Многу лаат? А ќе седат дома навечер сами ако пример излезиме на 2-3 часа некаде? Мојот нема шанса на секое излегување да сака да го носиме и кучето
Што е разлика меѓу малтезер и вдомено куче, мешанче? Зарем и едното и другото не се кучиња? Љубители сте на кучиња ама ги двоите по раси и според тоа и таква нега добиваат нели. Јас имам вдомено и расно. И двете исто ги гледаме, со тоа што едното е доста големo и живее надвор, а малото е внатре. Ама негата е иста за двајцата. И љубовта. Демек мора Ројал да се храни. Има и други храни, со понормални цени и кучињата се супер.
zdravo vie sto se razberete za rasata na maltezer kucinja dali se pogodni za deca malecki i za vo staan dali laat mnogu i kade mozam da kupam kvalitet a procisteno a so sve vaksini zasto se plasam od zarazni bolesti zasto imam dve mali deca maleckata mi e 20 meseci.sin mi 6 godisen mi bara non stop zaradi nego jas porano nikogas ne sum imal nitu kuce nitu bilo kakovo drugo milenice?
Која е разликата помеѓу твојот дечко и дечкото на другарка ти? Не ве разбирам, зошто имате потреба де се мешате во сечиј избор. Ми се допаѓа, не ми се допаѓа. Всушност, моја работа е кој ќе вдомам.
Кучето е иста обврска како дете, мора да се храни, бања, шета, секако има и свои трошоци. Малечките деца знаат со миленичињата да се однесуваат како со играчки, и да ги малтретираат. Моја препорака ви е на детето да му купите кутре на батерии бидејќи е уште многу малечко и нема развиено емпатија а кога ќе порасне и ќе научи дека тоа е живо битие тогаш да му купите куче, и кучето е обврска која бидејќи детето е мало вие ќе мора да се грижите за него целосно. Иначе куче и од улица може да е погодно за дете прво го земате од улица, го носите на ветеринар да го испитаат дали е здраво и да го вакцинираат и ќе го прочистите и чипирате и погодно е исто како тоа што ќе го купите, бидејќи и на купено куче може да фати глисти, може да има нешто заразно и слично не знам од каде ви е таа информација дека само расно и купено куче е здраво куче.
Чувам малтезер, но и погоре како што Ви кажаа, сметам дека подобро е малце да потпораснат дечињата, посебно ако првпат чувате куче (не мора да е сето ова правило, но генерално е така). Посебно е захтевна првата година кога кучето често мочка и кака, па кога менува заби, џвака и гризе се по дома и бара постојано внимание. И да, малтезериве лаат, знам и такви што не се толку бучни, ама повеќето лаат. Имаше некоја статистика дека минатата година мислам, биле најнапуштени кучиња во Австралија токму поради лаењето (јас не би, го обожавам колку и да лае).
Заразни болести нема што се пренесуваат од куче на човек, а што ќе ги спречиш со вакцина. Болестите за кои ги вакцинираме кучињата не се пренесуваат на човек. Ти треба да си го вакцинираш секоја година и да го прочистуваш од паразити, тоа е обврска на сопственикот. И да ти го дадат прочистено, пак може да фати болви, крлежи и за сето тоа ти ќе треба да се грижиш. За лаење не сум чувала малтезер, ама од блиски што чувале, лаеле. За квалитет што праша, звучи ко чевли да одбираш, квалитет нема различен, сите кучиња се "квалитетни". Деца е убаво да растат покрај куче, ама размисли добро дали си спремна на сите обврски што доаѓаат со куче бидејќи има доста обврски затоа што треба и на кучето да му е убаво.
Па толку трае вакцината, еднаш годишно се вакцинира по правило од тие 5то валентните, иако кога ќе порасне над година веќе драстично паѓа ризик и од парво и од сите вируси, така да може и на 2 години, максимално 3, но да не поминат повеќе од 3 години меѓу една и друга. Ама одкако ќе прими вакцина на 2 месеци, па ревакцина, од ревакцината кога ќе помине 1 година обавезно. Е после тоа можеш на 2 или макс. 3
Истото што си муабетевме ви го потврдија и неколку членки на темава, особено дека второто дете ви е многу мало и уште не ќе знае како да се однесува со кученцето. А денес правев муабет со поискусен одгледувач и продавач на повеќе врсти на кучиња и порано кога сакал да посредува при купување матезери од Србија за фамилии тука не му било допуштано да продава за фамилии со мали деца. Кога го прашав зошто му одговарале од таму во Србија дека малтезерчињата се малечки и со многу осетлив коскен систем, а мало дете знае посилно да ги стегне, потскрши. И јас ве посоветував да ви потпорасне второто детенце после кученце, ви спомнав какво милениче ви е поповолно сега да земете. Јас имам малтезерче и не лае како што наведувате дека лаат многу. Лае кога сака за надвор и на друго куче ако е исплашен и се осеќа загрозено. @referentka го мијам со шампони за бело крзненце, ги има од неколку фирми по пет шоповиве и да, ставам регенератор со оглед што морам секојдневно да го расчешлам полесно да ми поминува таа процедура. Исто има добри регенератори по пет шоповите. Има и органска козметика за кученца што е и поскапа. Ама во денешно време нема што нема, само љубов, време и воља за правилна грижа се неопходни, друго се се средува и го има на понуда. Како и да е имање куче од било која раса или нерасно е одговорност и секогаш сум рекла и пак ќе повторам убаво размислување пред да се купи да не ве читаме по групите за животни по месец-два продавам куче од х причини.
Спореди ги неговите малтезери со тие што ги продаваат во (пример) Србија, па види колкава разлика има. Убаво кажаа погоре, 300е за квалитетен примерок е малку. Некој солиден просек е 700е, за тие што се стварно со расно потекло 1000-1500е. Меѓутоа штом уште од сега си со броени пари, а сигурно сакаш да ти е бело и без жолти 'солзички', тоа си повлекува квалитетни шампони и храна (“Royal Canin Maltese” 1,5кг е 1.000 ден), поубаво да почекаш некои подобри времиња.
Глупости.Колкава тоа разлика има?! Имам малтезер со педигре на родители и останатите членови во родовникот шампиони. Чинеше 250 евра. Тоа што некој штанца пари на нив не значи и квалитет на леглото. А особено во Србија. Ројал не е многу квалитетна храна. Има многу поквалитетни храни.
Токму спротивното. Јави се кај споменатиот Бубамак, има кутриња во секое време од секоја раса. Што кажува тоа? Да не почнам да зборам колкава разлика има од педигре до педигре, и кај нас општо како се добиваат. За да дојдеш до кутре од српската одгледувачница (конкретно таа што ја дадов за пример) се чека по половина година, и повеќе. Околу храна и шампони е дискутабилно, и тоа е прашање на вкус и афинитети.
Ама не спомнав педигре туку раса. Бубамак продава малтези без педигре.Ако сакаш со педигре тогаш се чека и по пола година со резервација и чини над 800 евра, со книшка ПЕДИГРИ каде се наведени и родители, дресура... Овој си продава обични малтезерчиња. Па ти дај го на дресура и напрај му педигре...носи го по изложби..и тоа спаѓа во книшката ПЕДИГРИ. Многу љубов бараат ама и многу даваат. @Idedemja на фризер го носиш?