Ако е чисто расно со педигре и без мајмунлаци никој не подарува, пошо кога тогаш ќе се продаде. Се подаруваат мешанчиња или евентуално со некоја маана, болест итн. А @Avery супер ѝ кажа, нека вдоми некое со мал раст, нека смени нечија судбина.
Да да секако. Баш прати ми ако најдеш некој да подарува мало кутре малтезер или бишон. Знаеш колку чини одржувањето и негата на овие раси? И некој баш ќе го чува своето малтезерче, ќе инвестира во него, ќе го спари со друго малтезерче, ќе ги чува бебињата 2 месеци и ќе ти подари едно, така без пари. Како не! Ама како што вика @СуперДевојка слатки се за на инстаграм, па си ја пробуваат среќата.
Баш ова звучи како да се подобри расните кучиња. Како и да е, има луѓе што сакаат да подарат да израдуваат некој, не мора да веруваш.
Zdravo, Dali nekoj moze da mi kaze koj e podobar ili pogodan za mai deca 7 i 3 godini maltezer ili bison? inaku ziveeme vo stan i preku den sme na rabota, zatoa se dvoumam mnogu dali da mu kupam na decata, sin mi go bara non stop mnogu gi saka.Jas nemam iskustvo so zivotni ili kucinja nikogas ne sum cuval, a bogami i se plasam mnogu. Vie kaj gi kupivte vasite koja cena se i sto treba da se znae koga kupuvas? gledam na fcb ima razni prodavaci i cenite se razlicni?
Верувам дека возрасно куче, над година, малтезер или бишон ќе најдеш зашто многу луѓе за жал откако ќе купат, сакаат да се отарасат. Често имаше по групите за миленкци се подарува малтезер стар 2 години и сл.
Пред само еден месец другарка ми вдоми малтезер без пари и нема веќе од тоа место значи можело, да се извинам што прашав или што барам ?
Чистокрвни бишони и малтезери нема шанси да добиеш поклон особено мало кутре.Цените се од 300 е па нагоре и тоа без педигре.Малтезерите малку се поевтини од бишоните.Ептен да ти е близок пријател па да ти даде ама ни тогаш не верувам
Има шанса и да вдоми, зошто да не си праша. Јас мојот кога ќе го спарам (со педигре е), кученцето што ми следува ќе го подарам, шанса нема да го продавам, затоа распрашај се, можно е да најдеш.
Zdravo bi sakala da prasam kolku grama hrana se dava na maltezer od 2 meseci i kolku kilogrami bi trebalo da tezi kutreto?
Јас на мојот малтезер му водам евиденција за тежината, зошто сакав да знам како напредува и дали доволно го хранам. На 2 месеци моето тежело 770 грама. Му давав тогаш акана храна, за која имав мерица што ми ја дадоа од продавницата за храна. Ми означија околу 80 грама од акана папи и ми рекоа ова за цел ден. Искрено тоа сакаше да јаде и повеќе ама гледав да не му давам премногу. Дур беше мало полакомо беше. Сега има скоро две години, јаде една шака отприлика од кучешката храна, и му давам и други брендови, ама ретко ја изедува цела.
Наидов на оглас за малтезер 200 евра. Нели ова е евтино? Кучето наводно има 3 и пол месеци, примено сите вакцини, прочистено
Не е ефтино. Има многу малтезери и бишони па им е потешко да ги продадат. Другарка ги даваше за 150еур.
Фала ви на одговорите. Планираме да купиме малтезерче, што би ми советувале? На што да внимавам при купувањето? Исто, ме интересира што се ќе ми биде потребно од опрема за дома пред да го земеме? Фала.
Ако има педигре, да ти го дадат одма при земањето, да не те мафтаат дека ќе излезе не знам кога пошо не е така. Ако нема, пасош да ти дадат со примени вакцини, прочистувања. Храна puppy или каква што јадело таму за почеток. Купи му многу играчки за да не купуваш мебел после. Витамини некои по совет со ветеринар. Обавезно добри чешли и шампон за бело влакно. Чешлање минимум еднаш дневно. Puppy грицки за награда. И многууу многуууу трпение и живци. Сѐ ќе научи само ќе му треба време.
Искрено, ич не ми е битно педигрето. Барам расно куче од причина што сакам да биде мало, и изборот се сведе на малтезер, бишон или ши-цу.. ама најверојатно малтезер ќе биде. Ми се допадна едно малтезерче, ама продавачот не е нешто ангажиран со комуникацијата Според пишаното, кучето ги има примено сите три вакцини, прочистено е и сето тоа е внесено во пасош. Има три и пол месеци. Ова ми беше важно, оти од се што се изначитав сите советуваат кученцата да се земаат што е можно поголеми, најдобро откако ќе ги примат трите вакцини. (ако не сум грешка до третиот месец, треба да имаат примено три вакцини, така?) А која е разликата помеѓу малтезер и бишон? Знам дека се различни раси, ама при одгледување дали има некоја разлика? И како се движат просечните цени на овие два вида кученца?