Како ќе му направиш педигре ако нема? Педигрето или родовник е документ со податоци за потеклото на кучето, родители, прародители и нивни успеси и квалитети. Ако го купиш кучето без педигре не можеш да го носиш по изложби, немаш право на тоа, тоа е прв документ потребен за учество на изложба. Педигре може да му направи само одгледувачот, а истото го издава Кинолошки сојуз на Македонија или КС на државата од која го купуваш.
Сега со Косили. Зашто е мало и да речам "голо", нема толку коса. Ова како прва помош, зашто се искака и седна на гомцето па немав време да барам шампони. А ќе мора да се купи...ако сакам да личи на нешто.
Го даваш на дресура и нега кај лица со лиценца. Малку такви има кај нас. Добива Сертификат кутрето. Сето тоа чини и пари и време и нерви, и од страна гледано некако ми е малтретирање.
На нас затоа ни го поклонија Биглот, не можел да извади педигре. Искрено, не ми треба. Само сакам да знам дали можам пасош да вадам? Јас куче си зедов за да си расте со нас, не ми е за изложби. Затоа и не ми беше битно, ама сакам да го вадам од државата. Што ми треба и колку чини постапката?
Пасош можеш. Кај ветеринарот-вакцини ќе стави,ќе ги запише, ќе залепи како стикер лепенка дека е чипирано и добиваш пасош. Е сеа колку чини ..незнам точно, зашто една по една вакцина...чипот е 800 денари..
Го зеде веќе? Дај да го видиме. Полека полека и јас ќе го убедам маж да си земеме малтезер. Све мислам до НГ ќе имам дома едно
Услов за вадење на пасош е примена вакцина против беснило и чипирање на миленикот. Без разлика дали се работи за расно, мешанче, секое милениче се чипира и за тоа добиваш пасош. Кога беше на почетокот, јас само вакцината ја платив 600 ден, другото беше финансирано од државата. Како и да е, две работи се, кои се услов за пасош, а тоа се чип и вакцина против беснило. Не би требало повеќе од 1000 ден да кошта, ама вакцината е 600 ден сигурно.
Да, еве на листа на чекање сме и за фризерај Минатата недела сакав да му закажам за почеток на ноември, а таму термини да ти имале од почеток на декември, па држ не дај отворија нов за мојов палавко некаде по 20ти ноември. Искусни се и извежбани и изгледа пола град кај нив средува миленичиња
Првите три вакцини, автоматски со првата вакцина му вадат пасош, потоа вакцина за беснило и чип и тоа е се што треба за носење во странство. И јас за истово се распрашував од исти причини. За педигре, кога ќе се родат малите одгледувачот треба да пријави во Кинолошки сојуз и на лице место да дојде лице за увид и да евидентира ново легло, ама со оглед на корона ситуацијава ретко кој вика за евиденција и како што следам повеќево новородени кутренца се без педигре што и не е голем проблем. Јас лично не купив од одгледувачница, туку од домашно легло чувани со многу мерак и љубов, второ легло и толку следно стерилизација на женката. Мала раса се малтезерите и често имаат тежок пораѓај во кој се случува загуба на малечките или па мора и на царски рез кај ветеринар да се закаже. Друго цените на кучињата во одгледувачниците во Србија и Бугарија( за овде имам гледано во живо) се тие знаете зошто, зошто за да одржат чистота и задршка на тие јаки гени ги парат на пример леглото на дедото со леглото внуци мали кученца, што често доведува до ескпресија на два исти рецесивни гени и доведува до пократок животен век кај кученцата и пројава на низа болести. Е сега не се сите такви, меѓу новите кутренца ќе се погоди и некое што ќе ги има само најпозитивните и најпожелни карактеристики на родителите, ама за едно такво колку други се раѓаат со дефекти. Ако купувате од странство само од проверени луѓе и одгледувачници барајте, зошто има многу измами и ситуации со кучето со кои подоцна ќе се соочите, а тогаш е касно за било што. Сведено е на суров бизнис со животите на најмилите наши, домашни миленици. И кај нас е дојдено до тоа дереџе, така да бирајте од каде купувате, има луѓе кои само за профит штанцаат легло по легло, здраво ли е тоа? Треба ли таа женка да закрепне. да ојача по бременост за нова или треба само да раѓа и раѓа до бескрај и изнемоштеност?
Во просек од 1000-1200 денари, иако најдов на едно место и упола поевтино доколку ти си го искапеш од дома и само на шишање го носиш. Друго преку дружба и муабет со лица кои чуваат долго време матезерчиња ми велат сами ги шишаат со машинка, ама мене тоа ми делува на виша математика сега за сега
Јас за бањање така учев, како се држи, шампонира, па кондиционер, се има на јутјубов да не ти се верува, дури и за сечење нокти видеа како, ама за тоа јас си барав увид во живо, на ветеринар па ме научија. За шишање немам искуство и толку самодоверба сама да го стилизирам, само пред некој ден втор пат го шишнав околу очињата и на муцето за да гледа подобро
Сакам да појаснам нешто околу педигрињата, за да нема измамени купувачи Педигрето е документ со кое се докажува потеклото на кучето, т.е. неговите предци неколку генерации наназад, и нивните титули. Се користи при парење, за да не се случи инцест. За да добиете педигре, треба двата родители на кутрето да имаат педигриња и да се позитивно оценети на изложба или со вонредно оценување. Кога ќе добие легло, одгледувачот е должен да повика кинолошки судија (се плаќа околу 20еур), кој ќе направи увид на леглото - број на живи/мртви, машки/женски кутриња, и после со тој документ поднесуваат барање до КСМ за да издадат педигриња за малите кутриња (20 еур по кутре). Муабети од типот: "ќе извадиш кога сакаш", "мајката или таткото нема,ама не е проблем ќе извадиме", "го чекам педигрето, ќе ти го дадам дополнителнп" е чиста ИЗМАМА. Ако веќе сакате да чувате расно куче,погрижете се кога ќе го зимате кутрето да добиете педигре, во спротивно не добивате расно кутре за и вие утре ако сакате да го парите да можете да извадите педигре за следните генерации. Тоа е како да купувате кола без сообраќајна. Ова е единствен начин како се вади педигре, сите други лиценци итн се кучкарски измами. Дресурата нема врска со педигрето, може мешанец да освои agility или ipo или било каков натпревар за дресура. Расно куче се купува за да бидете сигурни дека ќе добиете слични физички и карактерни особини како што е опишано во FCI стандардот за расата
Фала за објаснувањето. Логички е да е така како што пишуваш. Во нашата држава каде еден обичен шампон Хед енд Шолдерс е фалсификат и чини 200 дена, што очекуваш за ваков бизнис. Ама криво ми е за кученцата, се тргува со живи суштества.
Не знам дали во оваа тема читав дека во БубаМак ги чуваат кучињата посебно, дома на топло, не биле во кафези едно врз друго, со квалитетна храна ги хранеле... Нема врска... Секое возрасно куче им е во посебен бокс надвор во двор (сигурно од практични причини, да не се спарат и сл), новородените кучиња ги чуваат во една мала просторија до боксовите во дворот, климатизирана е, ама кученцата се во 2 кафези едно врз друго. Ти го даваат кученцето на 40 дена бањато , затоа што во спротивни ќе ти мириса на гомца. Ти даваат едно ќесенце со Ројал канин храна колку за два дена, што покажува дека кутрето на 40 дена веќе е навикнато на сува храна, во превод прерано одвоено од мајчино млеко, за мајката да не се истошти и да биде спремна да роди после следен циклус. Може малтезерчињата им се ок, ама без грижа на совест можам да ги наречам ШТАНЦЕРИ НА КУЧИЊА чисто само и само за профит.
и јас сакав истово да го напишам, ама си викам ај. Кога видов по 10 кученца во двор во жичана ограда ми се стемни. А реално ги продаваат 50тина евра поскапо од другиве, ама откако го шетам во парк моево налетав на многу нивни кученца, Скопје е преплавено со нивни кученца, кои вака на прв поглед навистина одлично изгледаат. Оваа приказна е со повеќето одгледувачници кои се фокусирани на правење брзи пари, затоа има во мене револт против нив и ваквите бизниси, напишав погоре.