Не знам во Ск, ама пет шоп Пријатели ја имаат, а имаат и онлајн продавница. Побарај кај нив, мислам дека се главни увозници, и најефтина е таму.
Ако сака некој да купи малтезерче машко со примени комплет вакцини чип и пасош нека ми пише, цена поволна.
Здраво. Има ли потреба да се даваат додатоци во вид на витамини, на двегодишно малтезерче? Нешто како за крзно, имунитет... Ако да, која фирма се најдобри, гледам дека ги има многу.
Читав, го слушав човекот од одгледувачницата, ама ништо не запамтив Земавме бишон, многу е мало 1м и 15 дена. Втора вакцина треба да прими на 04.06 Првично да прашам, кога прв пат го избањавте? Кога ќе ги прими трите вакцини, или може претходно?
Jas moeto go banjav pred vakcina i se e vo red,samo gledaj da ne go razbolis ubavo sushi go i ne go banjaj mnogu cesto posto sepak e malo i vo soba go cuvas
Vaka imam bisonce staro e godina dena.jas go zemav vo april mesec mnogu e milo.vo denot po nekolku pati go setame go igrame planirame i so nas na odmor da go nosime.po nekogas koga jas i mazot mi sme ista smena na rabota sedi sam po doma 8 casa miren e ima pristap na terasa da izleguva i vo dnevna.ovie denovi so nego imame problem.pocna da mi mocka doma a ne pravese vaka.probav da mu piskam i po gaze da go udiram duri i vo mokrackata mu ja butnav muckata za da sfati deka ne e ubavo ama ne pomaga.baram vas sovet sto da napravam da go odviknam.a vo denot po nekolku pati go vadime nadvor i za kakanje i za mockanje ama eve doma pak ke napravi belja a koga e sam nema nisto samo nie koga sme doma.
Да престанеш да бидеш насилна со него, за почеток. Постојат спрејови за одбивање од место и спрејови за привлекување каде треба да врши нужда. А меѓувремено однеси го на ветеринар, ако до сега немало проблем и наеднаш се појавил, би се сомневала на некаква мака да има (уринарна инфекција, пример). Ако го оставаш 8 саати сам, обавезно земи пелени за на земја за кучиња, трева и слично.
Daleko od toa da sum nasilna.znace i peleno stavav i kapki za privlekuvanje dzabe na pelenoto lezi.znace ubavo kazav na vreme e mockano i kakano.mockanjeto obicno go pravi saat vreme od koga ke go iznesam nadvor.jas ovde barav sovet kako da go odviknam a ne kako da se grizam za nego.cel zivot sum so kucinja samo ova mi e prv pat bison da imam.
Значи не го тепај кучето, ни бишон, ни шарпланинец. Однеси го на ветеринар ако е НОВО ова, може има инфекција.
Ako treba ke go nosam toa ne e problem.na terasa ima pristap vo sekoj moment kolku saka i koga da saka da mocka.rabotata e samo doma da ne mocka
Moze neznam.vo mesecot moze se na se da se soberat pet dena po 8 casa da e sam.vo drugite denovi obavezno ima covek doma so nego.i koga e sam e miren nema napraveno glupost.
Здраво на сите, да ве прашам, ви се случува ли Бишон кога го држите да ви остави влакна на блуза, панталони ? Посебно на црни. Имам 5 и пол месечен бишон, шишан еднаш, се уште остава влакна. Не многу, ама се познаваат. Чешлам преку еден ден. Фала ви. Исто така, пред 2 недели беше оставен во пансион, околу устата му стана црвена. И пд тогаш не му е исчистена. Дома си јаде само Nature's Protection.
Не би требало да пушта влакна, затоа што овие раси не се митарат, но сепак зависи и до материјал на облека, некои лепат влакна, куче е има влакна па можеби и на вас да има, но ако му паѓаат премногу тогаш нешто не е во ред можеби е до исхрана, генетика или шампон Во однос на црвенилото тоа се прави од храна, истрижете го кај устата и видете дали пак ќе му се направи. Давајте флаширана вода. Доколку повторно има црвенило тогаш сменете ја храната. Во пансионот најверојатно му имаат давано друга храна па затоа се појавило. Но не е исклучок и да се појави од храната која ја давате. Земете храна за бело куче.
Пушта влакна ама не многу, храна за бели кучиња јаде од кога е мало. Таму во пансионот го пратив со мојата храна, ама си дојде со 350 грама потежок за 5 дена. Дома стално е мерен ,и со грамажата што ја јаде сигурно не качува толку за една недела. Редовно бањат, четкан. Шампон за бели кучиња користам исто така на beaphar. Плус си дојде со закачен крлеж, и полн со болви. Не ни сакам да знам што се случувало..