Пред се добра вечер на сите! Одамна сакам да купам малтезерче,но 300евра сметам дека е премногу вклучувајќи ги и моите други трошоци. Би ви била благодарна ако некој ми помогне да најдам или препорача по поволна цена.
Има причина зошто секое расно куче си има одредена цена. Ако ти е премногу, има многу мешанчиња од малтезери кои може да ги вдомиш бесплатно.
Има огласи на pazar3.mk за домашни миленици и по фб страните за домашни миленици, ама врти- сучи цената е таа од 250- 350 евра. Јас би ти препорачала ако немаш толку пари да издвоиш за матезерче прво размисли си добро дали ќе имаш да издвоиш месечно за трошоци во врска со кучето: храна, услуги за одржување на хигиена и здравје по ветеринари. Ако желбата е голема за одгледување милениче и имаш финансии месечно да издвојуваш одлучи се за раса која не е толку скапа или обрати се на страната на Anima Mundi вдоми напуштено кученце.
Јас имам 4 малтезери. Првиот малтезер го купивме од пазар3 ако не се лажам, ама сигурно не беше 300 евра. 100 или 200 максимум. Ама тоа беше пред скоро 9 години. Вториот малтезер го вдомивме, сопствениците се селеа во друга држава па решија да ни ја поклонат. И после двајцата се спарија и сега си имаме уште две преслатки снегулки .
Ако немаш пари да го купиш, ќе немаш пари и да го издржаваш е мојата девиза Имаш малтезери од 100 еур, ама ко ќе ги споредиш со прав малтезер, ќе се увериш во разликата. Ако сакаш кутре со педигре, кое ќе биде без физички недостаток и со кое ќе можеш да одиш на изложби, собери пари и купи си добар репрезент на расата
Иста фамилија се. Бишон малтезе и Бишон фризе. @duffi Малтезерите се само помали,друго се им е слично освен фризурите.
Јас/ние вистинските љубители на миленици, би ти биле благодарни да не земаш миленик, зашто тој не чини 300 евра и толку туку има секојдневни трошоци и потреби исто како и луѓето. Тоа не е чанта па еј скапа ми е оваа, ќе земам од друга продавница. Иначе, 300 еур е ефтино за квалитетен малтезер.
Доколку сакаш поевтино да поминеш, можеби подобра опција би ти било да вдомиш мешанче со мал раст. Во друг случај, следи по пазар3/ реклама5, верувам има огласи, но цените се тие за “обично” легло без кој знае како потекло. Имај само на ум дека малтезерите се раса кој бара доста нега и внимание ( а и средства). Потребно е квалитетна храна, добри препарати за одржување на влакното и редовно четкање, шишање, бањање, одржување очиња...(реално, како и кај сите раси). Ако не си спремна да одвоиш време и финансии, а сакаш мало кученце, топло ти препорачувам да одбереш друга раса ( не бишон на пр. зошто и кај нив е ист случај како кај малтезерите) или да си вдомиш куче со мал раст кое нема да бара толкава нега.
Многу убаво кажа не е чанта па скапа ми е оваа,топло замолив за мислење..Во секој случај фала ти за “коментаров” ))
Ништо лошо не ти пиша, ти пишува за да не те читаме утре во огласи продавам малтезер за 300 евра со додатоци дека па затоа по иста цена, 300 евра Не земајте куче кога не можете да приуштите да го храните, лекувате и одржувате како што заслужува.
За малтезери го прпорачувам Оливер од Волково. Има малтезери, бишони и померанчиња. Вакцинирани, со пасош. Има фирма, се вика bubamak а на ФБ е Одгледувачница на малтезери, бишони и померани.
Има померанчиња еден куп, ама се по скапи. 300 евра се бишоните и малтезерите. Сите три раси се салонски кучиња и таму во "кучкарниците" убаво ги одгледува до продавање.Топло им е , бањати, нахранети..нема во исти кафез многу кучиња, померанчињата се сам по сам. Многу е педантен. И со убава храна ги храни.