1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Малтезер и бишон

Дискусија во 'Дом' започната од Ninjasdaughter, 9 септември 2020.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.503
    Допаѓања:
    280.013
    Хај хај
    Ме фаќа паника :)

    Треба бебе малтезер да ми дојде дома за цц 2 недели, ќе има полни 2 месеци и некој ден.

    Цел живот сум со кучиња, ама последно бебе ми беше пред 17 години и сега ме фаќа паника како ќе се снајдам :)

    Бебето нема да биде само, ќе оди со мене и на работа, првата недела од дома ќе работам, после заедно со мене :)

    Планирам да земам play pen, тоа да биде местото каде што ќе ја учам да си седи/спие додека работам или по дома нели имам работа, не ми се остава без надзор на земја ради кабли и бог знае што може да најде, дур пркне малку.

    Се мислев што основно ми треба:
    - храна (со која ги храните?), читав и некако најдобра ми личи Брит Кер Папи јагне
    - пелени (од каде купувате?) - одгледувачот веќе ги учи на пелена, дали сте користеле спреј за пелените?
    - play pen - веројатно од Тему ќе земам, малце кај нас се збеснуваат со цените за идентични
    - некои играчки, грицки - ај играчки, знам ми треба некое plush, ми требаат гумени за запчињата. Ама за грицки, какви им давате на толку мали кученца? Сакам на секое ставање во плеј пен да ја оставам со грицка, за да сфати дека таму се случуваат прекрасни работи :D
    - дали за муцка и газ од одма бањање или може влажни марамици? Страв ми е толку малечко да бањам :)

    Друга причина што сакам да ја ограничам со движење кога не можам да ја набљудувам се мачорите, тие нема да ја нападнат ама се колку три бебиња малтезери секој :D
    Плус ми се чини полесно ќе ја фаќам кога и' се мочка, ќе и' ставам пелена и во плеј пен.

    Долгорочен план е да има (посебно, на др. место) litter box, како мачкиве што имаат, ако кака мочка на шетање супер, ама сосема сум океј да си има дома свое место, сигурно нема на невреме надвор да изнесувам куче на мочање, или на -10 :)

    И други совети се добредојдени :f:
     
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.360
    Допаѓања:
    39.000
    Пол:
    Женски
    Не би знаела да ти помогнам околу хигиена и стекнување на навики, бидејќи ние нашиот бишон го зедовме голем.
    Имам сугестија околу излегувањата кои ги планираш. Нели треба да ги има примено сите вакцини (мислам три беа) пред да смее да се меша и да излегува? Внимавај на ова.
    Јас мојот бишон го хранам со Акана пацифика, ама мислам немаат за мали кучиња. Можеш Ројал канин или консултирај се со ветеринар што ќе те советува.
    Внимавај многу на исхраната, оти се склони кон алергии.
    Гуд лак и уживај ;)
     
    На Cosmic Girl, senjorita-v и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.852
    Допаѓања:
    93.759
    Пол:
    Женски
    Имам 12 год . малтезерка.
    Ќе започнам со мочањето.
    Ќе почнеш да ја учиш одма и прво на пелена.
    Нас ни беше пелената на балкон, ја вадевме на балкон сто пати дневно и научи.
    Потоа фати зима и ај во едната бања ставиме пелена и одеше таму.
    Внатре во одреден дел од дневната , не сакаше никако.
    Така кога не бевме дома балконот или бањата беа со отворена врата, сама си одеше.
    Подоцна и остана пелената на балкон.
    Надвор еден период не сакаше да оди, сакаше на пелена, дури бевме на Маврово и таму не мочаше, кога дојдовме дома на пелена се помоча.
    :D
    Малку повеќе упорност и ќе научи за брзо.
    Е сега ова плеј пен не знам што ти е, тоа е она како кафез?
    Не знам дали малтезериве се за тоа.
    Кога ја земавме нашава, една жена ми рече сте земале куче за на кревет:D
    И така беше, таа од прв ден спие со нас, кога работам во скут на столица на биро ми седи, не е одлепена од нас.
    Мислам дека е подобро само за одење во вц да и одредиш простор, зошто џабе ќе го купиш.
    Пелени купувам Слипи во Зегин( чаршави) исти се со кучешките.
    Спреј не , воопшто не сме користеле, еднаш кога ке помоча оди по мирисот.
    Бањање во почеток не често, ќе ти каже ветеринарот, од многу често бањање почнува да им мириса кожата , се изреметува пх то на кожата.
    За храна и на нас добра ни се покажа Брит-јагне и Пурина про план.
    Дававме некои витамини вомпочетокот кога растеше, ама не ми текнува кои.
    Многу приврзани кучиња се, мојава е захефтана за маж ми.|(
    Ние ја носевме секаде со нас, во пансион никогаш не сме ја оставиле.
    Од пред две год. не ја носиме на одмор на море, зошто има проблем со срцето и ми е страв на топло да ја носам па останува дома, со свекрва ми или ќерките.
     
    На Elenpelen, Cosmic Girl, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.503
    Допаѓања:
    280.013
    Фала Косми :f:

    Плеј пен ова го нарачав:
    Screenshot_20260710_203705_Temu.jpg

    Не е мало, 73х73х45 е.
    Не и' е ова за спиење или за постојано, туку на почетокот кога нема да можам да ја надгледувам, ќе има креветче, вода и пелена внатре, целта ми е во рамки на ова да научи да ја наоѓа пелената прво.
    А второ сакам да ја научам да си има свој safe space за јадење и грицки, пошто мачориве 200% ќе и' земаат од уста дур е малечка, а и ќе и' ја мочаат пелената ако ја начекаат, па ова повеќе е за неа да ја "заштитам" од нив :)

    Башка што со мене ќе оди на работа, и кога ќе е доволно голема да разбира да седи мирна ок, ама дур научи не можам да ја оставам така да скита по канц, не можам цела канц. да ја puppy proof :)

    Инаку во план ми е и долгорочно да си има пелена/litter box нејзин, во случај да истура дожд или да е -10 надвор, не ми е пресудно да мора надвор да оди за мочање/какање, него дур шетаме ако и' дојде - супер :)

    Инаку кога ќе научи ред ќе си седи со мене во канцеларија и секаде е во план да одиме заедно, макс. што би останувала сама е ако не знам, на концерт или свадба сум по неколку саати :)
     
    На Elenpelen, Cosmi и senjorita-v им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.503
    Допаѓања:
    280.013
    Па нема да излегува (освен на работа со мене што ќе оди), ама освен со мачорите дома нема со др. животни да се меша. Мачорите се 100% вакцинирани редовно.

    Фала Ана :f:
     
    На senjorita-v и An-na им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.852
    Допаѓања:
    93.759
    Пол:
    Женски
    Аааа па добро е ова за во почеток, после ке научи, умни се.
    Ние иако сме во куќа, нашава на балкон на пелена оди.
    Малку е принцеза , па не сака ако е мокра тревата, или повисока , а и нас ни одговара вака.
    Да не ја симнувам по пижами:D
    Женско или машко зема?
    Аи што убаво бебе ќе имаш, многу се златни.
     
    На CameliaMiller и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.508
    Допаѓања:
    9.944
    Пол:
    Женски
    Ние го чуваме нашето од 40-ина дена.

    Го навикнавме од почеток на пелена да моча. Пелената ја ставивме во ќош до балконската врата ама внатре е, во домот, бидејќи на почетокот тоа одеше таму да моча. Ваљда тоа место го одбра зошто балконот го гледа како надвор од домот. Во домот никогаш не моча на друго место. Исто како @Cosmi и јас купувам од Зегин или било која аптека пелени. За тоа брзо сфати, само не и за какање.
    Нашиов не сака во никој случај да кака во домот внатре па ниту на пелена, тоа надвор го прави. Еднаш имаше многу лошо време надвор и не можевме никако да го изнесеме да кака. Го фати паника, рипаше по нас, молеше, ние му покажувавме дека е во ред на пелената да кака и на крај се искака на неа ама толку беше уплашен и како покиснат беше после тоа, мислеше дека нешто многу лошо направил најверојатно. :D
    Кога беше најмал, стававме некој картони со кој му ограничувавме движење ама вршеа работа само додека не почна да станува посилен и после сегде се пикаше. Пази на безбедноста - кабли и сл. Нашиов гризаше па еден спреј купив и го испрска кабелот. После веќе и научи што не смее.. Многу се пикаше зад намештај и тоа ми беше голем проблем, сите барикади ги надминуваше да се пикне зад шкафови. Ме пукна :D
    Малтезерите се пребирливи јадачи и имаат осетлив желудник. Нашиов јаде само Ројал канин дигестив. Досега ниедна храна друга не ја прифати. Оваа храна се продава само кај ветеринар зошто содржи пробиотик, па не секоја продавница смее да ја продава. Од суплементи кога беше помал му дававме таблетки со калциум препорани од ветеринар за цврсти коски.
    Навечер бевме во вонредна состојба два месеци на почетокот, стануваше исто како мало бебе на среде ноќ да јаде, моча, игра. Живи ненаспани бевме. Дури подоцна почна да спие ноќе.

    Штом прими вакцини мешај го со други кучиња. Нашево доцна почнавме да го социјализираме и е многу див останат со други кучиња.
     
    На Cosmi, CameliaMiller и senjorita-v им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.503
    Допаѓања:
    280.013
    Фала ти :)

    Мојава ќе мора да сконта дека и мочкање и какање е ок дома, ама со оглед дека и мачориве какаат дома, ваљда ќе сфати :)

    Инаку на нив им обезбедив посебно храна и кутијата со песок, ај храната што би им ја украла, него кучиња општо сакаат да мцнат кака мачешка :x па со бејби гејт им е поделено.

    За кучиња, ако најдеме за дружба ќе ја дружам, макар во Центар на сите страни ги има, ептен мн. луѓе чуваат, па сакала - нејќела ќе се сретнуваат постојано :)
     
    На Cosmic Girl и Cosmi им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.503
    Допаѓања:
    280.013
    Женско, намерно женско.
    До сега сите животни ми беа рандом спасени од улица и сите до едно машки се погодија, реков има женска да имам КОНЕЧНО :D

    Кај ќе и' барам овде треви, нема трева :D Пелена и евентуално асфалт, тоа се изборите :D
    Башка затоа мало куче земав, да не му е пресудно да треба не знам колку да шета, а мачорите секако само дома си се, плус уште едно гомце/мочка за збирање ништо не е :D

    Читав, се мислам и неа да ја научам на литер бокс, она што е со дрвени пелети :D

    Треба да одам пак деновиве да ја видам, ќе ја сликнам, како збунет компир е :D
     
    На Cosmic Girl и Cosmi им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.852
    Допаѓања:
    93.759
    Пол:
    Женски
    Сликни ја следно да ја видиме:inlove:
    Име и смисли?
    Ме враќаш назад , колку бевме возбудени кога ја земавме нашава, не спиевме:inlove:
    Мојава при 300 квадрати двор, на пелена си бира да мочка.:rock:
    Ако има кал или вода некаде надвор , заобиколува, не сака да стапне.
    И вода не сака, џабе по езера и мориња ја носевме.
    И на песок не сакаше.:emo:
    Ах да знаеш колкави размажотки се.:l:
     
    На CameliaMiller и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.503
    Допаѓања:
    280.013
    Нека е размажотка, јас така си ги чувам сите животни :D Мачориве салама, туна, чисто месо варено да им дадеш, се грозат, зрно ако им падне од тањирче не го јадат, абе :D Така си ги тинтрам и таа така ќе е тинтрана :)

    Инаку име - Мави, на турски "сино". Сакав морско име :D

    Јас не да сум возбудена... последно ново куче имав на 18 години, сега 35 имам :D Само наоѓам нешто да puppy proof дома, еве сега сфатив дека играчкиве на мачкиве се со ѕвончиња, па еве немаат веќе ѕвончиња да не ги голтне :D Кабли, бејби гејтови, ма све сме опремени :D
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.852
    Допаѓања:
    93.759
    Пол:
    Женски
    Мојата ѕверка инаку не гризеше ништо, ни кабли ни влечки ама затоа крадеше кармини.
    Еве после тоа како изгледаше
    IMG_4689.jpeg