1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Малтезер и бишон

Дискусија во 'Дом' започната од Ninjasdaughter, 9 септември 2020.

  1. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.252
    Пол:
    Женски

    Со сува храна ќе го храниш? Ако да, која сува храна?
    Или пак со домашно готвено (домашно готвено само за него, верувам тоа знаеш, без зачини, без намирници кои се штетни за нив, пример кромидот)?
     
  2. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    13.600
    Пол:
    Женски
    Прашање беше, да ми одговорите ако можете, кажете што е добро, а што не. Ви благодарам
     
  3. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Секогаш најдобро е кучешка сува храна. Во неа ги има сите потребни работи за кучето. Има на Ројал Канин баш за малтезери храна но таа ќе му ја давате малку да потпорасне, а за почеток давајте му храна за мали кученца. Најдобро е уште од мало да си се научи на кучешка сува храна. Малтезерите се осетливи кученца и убаво е да ги храните со специјализирана храна за нив и нивното крзно. Кога ќе порасне можете да му менувате храна и да му давате и храна Orien.
     

    Прикачени фајлови:

    На Elenpelen и Anie93 им се допаѓа ова.
  4. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.252
    Пол:
    Женски

    Дека напишано е колку е доволно, мислев да не имаш веќе одлучено.
    Како и да е, домашно готвено само за него е најдобро и најисплатливо, ама пак има работа, спремање на храната, па дали си ставила доволно месо, доволно зеленчук, па дали ќе треба плус на тоа мултивитамин да додаваш, исто нема да можеш морковче пример секој ден оти е бело кутре, ќе треба да мозгаш за оброци. Јас за ова не сум оти чувам повеќе кучиња и искрено немам време да готвам за сите.

    Е сега, сува храна, знаеш има се во храната ако е квалитетна, имаш спремно во секое време, и да треба да го оставиш некогаш некому, знаеш дека ќе јаде како што треба.
    Имаш доста добри храни кај нас, од тип на Акана и Оријен, најскапи се искрено...
    Потоа, од среден ценовен ранг Фармина Н&Д, Фармина Тим Бридер, Некмар, Фитмин, Адрагна (јас користам од овие неколкуте), Брит Кер, Еукануба, Пурина Проплан, Хуссе итн.
    Јас имам одлично искуство со Некмар, Фармината и Фитминот.
    И имаш и од најефтините, маркет храна ги викам јас, ко Педигре и Дарлинг, и верувај подобро е да јаде кучето леб и вода буквално отколку овие.
    Од која и да земеш ќе бараш или Baby или пак Puppy.
    Разгледај ги по интернет, види која ќе ти фати око на тебе со цена, а здравје на кутрето треба да пробаш која ќе му одговара (да сака да ја јаде, да е весело, да има енергија, и да нема течна столица од храната најважно).
    На секоја од храните позади имаш колку точно му треба на кутре на таа возраст да му го дадеш расцепкано во 4-5 оброци (како што ќе расте ќе намалуваш со оброци и ќе му ја даваш потребната количина во 2 оброци на ден, кога ќе наполни годинка здравје тоа).

    Кога ќе го земеш кутрето, прашај каква храна му давале за да земеш и таква барем 1кг бидејќи ако му смениш нагло храна, ќе имате проблеми (дијареа) за да му мешаш полека, 70% стара - 30% нова храна една недела, па 50 - 50, и се така постепено додела не стигнеш на 100% од новата. Нова храна за да видиш какви резултати ќе даде, дали му одговара, треба барем 1 месец само таа да ја јаде.
    Ако те интересира нешто плус, слободно прашувај и среќно, многу убави моменти да делите заедно :hug:

    Ќе се извинам однапред на членката друга @Сара Лав ама Ројал Канин е доста лоша храна со состав, видете на интернет како се чита составот и направете споредба еве со Некмар нека е, не мора со Акана и Оријен.
    Може некој има добри резултати со таа, ама составот не и е добар.
    Не ја форсирајте сакав да кажам само таа, не ме разбирајте погрешно, бидејќи храната има само одлична реклама според мене, не и убав состав.
    Поздрав.
     
    На Cosmic Girl и Anie93 им се допаѓа ова.
  5. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    13.600
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу! :l:
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    18.963
    Дали има некоја членка женско бишон за парење? Момчето е со педигре, а ќе земат и оценка од изложба. Пишете ми лп па ќе ви пратам контакти
     
  7. Anja.manja.l

    Anja.manja.l Нов член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво женски. Имам 4 месечен малтезер,е сега пораснато му е влакното таман за стрижење но, јас баш таков сакам да е,бушавко :) арно ама,ветеринаров ми кажа дека морало сега да се истрижи цел на 0, за да не му паѓале влакна...итн итн... дали е ова вистина? Првата коса се стрижела за да не се митари воопшто? Хелп
     
  8. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Малтезерите не се митарат и треба редовно да се одржува влакното, чешлање, капење, фенирање и кратење. Освен ако го носиш на изложба, тогаш нема шишање, треба да биде типичен преставник на расата со одржано долго крзно.
    Ако не го одржаваш ќе се заплетка целото и тогаш ќе мора шишање до кожа скоро. Ако малтезерот се митари уствари не е чистокрвен и е мешан со раса која се митари.
     
    На Idedemja, Anja.manja.l, Сара Лав и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Не е точно, имам 4 и пол годишен малтезер, првпат е шишан на 1 година, до тогаш убаво чешлање секој ден, не беше заплеткан. Ама како што кажа СуперДевојка, освен ако не го носиш на изложба каде мора да е типичен претставник на расата, значи малтезер со долго, мазно, свиленкасто влакно, ако е домашно милениче, полесно е да е шишан, не на најкратко според мој вкус. Летово пробав подолга коса да му оставам, издржав до 6-7см, и освен прв ден кога е бањат што изгледаше убаво, до следното бањање лом, ко залепен. Секоја чест на тие што успеваат, мојов 2 пати дневно е шетан, плус во двор и нон стоп крзното му изгледаше прљаво, затоа пак свртевме на кратка фризура, со долги уши и мустаќи. И да се навратам на одговорот, на 4 месеци не мора да се шиша малтезер, ама обавезно чешлање секој ден со чешел за да нема тутки и да знае кога ќе порасне дека мора да се чешла. И нема да се митари, какво митарење...
     
    На Idedemja и Anja.manja.l им се допаѓа ова.
  10. Anja.manja.l

    Anja.manja.l Нов член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Да, и јас така и си мислев...освен околу очите за да може да гледа,ми се чини дека му сметаат шишките,никако не сакам шишање
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Малтезерите како раса не се митарат, ова ветеринар сигурно го знае или не сте се разбрале убаво така што ти кажал. Моето малтезерче прво шишање имаше закажано на 5 мес. сега го носам на 2 или 3 мес. преку есен/зима. Ова лето прв пат на 0 го направија, не изгледа убаво на почеток ама брзо му порасна.
    И бара редовно расчешлување да не му се тутка крзното. Значи може да го носиш на шишање но и не мора сега на 4 месеци колкав е, ама обрни повеќе внимание на крзното.
     
    На Anja.manja.l му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    @Anja.manja.l да, околу очите обавезно, треба да му се отворени, да нема коса врз очи. Или репче, мојов не трпи.
     
    На Anja.manja.l му/ѝ се допаѓа ова.
  13. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.372
    Допаѓања:
    16.880
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми кажете од каде ви се купени бишоните и цени?
     
    На Hijabigurll му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.356
    Пол:
    Женски
    Ние го земавме од Куманово 300€ беше.
     
  15. Anja.manja.l

    Anja.manja.l Нов член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Jas go zemiv od Kocani, 330evra
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  16. _a.anastasiya_

    _a.anastasiya_ Нов член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво сакам да прашам дали има разлика од обичен малтезер , teacup малтезер и мини малтезер , и дали таа разлика се пишува во педигре или сите се напишани како малтезер
     
  17. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Сите се малтезер. Големината зависи од родителите, крвната линија. Според стандардот за малтезер, мажјакот на пример треба да е 3-4 кг, висок 21-25 см
     
    На _a.anastasiya_ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. _a.anastasiya_

    _a.anastasiya_ Нов член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Vi blagodaram
     
  19. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Здравоо сакам да вдомам малтезер или бишон паа ако знаете некој од Скопје да подарува???
     
  20. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    14.342
    Пол:
    Женски
    Никој не подарува малтезер или бишон. Ако веќе сакате да вдомите има по страниците многу кученца (мешанчиња) со мал раст кои бараат домче, зошто мора баш да е малтезер или бишон…?!
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.