ве води на сите места. Обавезно да се посети Гозо и Блу Лагун со брод за 20 евра. А можеш и на своја режија ама пак исто ќе ви дојде. И пастизите, леле мераци 50 центи се.
Да ти кажам и ја така мислев. Леле, ме потсети, седевме со цимерите и се фалеа за коктелот. И јас викам: "Птица се пие?" Се згазија од смеење, ми велат коктел е тоа. Заедно си се смеевме. Не сум пробала ама бил предобар на вкус, нешто поразлично од останатите.
Пфф чек да го изгуглам гарант нема да го бендисам штом не го знам Видов барем 5 различни рецепти на нет ќе треба на лице место да се испробаат..вака не знам кој е оригинален
Дале е добра Малта за со мало дете?И кој дел е добар да има плажи,ама и да е во близина на населено место?
Ние еднаш бевме на одмор во Турција каде што хотелот беше на море,а немаше град ниту населено место во близина.Ни беше досадно искрено.Нема каде да рашеташ.Само се бањаш,сончаш и јадеш.Не ни бендиса и затоа сега барам хотел во близина на населено место,сега читав за Mellieha Bay дека таму било добро за деца.Ако има некој предлог или искуство нека каже.