Нема Рефке, сега за празниците има попуст до 70% може да се најде нешто. Се на се, квалитетна роба имаат. Може и до плафон да се у заден момент за храна се е можно.
Пред пола саат гледав. Ако закажам сега, за 25ти јануари до 1ви Февруари авионски превоз ми е околу 3000ден. повратна карта. Такси од Аеродром до хотел 22е. Хостели има од 70е нагоре, за 8 дена. Хотели незнам не видов. Епа со 500е можеш да поминеш екстра, освен ако не се луксузираш по шопинг центри. Плажата е прекрасна, пријателка моја беше и ми покажа снимки. Мирно место со многу фини и пријатни луѓе. Планирам сама да одам. Иако ништо незнам за тоа место, сепак е плус искуство.
Таа беше таму пред месец ипол и беше многу топло, се бањаа луѓето. 25 степени беше. Не знам каква точно е климата таму, но знам дека е доста топло. Јануари најниски температури им се до 12 степени. Друг проблем е што е многу диво, пусто. Освен ако ептен одиш да се релаксираш и да се исклучиш од се и од сите.
Од 8 до 15 се температурите на Малта сега, така да освен за гледање за друго нема да ти послужи плажата
Малта е остров, што значи отворено море за бањање тешко пред мај/јуни. Башка ветерот, во април беше камен ако си на сенка пошто ветерот носеше. Сега е раат за шетање, сигурно има помалце гужва. Малта и не е баш толку јужно за да се бања некој во декември и јануари.
Шансите да се бањаш се ниски. Ладно е, има денови кога ветер дува, па колку и да ти е топло да се соблечеш за плажа ќе смрзнеш од ветерот. Имаше се бањаа во ноември кога беше топло, јас се бањав во Октомври па се разболев, што е ладно ладно е, зима е. Нема гужва. Нема бањање. А за такси зошто да плаќаш кога имаш бус и билет ти е 1.50евра ти важи 2 часа. Ќе заштедиш пари. Шетај се, ама со капут и капа. А кога врне и кога до колена има вода е тогаш е најлошо, богами ни чадор не те спасува.
@buba4e89 се активирам на форумов само за да те прашам дали знаеш како е ситуацијата во Малта за туристи? Се мислам дали да одам крај на август, комплетно вакцинирана сум, со ЕУ сертификат и се тоа
Штом поседуваш Еу сертификат за вакцинација можеш да дојдеш со комплетно букиран хотел,повратна карта и потполнет Passenger locators Form (го има на страната на компанијата преку која летате) + 50 евра од ден.Само нема директни летови така што имаш опција преку Софија или Ниш.
Никогаш не ни имало. Можеш да шеташ без маска на отворено,во автобус мора маска,во такси,молови нонстоп маска. Кога си на отворено не се носи само ако и другите со тебе се вакцинирани. Носете пасош со вас плус сертификатот како доказ доколку ве запрат од полиција или Леса за да ве проверат. Едино што можам да ти кажам е да се пазите оти делта сојот расте овде по 200 дневно.
Јас колку што знам моментално е хаос на Малта од прва рака информации но како и да е моја препорака да се распрашаш подетално пред да идеш.
Јас живеам на Малта и немојте со рекла кажала, информации од тетка ми,стрина ми… таа доаѓа од Германија што значи во пасош ќе видат каде и што била,можат да и побараат германски документи но секако поминува на пасошка. Лошо е ако не си вакциниран и доаѓаш од Балкан автоматски одиш во карантин кој го плаќаш 100е на ден.
https://www.visitmalta.com/en/covid-19/ Нека стои ова тука како информација за сите. Невакцинирани не враќаат туку одат во карантин. Е сега најново што разбрав е дека им нуделе две опции но уште не е сигурно тоа.
@buba4e89 Бубач извини тука вака ќе те прашам не можам лп да ти пишам. За доселување има шанси сега со вирусот и се ова? Нешто посредници или како да се дојде дали знаеш ?
Од Македонија може да се дојде доколку има сертификат за вакцинација од Фајзер,АстраЗенека, Џонсон и Модерна,повратна карта (ако имаш некој да те прими кај него па да ти даде копија од Ид негово за да покажеш дека кај него ќе одиш на гости,уште подобро), букиран хотел и 50е од ден. Посредници не препорачувам,само ќе ви ги земат парите. Директни летови нема,само од соседството се лета. Пари и воља тоа е се што ви треба.
А работа би се нашло лесно .? Јас желба од 2015 имам ама само на желба си Стоев до сега ,сега веќе озбилно сакам да заминам од државичево ...