Прво давајте храна и после храната одма надвор. Кога ќе направи беља дома, плеснете го по газето со фишече од хартија, искарајте го и одма симнете го надвор и кажете му дека таму треба да мочка. Додека е сам, ако му имате оставено пеленка, натопете ја со неговата урина, или капнете капки за да му мириса (ги има во пет шопови). Местата каде што мочкал до сега дома пребришете ги со оцет, да се неутрализира мирисот на урина. Мочкаат обично таму каде што им мириса. Нашето беше ставено во ред, ама пак правеше бељи кога го остававме сам дома, веројатно од инает. Сега веќе направи годинка и има фатено ред.
Дали при промена на храната ви се случило изметот да промени боја од темно кафеаво во сенф жолто? Јадеше лосос, ама почна да ја одбива храната, па пред месец дена почнавме со јагнешко ама никако да му се регулира изметот. Вака е весел, игрив, си има енергија ама бојата на изметот ме загрижува.
Дали доколку малтезерот нема педигре може да се пари и да се продаваат кученцата? Дали педигре е само за изложба? Немам искуство баш
Може да се пари ако на другиот сопственик не му пречи што нема педигре, ама и цената на кутрињата би била пониска. Педигрето служи да се задржи чистата крвна линија на расата, да се спречи парење со роднинска врска и со тоа да се избегнат здравствени проблеми на кучињата во иднина.
Незнам каде да најдам во Мк со педигре женско малтезерче, викаат требало на цело легло да се вади а другите кои се со резервација не сакаат педигре….
Исто така ме интересира месечно колку пари би биле потребни за малтезерчето, храна и други препарати, шампони, витамини итн
Мани со деца се расправам па и кучето има како ларингит, лае засипнато како на 2ка глас. Што да му дадам?
Продавам бишонче старо 50 дена. Прочистено,вакцинирано, со пасош. Ако има некој заинтересиран слободно нека ми пише во порака за дополнителни информации
Здраво си зедовме малтезерче, скоро 2 месеци. Си мочка на пеленка ама за какање по цела соба кај ќе стигнеискуство? И колку вода да му давам дневно?
Обично какаат после јадење, така да следи го, штом почне да се врти во круг и се мести, одма однеси го на пелена. Кога ќе заврши работа, кажи браво, погали го и дај му награда. Само мора упорност и трпение. Свежа вода секогаш да има достапно. Во чиниче ќе ставиш и менувај ја по неколку пати на ден, посебно во лето. Кучето ќе си пие колку му е потребно.
Здраво, кога да го избањам прв пат? Пред 6 дена го зедовме, па некако ми е страв да не ми настине, на 23ти прави 2 месеци. Малтезер
Здраво, имаме 5 месечен бишон и имаме проблем со храната. На почеток беше на некмар, не му одговараше многу слабо напредуваше, пробавме 3 недели со ројал исто не беше воопшто добро му се издува мешето, крзното му паѓаше. По препорака од ветеринар земавме пурина опти дерма на почетокот беше добра, и по некое време почна интензивно да се чеша. Прекинавме со наградички, му даваме од храната мислејќи да не е нешто и од нив, но не е. Очигледно е дека не му прија ни пурината. Жал ми е цело време да му ја менуваме, но не знам што да пробаме следно. Ветеринарот ни рече акана и оријен не, бил малечок и е премногу протеини тоа за него. Дали има некој ваков случај и предлог што да пробаме следно? Фала ви
Ние имаме малтезер, јаде Nature's Protection за бели кучиња од бела риба. Имаат и за кутриња со чуствителен желудник од јагнешко-тие две се полесни за варење. Да пробате и со пробиотици за кучиња некое време. Нашиот кога не сакаше да јаде излезе дека има паразит што не се уништувал со обично апче за глисти, па со антибиотик се среди.
Немам бишон, ама моето куче се спаси и прероди со Бритот. Препорака и од мене. Ние земаме од лосос и тиква - пред тоа лосос и компир. Феноменална храна, нема грешка со неа, без оглед на раса. И за стомак, и за крзно, за се
Нема проблем со јадењето на храната. Проблемот е со чешањето и со промената на столицата. Еве со пурината на пример еднаш е мека столицата еднаш тврда, што реално не треба да е така. На почетокот беше само тврда не се чешкаше, по некое време почна. Два или три пати чистевме параанални жлезди ветеринарот рече дека и кога се полни се чешаат, а се полнат од меките столици. Фала ти како и да е. Ќе пробаме со Брит, па ќе видиме како ќе биде. Ако не ќе се дегустираат сите храни по ред