Гнасно е ова што ќе го споделам со вас, ама ич не би носела дете на остров. Јас кога работев во Малта поред обала сите фекалии минуваа. Остров е, нормално е да се фрла изметот надвор, ама јас никад не би пуштила дете да се бања . Инаку нема плажи за паѓање у несвест, се е импровизирано, Мелиеха е добро средена, ама и тоа е фејк. Сепак вие си знаете најдобро, моето искуство што скоро една година живеев таму, а се избањав едвај 5-6 пати ( а обожавам плажа и море) , кажува ваљда нешто. Откако видов што се дешава во водата веќе не влегов.
Ми треба инфо за Малта. Колку е оддалечен аеродромот од центарот ? Каков е јавниот превоз?(чести автобуси, цена на билет, каде се вади билет) За туристи каде е најубаво да се сместат (близина на центар, на знаменитости)
Еден час до два часа со бус до градовите. Сите града имаат центар, сега не знам каде ќе одиш. 2 евра се плаќа автобуски билет, чијшто трае 2часа, после тоа мора нов да купите. За туристи е најубаво да си изнајмите апартман за повеќе души во внатрешноста на градот за поефтино.
Здраво. Наредниов месец ќе одам во Малта, карти купив, сместување немам резервирано. Ќе бидеме 4 дена и сакам да шетаме секој ден на различно место. Се двоумам каде да се сместиме во Валета или Слиема или можеби некое друго место... Секој совет е добредојден
Островот е доста мал, има добра конекција со автобуски линии, така да кај и да сте сместени лесно ќе можете да шетате. Има автобуска електонска картичка што чини околу 20 евра, трае 1 недела и е супер исплатлива. Слиема и Валета исто така се многу блиску една до друга и мислам дека кој и да одберете од тие два града нема да згрешите. Слиема ви е поблиску до Пачевил ( не знам што ви е приоритет и што сакате да посетите).
Супер, значи со таа картичка ќе можеме да се возиме неограничено додека сме таму. Би сакала еден ден да прошетаме во Валета, еден во Слиема, трет ден селото на Попај и четврт тивкиот град. Мислам дека тие се најинтересни места да се посетат, ако грешам кажете да направам измени. Ноќен живот не ме интересира, а Пачевил како што разгледував е најдобро место за забава, ама можеби друга прилика..
Да, неограничено можете да го користите билетот во периодот од 1 недела. За Слиема мислам дека многу ви е да резервирате цел ден. Не знам како е времето во зима за да одите и до Гозо тој ден кога ќе одите во Попај вилиџ. Еве ќе ја тагнам @buba4e89 мислам дека она живее на Малта, може ќе има некоја идеја што вреди да се посети.
Пачевил може и преку ден да се посети, има трговски центар во склоп. Убаво е да се види. Во однос на туристичка картичка за возење 21 евро чини, неограничено возење 7 дена. Попајот е одалечен околу 1 час возење, препорачувам Had Dingli да се посети да го видите зајдисонцето. Во однос на превозот, времето на поаѓање на автобусите повеќе инфо имате на malta public transport(talinja). Одете на Гозо, имате туристички пакети со брод за 25евра од човек. Може да го посетите Медитеранео - пливање со делфини. Вреди да се доживее. Ако те интересира нешто слободно пиши ми.
@buba4e89 i @Avery ви благодарам за информациите! Ќе прогуглам деновиве повеќе околу овие места што ги предлагате и ако има нешто додека да заминам ќе прашам пак
Јас прочитав дека ќе доаѓаш нареден месец така да за Гозо немаш тури за 25евра,ама имаш траект за помалце пари. Сама своја режија. Само касно беше за едитирање.
Селото на Попај е затворено зимно време. Максимум рачунај си пола саат да бидиш таму. Пачевил барем една вечер оди, има комбиња. Има шопинг мол, Хард Рок кафе и една купа дискотеки. Валета (музеи има ептен интересни) , Буџиба (на плоштадот има Bad Bull ресторанче - пробајте зајачко месо уффффф прсти да излижеш, исто и аквариумот е овде), Силема... Има отворено Decathlon во Малта, спортска продавница позната низ Европа и ептен е ефтина. Ако планираш да купуваш нешто, чувај се за таму.
Не е затворено. Нема само активности поврзани со вода (15 мин пловење и користење на плажата и забавните играчки во вода).
Немојте вакви дезинформации, селото не е затворено.Decathlon е во Орми, зајачко месо имаат речиси сите ресторани. Нема ништо посебно Буџиба, позната е по Кафе дел Мар кафичот но зимно време е затворена. Валета има city view на три града и тоа може да се види.