Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Малта

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Elence93, 17 април 2016.

  1. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.146
    Допаѓања:
    6.691
    Пол:
    Женски
    И мене истото ме интерисира:)
     
  2. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Најлоша дестинација!
     
  3. Nairobi88

    Nairobi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    309
    Пол:
    Женски
    не ми го одговори прашањето ама баш ич. Ама кога веќе коментираш елаборирај малку
     
    На MakeDamnSure и Маја Т им се допаѓа ова.
  4. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.176
    Допаѓања:
    1.674
    Пол:
    Машки
    Пристојните смештаи се по 50 евра од вечер па нагоре. Може и да најдеш нешто поевтино во помалите градови, ама сметај ќе бидеш оддалечен од главните знаменитости и случувања. Според мене најубаво е да се смести човек во Валета, ако ништо друго главен град е но нема премногу гужва.
    Неделна автобуска карта ти е 20 евра, и со неа можеш да се возиш неограничено 7 дена, меѓутоа автобусите често се нередовни и преполни. Џабе ќе гледаш на Google Maps, нема да дојде во точниот термин. Ако се преполни и ниту застануваат, тоа е голем минус за Малта. Траекториите им се ужасни, од едно место до друго што е воздушна линија 3 километри, ќе те изврти од милион други патишта и ќе му треба 45 минути.
    Има Bolt, што е поскапа варијанта, ама побрза. Ако ништо друго ќе ти каже колку пари ќе те кошта па ти сам ќе избереш дали да идеш со тоа.

    Селото на Попај според мене не вреди, можеби за деца. Наплаќаат влезница, и како што гледам сите се сликаат на таа оградата со селото во позадина ама ретко кој влага внатре :D Јас не сум бил, од слики што видов не ме привлече.
    Гозо е помалиот остров соседен на Малта, и тука според мене нема нешто спектакуларно, ама ако ти е мерак посети го, има бродови што одат од Малта до Гозо со 1 застанување во Blue Lagoon, ако одиш на лето ова место е многу убаво за бањање, со тоа што за жал е карпесто и нема место нигде да ставиш пешкир и да седнеш. Јас на пример, стоев, се шуткав нагоре-надолу, јадев, се бањав па пак стоев па пак се бањав и така додека помине тој 1 саат додека не те збере бродот накај Гозо. :worried:
    Другите места не сум ги посетил, само за Мелиеха знам дека е една од подобрите плажи на Малта.
     
    На Alex.T и MakeDamnSure им се допаѓа ова.
  5. арија1245

    арија1245 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Какво е времето на Малта во април? Дали почнуваат да се капат и дали има доволно активности за туристи?
    Мислам на факултативи како возење четирицикли, тури со бродови до островчињата и сл.
     
    На Poppcornn му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Poppcornn

    Poppcornn Нов член

    Се зачлени на:
    19 март 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Сеуште е променливо и водата не е загреана @арија1245
     
    На арија1245 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Esmeralda-MD

    Esmeralda-MD Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    42.450
    Пол:
    Женски
    Малта ми се допадна.
    Бевме 7 дена и пред една недела се вративме од таму..
    Во St.Paul Bay областа бевме сместени во хотел.
    Сега не знам точно,дали е Буџиба или само Qawra, тие што живеат таму не ми се смејте.
    Си изнајмивме мотор и со него цел остров го прошетавме..
    Користевме и градски превоз(на време доаѓаа бусовите и картата беше 2,50€..мана беше што понекогаш беше преполн)
    Времето беше преубаво,не беше за капење,но сепак убаво за шетање, има што да се види..
    Не бев на Гозо и Комино,имаше два дена ветар,ми беше страв да се возам со бродчето.
    Во The Point бев и не ме бендиса..
    Сити мол е поубав(не ме карајте)
    Не ме бендиса и што островот е пренаселен, никаква сообраќајна култура,прљаво,но не секаде..
    Валета, Мдина,Рабат,многу ме бендисаа..
    Селото на Попај,интересно и убаво,картата беше 15€по човек, добиваш во таа цена пуканки во киното и да си одбереш сувенир.
    Се на се, преубаво искуство..
     
    На Alex.T, ALISA0000 и FreeToGo им се допаѓа ова.
  8. $ophia

    $ophia Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 те молам пиши ми ЛП
     
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.472
    Допаѓања:
    172.225
    Мислам дека госпоѓицата не е повеќе на форумов
    Ако може да помогниме кажувај
     
    На $ophia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. $ophia

    $ophia Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Јасно. Вака, сакаме да одиме на Малта 4 возрасни, воопшто не одиме за журки, на многу кратко време буквално вечерта да стигнеме, утредента се бањаме, третиот ден си одиме. Толку. Е сега каде да бидеме сместени е прашањето, за да овие попопуларниве и најубави плажи да ни бидат блиску, пошто нема да имаме ич време многу кратко ќе престојуваме. Битно ни е да ги погодиме плажите. Фала. :)
     
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.472
    Допаѓања:
    172.225
    Една ден одвојте за тура со брод до Гозо и Комино
    Блу лагун е прекрасна
    35е е по човек
    Плажи песочни само во Мелиеха или сместите се во неа или у Ст Паул
    Само за,бањање ако сте не одите во Малта
    Малта е убава туристички да ја изшеташ
     
    На $ophia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. GoldLeo

    GoldLeo Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    8.189
    Пол:
    Женски
    Можете Ст.Паул да се сместите и близу ви се плажите. Проверете ги Голден Б, Мелиха , убави плажи се.
    Не е кратко време, таман е а и се е близу.
     
    На $ophia му/ѝ се допаѓа ова.
  13. $ophia

    $ophia Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Толку се можностите, со моите ќе одиме а моите се на работа и не може никако другачие. Плус сакам да ги изненадам не сме биле заедно одамна вака. Искрено, моите не се веќе за шетање по цели денови и плус дека јуни месец ќе биде, за нив во лето само бањање и само вода. Кога шетаат гледаат само да шетаат, кога одат на бањање, одат само за плажа. Шта чу, и годините си го прават своето. :lol:
    Што е до мене, јас сум повеќе за микс (и да шеташ и да тераш плажа), ама ја на мои 20 и нешто, они 50 и нешто иако воопшто не личат така. Не бил никој од нас 4ца во Малта па мислам дека ќе биде интересно.


    Песочни се овие така?
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GoldLeo

    GoldLeo Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    8.189
    Пол:
    Женски
    Да да, песочни се и таман за семејства.
     
    На $ophia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    346
    Пол:
    Женски
    Како се оди до Комино и Гозо? Од кој град се тргнува? Како да резервирам?
     
  16. Alex.T

    Alex.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2018
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Машки
    Гледам има понуди за Малта од 13ти до 16ти Септември.
    Сте ги виделе?
    Цената е 340 евра + факултативни тури.
     
  17. Aurelija

    Aurelija Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Малта за во февруари?
     
  18. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.146
    Допаѓања:
    6.691
    Пол:
    Женски
    Јас бев лани во средина на јануари и супер си поминав. Времето беше топло, баш за шетање, а сместувањето супер и многу поволно за разлика од летните месеци.
     
    На Aurelija и Alex.T им се допаѓа ова.
  19. Nairobi88

    Nairobi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    309
    Пол:
    Женски
    Јас бев со децата лани декември имаше Christmas market преубаво поминавме. Се шетавме без јакни, топло сончево, многу убаво украсено во Валета
     
    На Aurelija и Alex.T им се допаѓа ова.
  20. Lady_S

    Lady_S Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2022
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Каде е најдобро да се сместиме во јануари со 2ипол год дете за 4 дена?