Ројал ко тој на сликата што го пратив,ние земавме по 2 3 кг од неколку храни додека ја погодивме,оваа нас супер ни е и сега земаме цела вреќа и поисплатливо ни е. Лом беше и околу очи и на муцето од плунката,одма приметивме подобрување,а и ова,капнавме неколку пати Прокулин во очите,дали и тоа имаше ефект нз,ама не верувам бидејќи беше еднократно.
Има и помали вреќи, некаде 3 кг 2000 ден се. Јас пак се нервирам, еднообразна храна јадат кучињава, оно така требало. Колку пати на ден им давате и количински колку?
Ние досега имаме сменето 3 вида на храна и сме го немале тој проблем затоа и не сум си го поврзала тоа со храната. Добро е што сте откриле од каде потекнува проблемот
Еднаш дневно,80 до 100 гр. Ако го почастиме нешто од ручекот,може и да не ја изеде храната,си остава за утре. Точно е дека препорачуваат само таа храна за нив,ама како да не му фрлиш мевце од ручекот на тие очиња
На моето очињатс бу беа чисти. Откога јс купив еднс хтсна на кило од 180 ден , мислам дека го упропастив. Има уште малку од неа, ќе ја фрлам. А за почастување на ручек... Стрвни се. И е сито, пак зјае на масата и ти брои залци. Јас и телешки пресовани коски му купувам за да глода. @Stressed Out а колку е старо?
Сега и јас ке купам Ројал Канин папис. Мене ветеринарот ми препорача Пурина од пилешко, наводно била најдобра. Сега имам храна на кило купена ефтино и еве што ми се деси, како циганка е во лицето, има кафено под очиња, а беше многу чисто кутрето.Мислам дека и ушите како да не му се бели. Сега кажи дали го вадиш надвор. Колку пати дневно ...мислам дека со саати можам за деца и за кучиња да си разговарам
Експериментирај додека ја погодиш идеалната за него,сигурно од храната се обоило. За вадење надвор ако мислиш на шетање,не многу често периодов и ми е многу жал предосадно му е,ќе го земам в кола кога имаме обврски ваму таму колку да разбие монотонија,а ако мислеше за мочкање и какање до 3 пати во денот. Ние сега чекаме бебе и не знам како ќе биде,многу е мил и внимателен тој вака општо,нз како ќе ја прифати а не планирам воопшто да ги делам од прв ден.
И јас ја користам пурина про план пилешко, обоено е малку околу очињата сепак, па сега ќе пробаме со купечка вода само да пие. Ушињата им се обоени минимално додека се малечки, имам читано дека после една година ќе го снема тоа потполно. Мене прашањето ми е на која возраст бишоните го менуваат бебешкото крзно во возрасно и дали тогаш потполно престануваат да паѓаат влакненца? Он сега не се митари многу, но сепал пушта и после чешлање цела сум лом со влакненца
Кај нас крзното почна да "огрубува" околу 7-8 месеци,се прават поинакви локнички и на допир е покруто. Кога носам црно имам нешто на мене минимално,како што би ми оставило ќебе на мене пример,не ги ни сметам за влакна тие Превривајте вода и сменете ако давате вода во пластично чинивче,ние така дававме и го сменав со метално.
И ние ја зафркнавме со храна,4 год беше бела околу очите. Ја оправивме со Брит премиум,јагнешко со ориз.1900 врека за 7.5 кг
Јас сум од N&D од пилешко и калинка мн задоволна. Очињата и се многу чисти. Претходно доста и пуштаа. Оваа храна е меѓу најдобрите
@Cosmi папис има ли? Од каде ја купи? Ги носите ли на груминг или сами дома ги средувате? @wannaBeMomma те молам пиши од каде ја купуваш
Од увозникот,на фејс Brit Care Macedonia,прашај ги дали имаат верзија за млади. Сама ја шишам,купив реквизити и се поднаучив