Форумџика на годината

Малтезер и бишон

Дискусија во 'Дом' започната од Ninjasdaughter, 9 септември 2020.

  1. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    17.679
    Мојот Бишон е година ипол и никогаш не оставал влакна.
    Мислам дека не се менува влакното...
     
    На Tinche23. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    3.501
    А кој пансион е ова, ако не ти е проблем да го кажеш. И јас бев на два ума да ја оставам за да одиме на одмор, ама ја земавме со нас на 4 месеци. Супер поминавме.
    А инаку и на мојата и паѓаа влакненца минатиот месец, сега откако прв пат ја ишишав не.
    И едно прашање....на мојата само на некои места и е виткано влакното, не на цело тело. Нормално ли е? Или е некој мелез, а ја земав од позната одгледувачница и ја платив како за бишон. И педигре ми дадоа.
     
  3. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    6.151
    Пол:
    Женски
    Јас го купив од жена што има женка бишон, што ја спари само колку да роди еднаш, за да може да ја стерилизира, таткото исто така бишон, и бидејќи не и беше за пари правење го платив 200 евра, а гледам некаде одат повеќе. Кај мене пушта уште влакненца зошто ноџињата не му се до крај ишишани, можеби ич, зошто јас ну направив фризура како пудла. Има рамни влакненца само кај муцето и лицето, на друго место е виткан. Пансионот се наоѓа во Велес.
     
    На pilenka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella04

    Bella04 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2024
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.Сакам да си купам бишонче и имам веке најдено 250€ 2 месеци старо,мајка татко бишони со педигре,мислите дека цената му е малаа?
     
    На ophelia.bleu му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Teodoris

    Teodoris Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2024
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Земи го додека не ти го земале.
     
  6. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.420
    Допаѓања:
    12.131
    Пол:
    Женски
    Продавачот си ја формира цената, затоа земи си го:D
     
  7. Mariza85

    Mariza85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    335
    Пол:
    Женски
    Zemigo dodeka ne ti go zemale.jas mojot go zedov bez pedigre 200 evra a imase i 9 meseci.
     
  8. QueenK_

    QueenK_ Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2022
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Здраво, наскоро ќе имам малтезерче, не сум чувала до сега кученце па сакав чисто да прашам колку отприлика се месечните трошоци за нив? Разгледував исто каква храна треба да јаде. Тие што чувате малтезерче кои би биле вашите совети и на кои работи треба да обрнам внимание? ☺️
     
  9. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.608
    Пол:
    Женски
    Девојки, земавме малтезерче два месеци пред три дена. Кака кај стигне буквално, мочка повеќе на пеленка ама му се случува и на тепих. Да не треба песок да му купам? Како побрзо да го научам :worried:
     
  10. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.420
    Допаѓања:
    12.131
    Пол:
    Женски
    Чекај треба време и трпение, прво да ги прими сите вакцини, па после тоа ќе го изнесуваш надвор, не е мачка за во песок, ќе му земеш пелена и капки од пет шоп за да оди на неа, а потоа ќе почнеш да го вадиш надвор често, повеќе пати во денот. Не може како што сакате одма да се научи, треба месеци да поминат
     
    На Elenpelen, KiT и pilenka им се допаѓа ова.
  11. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Уште е рано, треба многу тренинг и трпение. Штом видите дека се врти во круг значи дека ќе кака и веднаш ќе го однесете на пелена. Откако ќе заврши работа ќе го пофалите и ќе му дадете награда. Ако се измочка надвор од пелена, ќе го однесеш на пелената и нежно ќе му го потурнеш главчето на мирисне дека таму треба да мочка.
    Пелената не ја менувајте премногу често за да му мириса. Кога ќе смениш пелена, капни од капките што се продаваат во пет шоп.
    Пелената секогаш да му биде на исто место, за да се научи полесно.
    Ако можеш, периодов тргни ги теписите, а пред да ги ставиш пак темелно испери ги, за да не му мириса.
    Пак ќе кажам, мора многу трпение. Јас моето куче на се го научив со упорност, доследност, награди и напуштав просторија кога правеше нешто лошо ( на пр. ме гризаше за ногавици како мало) и се враќав за кратко, за да научи дека тоа не е посакувано однесување. Никогаш не користев весник или (не дај Боже) ќотек како дисциплинска мерка.
    Имаш многу видеа на интернет, можеш да разгледаш.
    Доследноста, меѓу другото е клучна. Ако решите на пр. да не се качува на кревет, во никој случај не попушташ никогаш, под ниедни услови, зошто инаку му даваш измешани наредби.
    Исто, сѐ се учи најдобро како мало. Отварај му ја устата (секако нежно, за да можеш понатака да му миеш запчиња или да му вадиш работи од уста), чешлај го, понатаму бањај го, чисти му очиња уште од мало…
     
    На Elenpelen, KiT и pilenka им се допаѓа ова.
  12. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    3.501
    Ќе го следиш со поглед постојано, кога му се кака се врти во круг обично и после јадење секогаш кака. Го носиш на пелена и кога ќе заврши работа викаш повеќе пати браво и јас давав награда. Само трпение треба и со убаво.
    Да редактирам...мислам дека никој не спомнавме, пелената да биде ставена подалеку од храната, односно на друго место
     
    На KiT и Avery им се допаѓа ова.
  13. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.608
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за опширните одговори девојки :f::f::f:

    Инаку, знам дека треба на пеленка, некој ми предложи песок па затоа прашав. Не знаев дека треба садот од кој јаде да го тргам понастрана од пеленката. И знам дека треба трпение, ама се нервирам кога мочка наоколу бидејќи мириса, па отпосле поминувам со оцет. Инаку, за какањето приметив дека се вртка наоколу, ама он цело време и онака си душка наоколу, а постојан надзор од моја страна е невозможно бидејќи одам во смени и тоа 12-ка. Децава го гледаат кога мене ме нема дома. Ако имате уште некој совет, пишете ми бидејќи сум почетник во ова.
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  14. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.420
    Допаѓања:
    12.131
    Пол:
    Женски
    @KiT ќе биде се, моево ако беше само дома, кога ќе се покакаше си ги тркалаше гомцата и низ цела куќа наоѓавме. Мало е мора да го помини тој период, не е лесно, но потоа нема никогаш да прави грешки дома. Само трпение, и да ти е здраво и живо, нема поголем другар од него
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.608
    Пол:
    Женски
    Фала, и твоето :inlove:
    Во пет шоповите низ Куманово наоѓам само спреј за на места каде не треба да мочка. А, ми спомнавте капки кои се ставаат на пеленката каде треба да мочка. Да порачам онлајн ако не?
     
  16. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.420
    Допаѓања:
    12.131
    Пол:
    Женски
    Пробај и со спрејот иста им е намената
     
  17. Mariza85

    Mariza85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    335
    Пол:
    Женски
    Jas imam bison godina ipol e go zedov koga imase 9 meseci.ziveam vo golem stan so golema terasa sekogas vratata od kujna mi e otvorena za da izleguva da mocka na terasa.i jas odam vo smeni koga se vrakam doma znae da me kaznuva da vidam deka ima mockano vo dnevna i mnogu pati mu e zboreno i dzabe.koga se vrakam od rabita sekogas me precekuva doma ako go prasam ajde da vidime dali doma ima mocka ako se napika pod stol znam deka ima mockano a ako trca vo kujna za da dobie biskvitka znam deka nema.i toj znae deka ne e ubavo da mocka doma ama dzabe sepak me kaznuva sto postojano ne sum so nego.a dnevno po 5 pati go vadime nadvor na setanje.za kakanje ne saka na terasa saka nadvor da go iznesuvam.ama zatoa za mockanje znae ili na terasa ili doma.tepisoni ovaa godina ne staviv zaradi nego.
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.608
    Пол:
    Женски
    Спрејот е за на тепих или паркет за да не мочка таму. Мислам дека подобро е на пеленката неколку пати да капнам, отколку цел салон да прскам. Инаку, ми кажуваат дека немале ефект, па ќе видиме.
     
  19. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.420
    Допаѓања:
    12.131
    Пол:
    Женски
    Не знам, немам искуство со капки и спреј моето од сам старт одбра едно место и само таму одеше, не низ цела соба, ама гомца тркалаше секаде
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    3.501
    Спрејот е за на пелена мислам, прашај подетално дали привлекува за мочкање или одбива.
    Ако го привлекува, значи на пелена.
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.