Минималната е околу 800 евра. Се преживува ако си спремен да се бориш и малку јазикот зад заби. Се што ви треба е волја и желба за напредок толку.
Јас се вратив пред 4дена. Супер е времето, мислам дека баш овој период до крај на Септември им е и најубав за плажи
Девојки јас планирам накај 23 октомври д а одам во Малта на 5 дена дали е ОК времето тогаш или врнежливо е обично? И дали има добри места за шопинг дали е скапо?
Епа лани беше убаво се бањавме,кој како си трпи ладно и до кој степен, но има врнежливи периоди. Скапо е, попустите завршија зависи ако се погоди празник па ставаат минимален попуст. Добри места за шопинг: TC Plaza, The Point, Centreparc… Главата улица со многу продавници во Слима. Сега не очекувај Октомври да е ко Јули така да земи си нешто ко за есен бидејќи дува ветер. Има доста места каде може да се слави дочекот меѓутоа они не го фаворизираат толку како нивниот католички Божиќ. Има Божиќни маркетии, секое градче е украсено за тоа не штедат. Меѓутоа, тој период е најладен и дува силен северен ветер,најчесто врне.Лани иако беше 0 степени се осеќаше ко под 0, со капа,шал и ракавици бевме. Баш за дочекот беше преладно, нема зима без ветер за жал.
Здраво размислуваме да одиме летово на одмор во Малта некој што бил да ми каже кој месец е најдобро, како се движат цените, и дали е подобро со агенција или ќе може и сами да се снајдиме
Според мене најдобро е со агенција бидејќи картите се доста покачени а и се е покачено. Најидеални месеци се јуни и септември, јули и август е премногу топло.
Јас сакам да одам на одмор во јуни со дете, дали и каде има песочни плажи, да може дете да плива? Ако сака некој да сподели инфо што бил во скоро време со дете, фала
Малта има само една добра работа а тоа е одличен маркетинг. Плажи никакви, цени нереално високи, мој совет изберете друга земја има многу поубави земји за летување од Малта.